MKD-Negative-impact-of-personality-defects-in-ones-personality-on-spiritual-practice---landin---Copy

1. Негативното влијание на недостатоците на карактерот кај една личност во духовната пракса

Постои една изрека во древните текстови која вели дека:

Умот е одговорен и за човековото врзување и за негово конечно ослободување од циклусот на раѓање и умирање или среќа и несреќа.

Како што видовме во претходните поглавја, недостатоците на карактерот на една личност се одговорни за несреќа, додека неговите квалитети придонесуваат за негова среќа и задоволство. Недостатоците на карактерот и квалитетите на една личност, исто така, влијаат и на општеството, особено ако лицето е на позиција да влијае на општеството. Денес, со популарноста на интернетот и социјалните мрежи, обемот на тоа како една личност може да влијае на другите низ светот, драматично се зголеми. Недостатоците на карактерот обично резултирааат во задавање несреќа на едно лице, а исто така и на другите луѓе, и исто така, го искривува нечиј став кон животот. Сепак, за разлика од само задавање несреќа, постојат и духовни последици од недостатоците на карактерот. Да погледнеме што му се случува на еден трагач кој се обидува да практикува духовност, но има многу недостатоци на карактерот.

  1. Недостаток на концентрација: Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го препорачува Патот на милоста на Гуруто кој има осум чекори во духовна пракса. Иако, пеењето на Божјото Име е основата на овој духовен пат, станува тешко да се создаде центар на пеаницата (центар на посветеност) во потсвесниот ум, бидејќи потсвесниот ум е веќе полн со недостатоци на карактерот и его. Поради разни недостатоци на карактерот, еден трагач не е во можност да се концентрира на пеаницата која тој ја пее. Всушност, поради недостатоците на карактерот, на лицето му е тешко да се концентрира на било кој тип на духовна пракса.
  2. Не може да се спои со Бога: Крајната цел на духовната пракса е спојување со Бога. Сепак, исто како што нафтата не може да се меша со водата, поради инхерентно различни својства, исто така, за оној кој има многу недостатоци на карактерот, не е возможно да се спои со Бога кој е беспрекорен и највиртуозен.
  3. Нема задоволство од духовната пракса: Трагачот којшто има многу недостатоци на карактерот и високо его, никогаш нема да може да добие задоволство од духовната пракса, бидејќи неговиот негативен темперамент секогаш ќе го попречува.
  4. Под контрола на негативни енергии: Таквиот трагач може многу лесно да биде под влијание, па дури и контролиран од страна на негативните енергии од духовната димензија, бидејќи тие ги искористуваат неговите разни недостатоци на карактерот и егото.
  5. Намален капацитет за духовна пракса: Грешки направени од страна на трагачот поради неговите недостатоци на карактерот и егото, ја намалуваат енергијата здобиена преку духовната пракса, и неговиот капацитет и ефикасност, исто така, се намалуваат.

2. Приоритетот на отстранување на недостатоците на карактерот во духовна пракса

Поради сите горенаведени причини, трагачите со многу недостатоци на карактерот не напредуваат и се заглавуваат во циклусот на раѓање и умирање.

Поради оваа причина Неговата Светост Др. Аатвле, го нуди следново насочување:

“Со цел духовно да се напредува” од суштинско значење е да се искоренат недостатоците на карактерот и егото, без разлика на тоа кој пат трагачот го следи, како што се Патот на Акција (Кармајога), Патот на Посветеност (Бактијога), Патот на Знаење (Нијанјога), Патот на Строга Ригорозност (Хатајога), Патот на Кундалини (Кундалинијога), итн. Луѓето во претходните ери на Сатјајуга, Третајуга и Двапарјуга, релативно имале многу помалку недостатоци на карактерот и его. Во сегашната ера – Калијуга, повеќето луѓе не напредуваат духовно поради нивните сериозни недостатоци на карактерот и егото. Затоа, трагачот било кој духовен пат да следи, мора да даде значење на искоренување на неговите недостатоци на карактерот и егото”.

– (Параптар Гуру) Др. Ѓајант Атавле
(28 мај 2015 година)

Осумте чекори на духовна пракса, според Патот на Милоста на Гуруто вклучуваат:

  1. Отстранување на недостатоците на карактерот
  2. Сатсева: Служење на Апсолутната Вистина
  3. Наам: Пеење на Божјото Име
  4. Сатсанг: Да се биде во друштво на Апсолутната Вистина
  5. Тјаг: Жртвување за да се достигне Бога
  6. Прити: Духовна љубов за сите
  7. Бавјаргути: Будење духовна емоција
  8. Отстранување на егото

До сега, за почетниците беше дадена поголема важност на “Пеење на Божјото Име – Наам”, “Сатсанг”, и “Сатсева” од осумте чекори на духовна пракса. Меѓутоа, сега според времето и сфаќањето колку е важно да се искоренат недостатоците на карактерот и егото, трагачите треба да се обидат да преземат духовна пракса во следниов редослед, “искоренување на недостатоците на карактерот”, “сатсева”, “пеење на Божјото Име”, “сатсанг”, “тјаг”, “прити”, “будење духовна емоција” и “отстранување на егото”. Кога еден трагач искрено и сериозно ќе преземе “отстранување на недостатоците на каркатерот” и “отстранување на егото” како духовна пракса, заедно со другите форми на духовна пракса, брзиот духовен раст е загаранитарн.