Усогласување на пеењето со дишењето

1. Вовед

Фондацијата за истражување базирана на духовната наука (SSRF) препорачува пеење (повторување) на Божјото Име како основа на духовната пракса. Со усогласување на пеењето на Божјото Име со дишењето, се стекнуваат голем број на придобивки и се подига квалитетот на пеењето како форма на духовната пракса.

2. Ефект од усогласувањето на пеењето со дишењето

Следат чекорите кои постепено ги воведуваме во духовната пракса на пеење како духовно растеме и нивната важност:

Аспект на пеење Значење
Само пеење на Божјото Име 10%
Пеење комбинирано со дишењето 30%
Концентрација само на дишење1 50%
Корист од пеењето 2
На пример духовно искуство на духовна емоција (бав),
Божествена Свесност (Чаитанија),
Блаженство (Ананда) и Спокој (Шанти)
70%
Доживување само на сопственото постоење и тоа како одделен од Бога 90%
Доживување дека сме едно со Бога 100%

Фусноти:

  • Потребно е да одиме кон тоа да го надминеме само физичкиот аспект на пеење на Божјото Име.
  • Како што се види, како духовно растеме така искуствата од нашата духовна пракса стануваат се по возвишени. Во основа, како растеме духовно почнуваме да се концентрираме на се посуптилните аспекти на Божјото Име.

3. Кои се придобивките од усогласувањето на пеењето со дишењето?

3.1 Намалување на негативните мисли

Во денешно време е присутен пораст на раѓа-тама суптилните компоненти во животната средина. Една од причините за тоа е ниското просечно духовно ниво на човештвото во денешната ера. Луѓето кај кои доминира раѓа-тама компонентата воглавно имаат многу непожелни мисли како што се мислите на лутина, љубомора, лакомост, итн. Тие мисли колективно ја загадуваат околината на суптилно недопирливо ниво.

Овие непожелни мисли и вибрации влегуваат во нас на суптилно ниво по пат на нашето вдишување и не дестабилизираат на психолошко ниво. Кога го усогласиме нашето дишење, се спротивставуваме на влегувањето на непожелните мисли од околината.

Како резултат на тоа човекот доживува смиреност на умот, ги намалува желбите, го подобрува менталното здравје и Блаженството (нај возвишената состојба на трајна среќа) се достигнува многу бргу.

3.2 Живвеење во сегашноста

Нашите мисли речиси постојано се вртат околу нешто што има врска со нашето минато, или со иднината. Воглавно тоа го зголемува бројот на новите сродни мисли, а тоа само го зајакнува нашиот фокус и врзаност за петте сетила, умот и интелектот. На пример, човек би можел да биде во стрес поради испитот кој следи. Или поради некое болно искуство од минатото.

Еден од аспектите на духовниот раст е да се остави се, што подразбира да го заборавиме нашето минато, да престанеме да се грижиме за иднината и живееме во сегашноста обидувајќи се да го спознаеме Бога. На највисоко ниво на духовниот развој човек има доживување дека не постои нешто што се вика време и дека постои единствено Бог. Не постои минатото ниту иднината и човекот доживува дека е едно со Бога цело време.

Фокусирајќи се на комбинацијата пеење со дишење човекот се вежба да живее во сегашно време.

3.3 Континуитет во пеењето на Божјото Име

Како што нашето дишење се случува постојано во текот на денот, со комбинацијата пеење со дишење, се подобрува нашето пеење.

За возврат тоа ни помага:

  • Да се сетиме на Бога повеќепати во текот на денот.
  • Да доживееме повеќе Божја енергија

3.4 Прочистување на просторот

Кога го издишуваме воздухот повторувајќи го Божјото Име, духовно ја прочистуваме околината.

4. Предлози за усогласување на пеењето со дишењето

Дишете нормално, а потоа пробајте да го усогласите повторувањето на Божјото Име со вдишувањето и издишувањето.

Човек останува во живот поради дишењето, а не поради Името. Затоа, важно е да се концентрираме на дишењето и го синхронизираме пеењето на Името со него. Дишењето не треба да го усогласуваме со брзината на пеењето.

4.1 Пример на пеење усогласено со дишењето

Следува графикон на усогласување на пеењето на Името на различни аспекти на Бога со дишењето. Прикажано е кој дел од Името треба да се повторува за време на вдишувањето, а кој за време на издишувањето.

Examples of Coordination of chanting and breath