Влијание на Месечината врз луѓето – духовна перспектива

1. Вовед

Во текот на изминатите децении, се објавени многу научни истражувања, кои зборуваат во прилог на влијанието на Месечината на човечкото однесување и против него. Истражувањата ги имаат анализирано зголемената активност на умот, зголемените посети на општите или психијатриските медицински установи и поплаки на луѓето за зачестените физички и психички проблеми.

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го истражи влијанието на Месечината врз човечкото однесување со употреба на истражувачки методи засновани на духовната наука. Одговорот од духовното истражување што го спроведовме за да го утврдиме влијанието на Месечината на човечкото однесување беше потврден – Месечината има влијание врз луѓето. Во продолжение се прикажани разни аспекти како Месечината влијае на нашите животи.

2. Влијание на Месечината на суптилно (невидливо) ниво

Сите објекти, вклучувајќи ги ѕвездите, планетите и сателитите, заедно со своите материјални (видливи) карактеристики емитуваат суптилни (невидливи) фреквенции. Тие физички карактеристики влијаат врз нас во различни степени на физичко и суптилно ниво.

Фреквенциите што ги емитува Месечината влијаат на нашето ментално тело те. на човечкиот ум. Под ’ум’ мислиме на нашите мисли, емоции и желби. Умот се состои од свесен и потсвесен ум. Во потсвесниот ум има втиснати многу импресии кои ја одредуваат нашата основна природа и посебност. Ние меѓутоа не сме свесни за мислите и импресиите во нашиот потсвесен ум. Овие импресии се собрани во текот на многу минати животи.

Овие импресии во нашиот ум се катализатор за сите наши мисли и акции кои произлегуваат од нив. Импресиите и нашите мисли емитуваат сопствени суптилни фреквенции.

Прочитајте го написот: ’Како импресиите во нашиот ум влијаат на нашето однесување’.

 

Фреквенциите на Месечината се малку посуптилни од суптилните фреквенции на нашите мисли, но се помалку суптилни од фреквенциите на импресиите од нашиот потсвесен ум. Фреквенциите можат да влијаат на фреквенциите на мислите од потсвесните импресии да испливаат во свесниот ум. Кога се во свесниот ум, ние стануваме свесни за нив. Според тоа, лицето ќе биде под влијание на доминантните импресии во својот потсвесен ум. Ова ќе го објасниме подетално во следниот дел.

Месечината на сличен начин влијае и на умот на животните. Со оглед дека потсвесниот ум на животните се состои од импресии кои се однесуваат само на основните желби како што се гладот, размножувањето, спиењето итн. зголемените мисли се однесуваат само на овие основни инстинкти.

3. Влијание на Месечината засновано на осветлувањето или фазите на Месечината

Во фаза на млада Месечина, неосветлената фаза, темната страна на Месечината е свртена кон Земјата. Тама емитува раѓатама преовладувачки фреквенции. Тогаш кон Земјата се емитуваат повеќе суптилни раѓа-тама фреквенции отколку кога е свртена осветлената страна кон Земјата.

Ве молиме да го прочитате написот ’Сатва, раѓа и тама’ кој зборува за трите основни суптилни компоненти на креацијата.

Наспроти тоа, кај полната Месечина влијанието на раѓа-тама фреквенциите е намалено поради зголеменото осветлување. Кај полната Месечина, со оглед дека фреквенциите на месечината се зголемени, забележана е зголемена активност на умот, како што е објаснето во точката под број 2. Зависно од видот на импресиите кои се активни во потсвесниот ум, зголемената активност може да варира од зголемени мисли без некој ред до зголемени ментални активности со специфични мисли.

На пример: Писателот фокусиран на пишување книги ќе има зголемена активност на мисли кои се однесуваат на книгата и креативноста во пишувањето. Овој вид на мисли ќе се појавува од неговиот центар за талент. Можеби ќе открие дека може повеќе да пишува на денот на полна Месечина.

За повеќето луѓе мислите се без некој ред. Ако лицето има повеќе доминантни лични маани како што се лутењето, алчноста, итн. тогаш и тие мисли можат да излезат на површина и ќе доминираат со нашите мисли преку овој период. На пример, алкохоличарот ќе има повеќе мисли за потреба од алкохол на тој ден.

Исто така можно е да пробудиме мисли за Духовноста, кои неактивни лежат во потсвесниот ум на духовното лице, и така што ќе ја искористи зголемената активност на умот и зголеми духовната пракса на денот на полна Месечина.

4. Влијание на Месечината засновано на гравитациското привлекување

Кога Месечината е полна или млада, гравитациските сили на привлекување на Месечината и Сонцето се здружени. Месечината со својата гравитациска сила влијае на Земјата и во другите денови, но не толку силно како на денот на полна или млада Месечина.

Да претпоставиме дека мораме длабоко да вдишеме. Количината на воздухот кој го вдишеме преку устата е трипати поголема отколку кај нормалното вдишување. Ова можеме да го споредиме со месечината и нејзиното влијание на Земјата. Неколку дена за време на полната или младата Месечина целата месечина ја влече Земјата и влијае на неа, како кај порано наведениот пример, како да зема длабок здив. Откривме дека од Земјата кон Месечината привлечена кружната атмосфера е три пати поголема од Месечината.

Во деновите на полна и млада Месечина, Апсолутните космички елементи на Зејата како што се Апсолутната Земја, Апсолутната Вода и Апсолутниот Воздух се привлечени кон Месечината. Ова создава вид на појас со висок притисок.

Во овој процес на физичко ниво кога водата е привлечена кон Месечината, гасовитите елементи на водата (водената пара) се издигнат над водата и влегуваат во суптилниот појас со високиот притисок. Со оглед дека доминантната форма на негативните енергии е гасовита тие исто така се привлечени во суптиниот појас. Овде се здружуваат и ја зголемуваат силата меѓусебно. Значи, за време на овие денови вршат зголемено влијание врз човештвото. Резултатот од тоа е дека влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) врз човештвото на физичко и ментално ниво може да биде дури и три пати посилно.

Во SSRF ширум светот е забележано зголемено влијание на негативните енергии и суптилен негативен притисок во деновите на полна и млада Месечина. Почнува два дена пред и се завршува два дена после полната и младата Месечина.

5. Полна и млада Месечина – последици од нивното зголемено влијание

Во деновите на младата Месечина, негативните енергии во кои преовладува раѓа и тама компонентата, луѓето кои се занимаваат со окултни обреди како и луѓето во кои преовладуваат раѓа и тама, се под силно влијание на Месечината и тогаш добиваат црна енергија  за своите раѓатама активности. Со оглед дека тој ден е поволен за негативни активности, се смета дека е неповолен за позитивни активности. Месечевата раѓатама влијае на умот, па зачестеноста со раѓатама тенденцијата како што е бегањето, самоубиството, или опседнатоста од духовите е најголема на денот на млада Месечина. Поради тоа што ноќе природното прочистување на елементот на Апсолутниот космички Оган преку сонцето е отсутно, ноќта за време на младата Месечина е поволна можност за духовите да предизвикаат проблеми на луѓето.

На денот на полна Месечина, со оглед дека осветлената страна на Месечината е свртена кон Земјата, во споредба со другите ноќи, се емитува минимална количина на суптилната раѓа-тама. Исто така минималната раѓатама  енергија е достапна за духовите, претежно за раѓатама луѓето и оние кои се занимаваат со окултни обреди. Меѓутоа, негативните енергии ја користат гравитациската привлечна сила на полната Месечина и предизвикуваат зголемување на проблемите.

Духовното истражување значи, откри дека постојат фини разлики помеѓу влијанието на младата и полната Месечина врз човекот. Попречувањата повеќе се присутни на денот на младата месечина, отколку на денот на полната Месечина. Штетното влијание на полната Месечина повеќе делува на физичкото тело, додека попречувањата што ги предизвикува младата Месечина се повеќе насочени кон умот. Влијанието на полната месечина е повеќе видлив, додека влијанието на младата месечина е повеќе суптилно (невидливо). Со оглед дека влијанието на младата месечина не е толку воочливо, со тоа е многу повеќе опасно, затоа што човекот не е свесен за влијанието, па не презема потребни чекори за да го надмине.

Влијанието на младата Месечина е многу помалку воочливо и нејзиното влијание е многу поголемо. Причината за тоа е во фактот дека на денот на младата Месечина влијанието е повеќе од суптилна природа, додека кај влијанието на полната Месечина човекот е свесен за зголемените мисли.

Трагачите кои вршат многу духовна пракса според шесте основни принципи на духовната пракса се претежно со сатвик природа. Резултатот од тоа е дека тие луѓе се почувствителни за раѓатама во околината за разлика од просечните луѓе кај кои преовладува самата раѓатама компонента. Предност на трагачите по Бога е во тоа што имаат повеќе знаење како да дојдат до Божјата заштита од негативните енергии. Прочитајте го написот ’Колку духовното ниво ја обезбедува заштитната обвивка од влијанието на негативните енергии?’

6. Зошто сите неодамнешни истражувања не можат да пронајдат доказ за влијанието на Месечината врз човечкото однесување?

Некои минати медицинско / психолошки истражувања го документирале влијанието на Месечината на човечкото однесување. Истражувањата спроведени во минатите години не ги поврзале тие влијаниа. Причината за тоа е што во последните десет години има зголемено влијание на целокупната раѓа-тама на елементите во светот. Зголемувањето на раѓа-тама елементите пред се го создаваат духовите (негативните енергии).

Прочитајте го написот за: ’Доброто и злото – вечна борба’.

Ова севкупно зголемување на раѓатама елементите има широко влијание на сите случувања во светот. Проблемите ги опфаќаат порастот на менталните проблеми на поединецот, пораст на семејните недоразбирања, тероризмот и природните катастрофи. Како резултат на вкупното зголемување на ненормалното однесување во текот на месецот, дополнителното влијание на младата и полната Месечина, кои во голема мерка се присутни, поминува незабележано во статистичките извештаи.

7. Што можеме да направиме за да се заштитиме од секое штетно влијание?

Со оглед дека штетните влијаниа на младата и полната Месечина се од духовна природа, само духовните мерки и духовната пракса можат да ни помогнат да се заштитиме.

Гледано од световен агол, во овие денови е најдобро да избегнуваме донесување на важни одлуки или купопродажби, со оглед дека духовите можат да влијаат на нас преку овие ситуации. Зголемете ја квалитативно и квантитативно духовната пракса, 2 дена пред и 2 дена после младата и полната Месечина. Исто така е важно да го пеете Божјото Име според религијата на раѓање и пеницата за заштита Шри Гурудев Дата.

Фо фазите помеѓу полната и младата Месечина, кога големината на месечината значајно се намалува, основните суптилни раѓа-тама фреквенции кои ги емитува Месечината прогресивно растат. Тоа е поради тоа што темната страна на Месечината прогресивно расте. Значи, за да се заштитиме од неповолните влијаниа на раѓа-тамата, важно е да ја зголемиме духовната пракса во овој период.

Во фазата на растот на месечината, треба да пробаме да вложуваме постојан зголемен труд кој сме го вложувале во претходните 14 дена, така да повторно да го обновиме нашиот труд и да ја зголемиме духовната пракса кај следната фаза на намалување на Месечината.