1. Способноста наспроти неспособноста да се справиме со стресот
Во овој дел, за подобро да илустрираме како ние се справуваме со стресот, прикажавме две слики. На сликата која следува е прикажан човек кој носи четири големи товари.
Секоја од вреќите кои човекот ги носи се однесува на следниве проблеми во животот:
- Ќерката ги запоставува студиите
- Кавги со сопругата
- Болен син
- Финансиски потешкотии
Потсвесниот ум може да поднесе анксиозност само до одреден степен. Тоа зависи од количеството, интензитетот и времетраењето на проблемите со кои се соочуваме. Како што е прикажано во сликата 1А, ова лице е во состојба да го одржи својот однос, и покрај количината на проблеми со кои тоа во моментов се соочува.
- Ќерката ги запоставува студиите
- Кавги со сопругата
- Болен син
- Финансиски потешкотии
- Сламата којашто го скрши грбот на камилата – Стагнирање / Губење на мобилноста
Како што е прикажано во втората слика 1Б, кога анксиозноста ќе се зголеми над лицето, поради дополнителните проблеми како што се стагнирање, тогаш клиничка манифестација на стрес станува очигледна. Овде ‘стагнирањето’ станува пословичната ‘слама којашто го скрши грбот на камилата’, и така туркајќи го лицето во негативна состојба на умот, како што е депресија. Настанот којшто се покажува како последната пословична слама, може да варира од личност до личност, зависно од нивниот карактер. Тоа може да биде нешто поголемо како што е стагнирање, или нешто помало како што е губење на мобилноста. И двата настани можат да го доведат лицето до точка на пресвртница, и на тој начин да го турнат во состојба на депресија. Посматрачот може да помисли реакцијата е непропорционална со настанот. Меѓутоа, она што тие не го гледаат е серијата на настани и раслојувањето на проблемите кои настанале пред да настане ‘пукање’, кое конечно го турнало лицето во депресија.
2. Што влијае на нашата способност да се справиме со стресот во животот?
Капацитетот на едно лице да се соочи со анксиозност, зависи од тоа колкава количина на енергија е расположлива да се соочи со стресот. Количината расположлива ментална енергија е помала кога се присутни непожелни недостатоци на карактерот (лични дефекти) и незавршена работа.
- Недостатоци на карактерот како што споменавме порано, се карактеристики како лутина, страв, мрзливост, неопределен, лажење и да се биде песимист. Таквите непожелни карактеристики ги консумираат нашите мисли во текот на денот, ограбувајќи ја нашата ментална енергија.
- Недовршена работа се однесува на непријатни инциденти во минатото, поради кои едно лице се уште е страшливо и кои кај лицето предизвикуваат анксиозност. На пример, кога еден студент ќе падне на испит, тоа кај него предизвикало тешка анксиозност и депресија. Лицето се сеќава како во тој момент тоа патело и се плаши дека во случај повторно да падне во животот, ќе мора да пати како во минатото. Така неговиот ум продолжува да биде оптоварен со недовршена работа. Недовршената работа, исто така, го условува умот да реагира на стресот и животниот замор на одреден начин. Земајќи го истиот пример, паѓањето на испит, кое резултирало во депресија може да го услови едно лице да реагира на падот како и во други области на животот исто така, во форма како што е станување депресивен или станување зависник. Имајќи долга листа на работи кои треба да се завршат во текот на денот, исто така може да биде причина за замор и може да додаде на недовршената работа.
Значи, кога се присутни многу недостатоци на карактерот и некои недовршени работи, поголема количина менталана енергија се користи за да се неутрализира анксиозноста предизвикана од непожелните квалитети и недовршената работа. Како резултат на тоа, во различни луѓе, различно количество на енергија е достапна да се соочи со истиот стрес. Затоа неспособноста на едно лице да се справи со стресот во животот и причините за неговата несреќа, воглавном произлегуваат од основните непожелни квалитети на неговиот карактер, и анксиозноста предизвикана поради инциденти во минатото или недовршени работи.
3. Карактерот како причина за стресот
Друга важна точка која мора да се признае е дека ситуацијата сама по себе никогаш не е стресна; зависи од начинот на кој едно лице ја гледа. Начинот на кој лицето гледа на ситуацијата зависи од неговиот карактер, присуствување на забава е настан каде повеќето луѓе уживаат, но за резервирана личност, присуствувањето на забави станува стресен настан. Во следната табела се дадени неколку примери за тоа како непожелните квалитети на карактерот прават една ситуација да биде стресна.
1. Недостаток на самодовербаОдење на интервју за работа, ситуација на работа која е и предизвик
Непожелен недостаток на карактерот | Ситуација која станува извор на стресс |
---|---|
2. Сентименталност | Губење на прстен подарен од нечија баба |
3. Срамежливост | Зборување со личност од спротивен пол |
4. Емоционалност/Очекување | Спор со членови на семејството или блиски пријатели |
Дефинитивно, луѓе со помалку недостатоци на карактерот и помало его се во состојба подобро да се справат со стресни ситуации од повисоко ниво. Спротивно на ова, луѓето со многу недостатоци на карактерот имаат тенденција порано да достигнат точка на ‘пукање’ со било која форма на стрес.