Што се тоа заслуги и гревови?

1. Вовед

Нашите дела во секојдневниот живот имаат за последица или стекнување на заслуги, или стварање гревови. Заслугите и гревовите одредуваат дали и колку ќе бидеме во состојба на среќа, или страдање. Затоа е важно да знаеме како да ги избегнеме делата кои ствараат грев. Иако повеќето луѓе сака среќен живот, оние кои сакаат да напредуваат духовно можеби сакаат да знаат дека ни заслугите не се пожелни за сите кои сакаат да го спознаат Бога.

2. Дефиниција на заслугите и гревовите

Заслугата е последица на добрите дела кои човекот ги прави и затоа доживува среќа. Со заслугата се стекнува посебна енергија или способност која настанува со водење на праведен живот. На пример, помош на пријателите со совет или парично се ствара заслуга. Праведноста и праведниот живот се опишуваат до детали во многу Свети списи. Стварањето заслуги придонесува за благосостојба на другите. На пример, кога некој дава прилози на фондацијата за борба против ракот, многу пациенти кои боледуваат од рак имаат корист од тоа, а оној кој прави такво дело стекнува заслуги.

Гревот е последица на некое лошо дело и донесува страдање. Гревот ствара дело кое доведува до нечие пропаѓање. Гравовите се ствараат кога човекот работи нешто против Законот на природата и Бога. На пример, кога некој ги измами купувачите на пазарот, ствара грев. Гревот се ствара и кога лицето не ги врши своите должности, на пример, кога родителот не се грижи за своите деца, или кога лекарот не се грижи за своите пациенти.

Со заслугите и гревовите се соочуваме или во сегашниот живот, или во животот после смртта, или во некој од наредните животи.

Заслугите и гревовите по својата природа се посуптилни од сметките на земање и давање. Посуптилни се, затоа што на пример полесно е да се разбере механизмот на сметката на земање и давање во рамката на едно семејство, но многу е потешко да сфатиме зошто некој навредил потполно непознато лице.

3. Причини за стекнување на заслуги и гревови

Постојат бројни причини за стекнување на заслуги, а најчести се:

  • Правење на добри дела
  • Водење на праведен живот во согласност со Светите списи
  • Жртвување поради нечија духовна пракса. На пример, кога снаата земе годишен одмор или неплатено отсуство и го преземе врз себе водењето на домаќинството за да нејзината свекрва може да оди на аџилак. Во тој случај, половината од заслугите стекнати од одењето на аџилак ќе ги добие снаата, а половината свекрвата. Меѓутоа, кога и да е можно треба да го избегнуваме вршењето на духовна пракса потпирајќи се на другите.

Причини за стекнување на гревови:

  • Себичност и желби во форма на бес, алчност и зависности кои го наведуваат лицето да направи грев
  • Неморал или суровост
  • Неучтивост кон просјакот
  • Кога се јаде месо, или пијат алкохолни пијалаци
  • Продавање забранета роба, не враќање на долговите, вршење на работи и плаќање ’на црно’, коцкање
  • Лажно сведочење или лажни обвиненија
  • Кражба
  • Прељуба, инцест, силување, итн.
  • Насилство
  • Убивање животни
  • Самоубиство
  • Несоодвето трошење, или проневера на имот кој припаѓа на Бога, на верскиот храм или духовната организација, итн.
  • Адвокатите прават грев кога невистината ја претстават како вистина и обратно
  • Кога сопругот не ја спречи сопругата да направи грев и тој учествува во нејзиниот грев
  • Сопругата прави грев кога ги прифаќа и троши парите кои нејзиниот сопруг ги стекнал на неправеден начин, иако е свесна за тоа
  • Доколку сме поврзани со грешникот една година, стануваме соучесник во неговите гревови

4. Последици од заслугите и гревовите

4.1 Последиците од заслугите е состојба на среќа

Сразмерно на количината од заслугите, лицето доживува состојба од среќа на Земјата (Булока). Стекнувањето на заслуги поради добрите дела со очекување за време на животот на Земјата, лицето доживува рајска среќа (Сваргалока).

  • Се раѓа во богато и културно семејство
  • Имотот е постојано во пораст
  • Доживува световни задоволства
  • Исполнување на желбите
  • Добро здравје
  • Пофалби и признаниа во општеството, некои организации, или во државниот апарат
  • Духовен напредок
  • Среќа во рајот после смртта

Раѓањето во човечко тело, раѓање во семејство со угледно потекло, богатство, долговечност, здраво тело, добри пријатели, добар син, внимателен брачен партнер кој го сака својот брачен партнер, љубов кон Бога, интелигенција, љубезност, победа над желбите и давање на прилози на оние кои го заслужуваат тоа – сето тоа не е можно да се стекне без заслуги од минатите животи. Кога сето тоа го има лицето ја користи предноста од тоа, а кога врши духовна пракса напредува духовно.

Како се зголемуваат колективните заслуги на народот, тој се истакнува по својата филозофија и однесување и станува напреден.

4.2 Последици на гревовите е страдање

Тоа е обработено во нашиот напис за Последици од правењето на гревови.

5. Како се стекнуваат заслугите и гревовите

За да се разбере стекнувањето на заслуга или на грев, потребно е да ја разбереме намерата со која правиме некое дело. Тоа ќе биде појасно кога се проучи следнава табела во која преку неколку примери е прикажана намерата при стекнувањето на пари и намерата при неговото трошење. Тежината на гревот или заслугата кои се стекнуваат со тоа се дадени со секој пример.

6. Ограничувања во врска со стекнувањето заслуги

Кога размислуваме за заслугите од духовен агол, тогаш постојат одредени ограничувања за духовниот раст кои ги ствара стекнувањето на заслугите.

6.1 Последиците од стекнувањето на заслугите мораат да се доживеат

Животот полн со заслуги доведува до тоа да лицето отиде во Рајот и таму да ја доживее среќата поради стекнатите заслуги. Кога еднаш тие заслуги се исцрпат лицето поново мора да се роди на Земјата во следниот живот. Така и заслугите претставуваат спрега, те. врзуваат за циклусот на раѓање и умирање. Само духовната пракса може да не одведе до Конечното ослободување (Мокша).

6.2 Проживувањео на среќата од заслугите на крајот се исцрпува

Како секој момент доживеаната среќа ги исцрпува залихите од заслугите, треба да се вложува труд поново да се стекнат заслуги. Тоа се постигнува или со добри и праведни дела, или со духовна пракса. Разликата е меѓутоа во тоа дека добрите и праведни дела ствараат среќа, а духовната пракса доведува до духовен напредок, односно до доживување на Блаженство, кое е надвор од доменот на заслугите и гревовите, како и радоста и тагата. Среќата во тој случај се доживува повеќе како ’нус-производ’.

7. Заклучок за заслугите и гревовите

Разбирањето на принципот на заслугите и гревовите и колку се длабоки и долги последиците за нас ни помага правилно да ги насочиме своите дела. Но да се ослободиме и од заслугите и гревовите, неопходно е да вршиме духовна пракса.

“Ниту заслугите со својата природа не спасуваат, ниту гревовите со својата природа не уништуваат. Само духовната емоција (Бав) со својата природа не спасува.“ – Неговата Светост Кане Махараѓ, Нарајангаон, Пуне, Махараштра, Индија.