Механизмот зад духовно исцелувачките методи – духовни исцелители

1. Вовед во духовни исцелители

Овој напис е продолжение на написот “Како делуваат методите на духовно исцелување со помош на предмети.

Изворот на ова знаење содржано во овој напис е резултат на духовно истражување.

За да едно лице да би можело да биде духовен исцелител, би требало да биде на духовно ниво од над 50%, иако е пожелно да биде над 60% духовно ниво. Постојат одредени случаи каде лицето дури и со помало духовно ниво може да исцелува, а во овој напис ќе ги појасниме критериумите потребни за тоа. Ќе го објасниме основниот механизам за тоа како едно лице може да им пружи оздравување на другите. Овој напис содржи важни информации, како за исцелителите, така и за лицата кои имаат потреба од исцелување.

2. Важноста на духовното ниво на исцелителот

Духовно ниво: Ако земеме дека духовното ниво на лицето кое го спознало Бога е 100%, тогаш вообичаеното духовно ниво на просечниот човек во денешно време е 20%. Дури 70% од светската популација е под нивото од 35%. Минималното духовно ниво потребно едно лице да стане Светец е 70%.

Духовното ниво на еден духовен исцелител е сезначаен аспект со кој се дефинира:

  • колку тие се способни да лечат или исцелуваат други
  • кои методи на исцелување можат да ги користат и,
  • до кои видиови на Универзална енергија имаат пристап

3. Аналогија за тоа како духовен исцелител лечи пациент

Ова ќе се обидеме да го објасниме во форма на едноставна аналогија преку палење на светлото. Првиот чекор при вклучувањето сијалица е притискање на соодветниот прекинувач да би се запалила сијалицата. Струјата понатаму тече низ жицата и сијалицата почнува да свети. Во зависност од тоа која сијалица сакаме да ја запалиме, потребно е да го притиснеме и соодветниот прекинувач. Слично на тоа, во духовното исцелување, различни методи на исцелување имаат различни ефекти во зависност од нивото на позитивна енергија. Во сите случаи крајниот резултат на исцелување (т.е. сијалицата која свети) е добиен преку петте Апсолутни Космички Принципи (Панчататва).

02-MKD-Mechanismof-Healing

Овде “прекинувачот” користен од исцелителите се однсува на методите како што се пеењетомолитва реики, исцелување со прана, одлука и присуство Во зависност од неговата или нејзината духовна способност, еден исцелител може да пристапи до различни “прекинувачи” и да пренесе енергија на пациентот или лицето на кое му е потребно исцелување.

4. Важноста на духовното ниво на исцелителот (жицата)

Го споредивме овој аспект на духовно ниво со капацитетот на духовниот исцелител да пристапи или да канализира различни нивоа на Универзална енергија.

Како луѓе, ние сме составени од физичко тело (кое ги вклучува и петте сетила), витално тело (прана-деха), умот, интелектот, суптилното его и Душата. Умот е центар на емоции и мисли, додека интелектот е центарот на расудување или причинско-последична поврзаност меѓу настаните. Секое од овие тела е посуптилно (нематеријално) од другото. Ве молиме погледнете го написот “Од што се состојат човечките суштества?“.

Како што растеме духовно преку духовна пракса, така почнуваат да се разградуваат и нашите пет сетила, ум и интелект. Со ова мислиме на тоа дека почнуваме да ги насочуваме нашите напори и размислувања кон реализација или спојување со Бога. Со овој процес можеме да го надминеме нашиот индивидуален ум и интелект и на тој начин да стекнеме способност да добиеме можност да пристапиме до Универзалниот Ум и Интелект. Во дијаграмот подолу, прикажавме во пресек духовен поглед на душата (атма) или Божјиот принцип во нас, која со соодветна духовна пракса почнува да блеска. Како резултат на тоа, усвојуваме Божествени квалитети како што се љубов без очекување за другите (прити), понизност, и смалување на егото.

2-MKD_Evolution

Од гледна точка на духовен исцелител, значајно е тоа што неговите или нејзините различни тела или обвивки почнуваат да се разградуваат со обавувањето духовна пракса. Исцелителот добива пристап до повисоки и повисоки нивоа на Универзална енергија.

Препорачливо е поединецот да има минимално духовно ниво од најмалку 50%, се цел да практикува исцелување. Ова е затоа што на ова духовно ниво лицето почнува да добива пристап до универзалните енергии, кои можат да се користат во исцелувањето. Меѓутоа, пожелно е духовно ниво од 60%, затоа што на ова духовно ниво умот на трагачот започнува да се разградува. Затоа тој подобро може да ја разбере суптилната причина на духовниот проблем, и исто така да пристапи во вишите нивоа на духовна заштита.

Следнава табела дава информации за способноста да се пристапи до манифестирана и не-манифестирана Божја енергија, во зависност од нечие духовно ниво. Не-манифестирана Божја енергија е посилна.

Духовно ниво Манифестирана (сагун) енергија Не-манифестирана (ниргун) енергија
60% 100 0
70% (Почетно ниво на Светец) 70 30
80% 50 50
90% 20 80
100% 0 100

Во почетокот, било која способност на исцелување се јавува како резултат на пристапот до манифестирана (сагун) форма на Божјата енергија. Како што умот, интелектот и егото на едно лице продолжува да се разградува поради се повисоки и повиски нивоа на духовна пракса, тоа добива се поголем пристап до Божјата енергија која е не-манифестирана (ниргун). На духовно ниво од 90%, оваа не-манифестирана енергија овозможува исцелување до неограничено ниво.

Исцелување од страна на Светци на ниво на одлука и присуство се врши само според Божјата волја. Бидејќи разградување на различни суптилни тела во голема мера се одвивале во еден Светец, Тој е во состојба да ги разбере Божјите мисли и да дејствува во согласност со нив.

Ве молиме погледнете ги написите Механизам на делување на одлуките како моќ на Универзумот и Хиерархија на моќта во Универзумот.

5. Ризици при исцелување кај нижите духовни нивоа

Ако едно лице има голема желба може да врши духовно исцелување и на духовно ниво од 40%. Меѓутоа, лицата на ова духовно ниво се способни да ги исцелат влијаниата на духовите од нижите нивоа кои влијаат врз други лица. Покрај ваквата ограничена способност, постојат сериозни опасности при обидот да се исцелуваат други луѓе, кога исцелителот е на ниско духовно ниво.

  • Лицето што исцелува, може да падне под влијание од духовните попречувања од страна на лицето кое се обидува да се лекува.
  • Ако лицето кое се исцелува е опседнато од ентитет од повисоките нивоа, тогаш тој ентитет може сериозно да реагира против исцелителот. Како резултат на тоа исцелителот може да биде погоден.
  • Исто така, на нижи духовни нивоа исцелителите имаат ограничена духовна енергија, па им е потребно повеќе време да го надминам нападот на суптилно ниво и исцелат.
  • Резултатите од исцелувањето можат да бидат под очекувањата, а со тоа се смалува и верата во исцелувањето. Како резултат на тоа пациентот може да пати од депресија, бидејќи исцелувањето не се одвива според очекувањата.
  • На нижи духовни нивоа, егото кај исцелителите најверојатно ќе се зголеми, што е многу штетно  од духовна гледна точка. Негативните енергии можат да ги искористат високите нивоа на его во еден исцелител да влијаат врз него или да го опседнат.
  • Ако лицето исцелува заради световно признание, исто така, со време може да стане мета на негативните енергии.

Исцелителите кои се духовно позитивни обавуваат исцелување несебично без фокус на материјална добивка. Од друга страна, исцелителите кои имаат високо его и исцелуваат за слава и пари, неизбежно биваат опседнати од негативни енергии.

Како по правило, 30% од исцелителите се духовно позитивни, додека 70% се под влијаниа на негативни енергии.

Извор: духовно истражување на SSRF

6. Во колкав процент овие три начини можат да исцелат во однос на проблемите на една личност поради судбината?

Трите начини на кои мислиме се:

  1. Исцелување преку неживи објекти
  2. Исцелување преку луѓе (исцелители)
  3. Исцелување преку Светци

Во зависност од судбината на едно лице, лицето доживува различни колични на среќа и тага во животот. Како што споменавме порано, сигурен начин да се надмине судбината или барем да се намали болката предизвикана од неа, е практикување Духовност во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

Следнава табела дава преглед на интензитетот на проблемите со кои луѓето се соочуваат во животот и како трите начини на исцелување (преку објекти, луѓе и Светци) можат да помогнат во ублажување на проблемот.

Проблеми во животот и начини на духовно исцелување

Мал Умерен Тежок
Проблеми во животот
Ако интензитетот е мал, умерен и тежок? 10% 40% 70%1
% на светското население со проблеми според интензитетот во 2006-та година 30% 60% 10%
Како може духовното исцелување да помогне?
Исцелување преку неживи објекти 30% 10%2 10%
Исцелување преки луѓе 50% 30% 30%
Исцелување преку Светци 70% 50% 50%

Фусноти:
1. 100% се однесуваат на проблемите кои предизвикуваат прерана смрт
2. Како пример за тоа како да ја читаме оваа табела, само 10% од проблемите со умерен интензитет може да се исцелат со помош на неживи објекти

7. Кои се важните фактори да се добие пристап до духовните енергии

  • Главниот одлучувачки фактор за тоа дали едно лице има способност да исцелува зависи од неговото духовно ниво. Луѓето со повисоки духовни нивоа имаат поголема способност да исцелуваат духовно.
  • Редовната духовна пракса го зголемува духовното ниво на една личност. Духовното ниво на една личност може да се должи на духовната пракса обавувана во овој или претходните животи.
  • Желбата на исцелителот да исцелува е секундарен фактор кој помага да се зголеми неговата способност да исцелува.

Ве молиме прочитајте го следниот напис на оваа тема – Како духовниот исцелител треба да постапува при исцелувањето?