Како е можно да го пееме Божјото Име додека вршиме секојдневни активности како што се работа во канцеларија или разговор?

Кога ќе почнеме да го пееме Божјото Име, ни се чини дека навистина треба да се бориме како би се сконцентрирале на повторување на Божјото Име. Во многу случаи, во почетните фази треба да застанаме додека работиме нешто, и намерно да пееме држејќи мала (бројаница). Во тој момент ни се чини незамисливо ако некој ни каже дека е можно да се пее додека се извршуваат сите активности во текот на денот, вклучувајќи и додека имаме разговор. Нашата концентранција тогаш би изгледала едно-димензионална а кога станува збор за пеењето на Божјото Име, ќе треба да избереме помеѓу пеење на Божјото Име и вршење на било која световна активност. 

Меѓутоа, факт е дека кога духовно растеме, нашето пеење станува посуптилно и поквалитетно. Станувајќи посуптилно, мислиме на тоа дека се случува на подлабоко ниво во нашата свест. На повисоки нивоа во праксата на пеењето, исто така, можеме да пееме додека обавуваме физички и ментални активности. Да погледнеме како тоа може да се случи.

Секој од нас може да го фокусира своето внимание на осум работи истовремено. Овие осум точки на концентрација се преку сетилните органи (уши, кожа, очи, јазик и нос што се наведени како надворешни сетилни органи), свесниот ум, под-свесниот ум (чита) и интелектот (овие три се внатрешните сетилни органи). Органите ги извршуваат своите соодветни функции. Во нашиот секојдневен живот, обавуваме многу комплексни активности истовремено вклучувајќи (користејќи) ги овие осум точки на концентрација. Замислете човек кој преминува улица. Додека ја преминува улицата, тој може истовремено да внимава на семафорите, ги слуша сите возила, го осеќа мирисот на околината, осеќа дали е топло или ладно, се впушта во разговор со некој пријател или колега, итн. Додатно, тој, исто така, размислува за разни работи и донесува одлуки како, колку брзо тој треба да оди, во која насока треба да оди и дали ќе стигне на време, итн. На овој начин, секој поединец поседува осумкратна концентрација во потсвесниот ум.

Кога почнеме да пееме чинот на пеењето е ограничен само на свесниот ум. Во оваа фаза наоѓаме дека е многу тешко да обавуваме повеќе работи додека пееме. Кога ќе ја продлабочиме нашата духовна пракса на пеење, создаваме нова импресија на пеење во нашиот потсвесен ум. Оваа импресија се развива во центар, исто познат како центар на Богољубие. Како што центарот на Богољубие се развива во нашиот потсвесен ум, почнува да зрачи мисли за пеење.

MKD_M_Devotion-center

Ве молиме прочитајте го нашиот напис: Како пеењето го прочистува нашиот ум и создавање центар на Богољубие?

Кога центарот на Богољубие покрие повеќе од 50% од потсвесниот ум, пеењето на Божјото Име се случува на потсвесвно ниво. Ова обично се случува на духовно ниво од 50%.

Значи, ако се вратиме на нашето претходно разбирање дека постои осумкратна концентрација, можеме да обавуваме многу задачи со сите други сетилни органи, додека во потсвесниот ум се случува пеење на Божјото Име. Затоа, дури и додека нашата уста и интелект се ангажирани во разговор, во потсвесниот ум се случуваа пеење иако тоа не е физички видливо за надворешниот свет. Во лицето кое пее на ова ниво постои благо сеќавање на Бога во се што прави.

Оваа фаза на пеење може само да се случи ако пееме редовно за некое време. Колку брзо ќе ја достигнеме оваа фаза ќе зависи од:

  1. Нашата желба духовно да напредуваме,
  2. Квантиетот, како и квалитетот на пеењето и
  3. дали нашето пеење е надополнето со други аспекти на духовна пракса како:
    • Престој во друштво со други трагачи (сатсанг)
    • Вршење (обавување) некоја служба на Бога, како што е работата за ширење на Духовноста (сатсева)