Анализа на случајот – Заштита од тешка судбина

SSRF ги објавува овие студии од случајот со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и на своја одговорност.

Резиме

Судбината е моќен духовен фактор кој раководи со нашите животи и е корен на причините на поголемиот дел на среќата и несреќата во животот. Судбината е дел од нашиот живот кој е предодреден од заслугите и гревовите од нашите претходни животи. Во просек 65% од животните настани се судбински одредени. Благата судбина може да биде надмината со средно интензивна духовна пракса; средно тешка судбина со интензивна духовна пракса, а тешката судбина може да биде надмината само со милоста на возвишениот духовен учител (Гуруто).

Ве молиме прочитајте го написот, ’Што е судбина а што слободна волја?

1. Вовед

Господинот Арвинд Такар, магистер по менаџмент бил на висока позиција во позната индиска компанија. Работел како консултант по менаџмент и држел предавања од оваа област на студентите на универзитетот. За време на минатите 14 години се посветил на духовната пракса под водство на SSRF. Во продолжение е неговата лична приказна за судбински предодредениот настан во кој за малку да почине, но е спасен благодарејќи на духовната пракса што ја вршел.

2. Предвидување на астрологот

Пријателот на 30. март 1988. година ме одведе кај познат астролог. Тогаш имав 28 години. Астрологот ме изненади со тоа што точно ми раскажа неколку минати настани од мојот живот. Помеѓу останатото, предвиде многу мрачен период во блиска иднина, но одби да ми ги каже деталите. Ми рече, меѓутоа, дека никогаш не треба да бидам во група од троица луѓе и дека животот ќе ми заврши пред да наполнам 35 години. Објасни дека може прецизно да го види моето минато на основа на научното читање на мојата судбина во согласност со Астрологијата. Некое време во себе бунтував поради овие зли сомнежи.

3. Средба со Неговата Светост Др. Атавле

Набрзо после венчавањето, во март 1991. година, мојата сопруга Др. Аша и ја, ја имавме таа среќа во нашите животи да влезе Неговата Светост Др. Атавле. Аша, која е лекар специјалист по психијатрија, сакаше повеќе да научи за одредени техники по авто-хипнотерапија во кои Др. Атавле бил пионер и со кои ги подучувал другите доктори ширум Индија.

4. Влијание на Неговата Светост Др. Атавле на нашите животи

Тој не воведе во пеењето (повторувањето) на Името на моето семејно Божество, концепт кој не ми беше познат од порано. Веднаш го применивме, во пракса и во тоа бевме упорни. Тој не охрабри и да го посетиме и побараме благослов од Неговиот Гуру, Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ. Отприлика во исто време, Неговата Светост Др. Атавле започна со Своите работилници за Духовната наука во Гоја, Индија, и ние почнавме редовно да ги посетуваме. Имавме среќа да добиеме можност да и служиме на вистината како дел од нашата духовна пракса.

За време на тој период, мојата работа процвета. Пред тоа имаше периоди кога едвај успевав да поврзам крај со крај. Изгледаше, меѓутоа, дека над целото нашо семејство има темен облак. Моите два браќа и нивните жени, како и Аша и ја продолживме да се соочуваме со многу лични проблеми. Тука спаѓаа брачните расправии, налети на депресија и алкохолизам, спонтани абортуси, мисли за самоубиство и финансиски загуби. Преку работилниците за Духовноста сфативме дека овие потешкотии ги ствараат суптилните тела на нашите преминати предци.

Опстојавме во нашата духовна пракса и посетите на работилниците на Неговата Светост Др. Атавле кога и да доаѓаше Тој од Мумбаја во Гоа. Неговото водство не поврза нас трагачите, го поправи квалитетот на нашите животи и не зацврсти секој од нас лично. Во јули 1993. година Неговата Светост Др. Атавле требаше да одржи предавање во Гоа, во Даворлим. Ова предавање се одржа во храмот на Божеството Дата.

(Божеството Дата е аспект на Бога кој нас, покрај останатите функции во Универзумот, не штити од животните проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Ве молиме да го прочитате написот за проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.)

Неговата Светост Др. Атавле се погрижи и мојата мајка да дојде на предавањето и да даде дарови на Божеството Дата. Неговата Светост Др. Атавле исто така не посоветува да изведеме два ритуали под имињата Нарајан Нагбаљ и Трипинди Шрада, кои се изведуваат за да се отстранат проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Овој ритуал се користи и да им помогне на суптилните тела на нашите преминати предци да го продолжат своето патување после смртта. Др. Атавле ни рече дека е важно целото семејство, а посебно моите родители, да учествуваат во ритуалот за да имаат најголема корист. Остатокот од семејството не беше посебно отворен за било какви духовни совети од страна на SSRF. Затоа тоа го направивме со нивна дозвола, но без никакво нивно физичко присуство.

Во ноќта на 13. Август 1993. година за време на пеењето на Името на нашето семејно Божество, Божицата Амба, имав најневеројатно искуство. Имав визија на Божицата Амба во будна состојба. Почувствував дека телото исчезнува и дека околу него се создава заштитна обвивка, почнувајќи од стапалата. Божицата Амба ја држеше мојата глава додека солзите ми течеа неконтролирано – не знаев зошто. (Подоцна научив дека солзите биле знак за моите разбудени духовни емоции.) Наредниот ден кога ова му го раскажав на Неговата Светост Дг. Атавле, Тој рече дека тоа е добро искуство!

(Духовната емоција е позитивно духовно искуството во кое го чувствуваме присуството на Бога и може да се манифестира на различни начини, од кои еден може да биде кога ни течат ладни солзи)

5. Судбински настан

На мојот помлад брат Санѓаи (тогаш стар 31 година) на 16. Август 1993 година пред неговата куќа во Маргао, Гоа, му го украдоа автомобилот. После неколку дена, на 23. Август 1993. година примив телефонски повик во кој дознав дека автомобилот е лоциран во една работилница за поправка на автомобили во Даворлим, Гоа. Еден по еден, сите троица браќа (Санѓаи, Ѓаидип и ја) стигнавме во работилницата во Даворлин. Мојот најмлад брат Ѓаидип тогаш имаше 29 години. Неполн час по доаѓањето не нападна добро организирана банда наоружана со стапови, ножеви и друго оружје.

Бандата веќе подолго време има оперирано од тоа место. Под заштита на некои локални политичари и полицајци, во оваа работилница на старите украдени автомобили од Јужна Гоа ги преправале фабричките броеви и ги фарбале во друга боја. Во бандата имаше и неколку преплашени гангстери од Мумбаја. Тие се уплашија дека нивната мрежа е разоткриена.

Во нападот кој следуваше, Ѓаидип и јас бевме сурово претепани. Голема група на луѓе застана и гледа како не тепаат, но никој не ни помогна. Санѓај појде за Маргао во полициската станица да тражи помош. Додека ме напаѓаа, нешто од внатре ми тече да го повторувам (пеам) Името на моето семејно Божество. Од моментот кога започна пеењето секој удар се помалку ме болеше. Имав чувство: ’Го тепате моето тело, не мене!’ Додека телото го разоруваше болка, чуствував дека јас не сум тело.

Кога телото ми стана млитаво, гангстерите ме подигнаа и пробаа да ми го скршат рбетот, така што поново и поново силно ме удираа со дрвен стап. Кога помислиа дека сум мртов, ме фрлија во една вдлабнатина и продолжија да го тепаат Ѓаидип. Додека лежев во вдлабнатината, иако не чувствував дека телото ми е живо, можев да видам се што се случува околу мене. А го слушав само пеењето од внатре.

Во меѓувреме се врати Санѓаи, но полицијата не дојде со него. Ме извлече од таму и ме однесе во една куќа во близината, веднаш пред оној храм на божеството Дата! Кога Санѓаи се врати да го спаси Ѓаидип и него го нападнаа брутално. Обајцата мои браќа починаа од последиците од овој напад. Мене ме одведоа во болницата во Маргао. Едвај да бев жив и бев во таква критична состојба да болницата во Маргао, после прелиминарните тестови и прегледи, предложи да ме префрлат во државната болница на Медицинскиот факултет Гоа, во Бомболино кој се наоѓа 30 км подалеку, затоа што тие не можеа ништо да направат. Пред да стигне болничкиот автомобил на итната помош во болницата на Медицинскиот факултет Гоа, еден од докторите (поврзан со SSRF) го повика Неговата Светост Др. Атавле и Го извести што се случи. Тој рекол да не се грижам и да ги замоли докторите да продолжат со соодветната терапија.

Друга трагачка од SSRF која го вршеше својот стаж во болницата на медицинскиот факултет таа ноќ беше на работа. Подоцна се присетила дека ништо во нејзиното медицинско образование не ја подготвило за глетката што ја видела заедно со тимот на лекари дотрчала во итен прием да ми помогне. Моето тело беше толку искинато и скршено да неможе човек да ме препознае.

Во меѓувреме, во неговата куќа која тогаш се наоѓаше во Мумбај, Неговата Светост Др. Атавле влегол во медитативна состојба. Останал во медитација се додека мене ургентно ме згрижуваа во Гоа (ова ни го раскажаа трагачите кои тогаш биле со Него).

6. Чудесно исцелување

Во продолжение се наведени некои настани кои го обележаа мојот процес на закрепнување од повредите.

  • Во болницата во Маргао докторите виделе дека имам скршеници на главата, но кога лекарите во болницата во Гоа направиле рендгенска снимка, скршеници немало
  • За време на општиот преглед, лекарите во Гоа сметале дека повредите се такви да упатуваат на повеќекратни скршеници, но рендгенските снимки на повредите покажаа нормална коскена структура.
  • Лекарите на Медицинскиот факултет беа изненадени од брзината на моето закрепнување – обично за исцелување на модринките како што беа моите е потребно неколку месеци, додека неколку недели е потребно кожата пак да добие нормална боја, но во мојот случај модринките избледија после 3 дена.
  • Четвртиот ден ми рекоа дека браќата се починати, а мене ме отпуштија од болницата. До колата ме превезоа во инвалидска количка. Кога стигнав во Маргао можев да се качам по скалите до нашиот стан. Деканот на Медицинскиот факултет во Гоа тогаш рече дека, ако некогаш видел чудо, тоа заправо се случило – пациентот за кого мислеа дека нема да преживее, со повеќекратни скршеници, си појде дома четвртиот ден!

(Чудесно исцелување се случило благодарејќи и на Арвиндовата духовна пракса.)

Суптилното читање на овој настан кои го имаат изведено трагачите од SSRF по пат на нивното развиени шесто сетило откри дека сум доживеал ’Акал мритју јог’ што значи можна смрт.

(Во сите наши животи датумот и времето на смртта се предодредени. Тоа е финална смрт и никој не може да и побегне. Некои од нас во своите животи имаме периоди во кои, поради нашата судбина, постои можност да умреме. Ова го викаме ’Акал мритју јог’ односно ’можна смрт’. Во зависност од нашата духовна пракса и благословот од Светците можеме да бидеме поштедени од оваа тешка судбина. Во Арвиндовиот случај, тој беше поштеден од можната смрт поради својата духовна пракса.)

Откриено е и дека благодарејќи на придобивките од ритуалите кои се направени, за да се отстранат проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци, намалено е попречувањето од предците. Поради тоа интензитетот на болките кои сите тројца браќа ги чувствуваме беше многу помал – ако нормален човек би чувствувал 100% болка, во нашите случаи интензитетот беше намален на 20%. Толку беше значаен ритуалот (Нарајан Нагбали и Трипинди Шрада) кои ги направивме за предците.

7. Три значајни разговори поврзани со овој настан

  • Неговата Светост Кане Махарѓ, Светец од Индија, неколку дена пред инцидентот и рекол на трагачите во SSRF дека ќе ни се случи големо страдање кое ќе ја поткопа машата вера во Бога. Кога овој трагач тоа му го пренел на Неговата Светост Др. Атавле, Тој одговорил: “Ајде да видиме кој е посилен – Бога или злото!“

  • Кога некои трагачи го прашале Неговата Светост Др. Атавле за тоа како сум згрижен во болницата на медицинскиот факултет, Тој одговорил: “Зарем Оној кој го заштитил Арвинд за време на нападот нема да го заштити и во болницата!“

  • После две недели Неговата Светост Др, Атавле дојде да ги посети нашите родители. Мојата мајка Га го праша дали јас ќе бидам безбеден и дали ќе бидам добро. Тој рече: “Арвинд е безбеден.“

Кога Неговата Светост Др, Атавле следниот пат дојде во нашиот дом во Гоа, ни рече дека семејството ќе го погоди уште една смрт. Некое време нагаѓавме за што може да се работи. Тогаш на 18. Септември 1993. година Ашиниот татко, кој многу го сакаше Ѓаидип, почина од масивен инфаркт. Никогаш порано не се жалеше на слични проблеми.

Таа годима моите родители размислуваа за тоа да се убијат, но моќна сила продолжи да ги одржува и спречува во таа намера.

Во 1996 година се преселивме во нашиот нов стан. Пред самото преселување во станот беше осветена скулптура на семејното Божество. Целото семејство почна да го пее (повторува) Името на семејното Божество и Името на Божеството Дата. Од тогаш, животот имаше вообичаени осцилации, но за време на секоја од нив – било да беше нагоре или надолу, јасно ја гледавме Божјата рака која секогаш не смируваше.

Тринаесет години после од овој инцидент, покрај изместеното рамо, деформираноста на коските, анкилозираниот спондилитис и другите заболувања кои се последици на траумите кои ги добив тогаш, со Неговата милост и понатаму можам да вршам служење на Вистината, како нормален човек.

(Кога ја имаме милоста на духовно возвишено лице, имаме и моќна заштитна обвивка против тешката судбина како и средства со кои можеме да ја надминеме.)