SSRF советува продолжување на конвенционалните медицински третмани, заедно со духовно исцелувачки мерки за третман на физичките и психичките болести.
На читателите им се препорачува да применат било кои духовно исцелувачки мерки по своја проценка.
Факторите кои влијаат на ефективноста на духовно исцелувачките мерки се различни и зависат од многу аспекти. Интеракцијата помеѓу овие различни аспекти е комплексна и клучниот основен фактор во ефективноста на духовното исцелување е квалитетот на лицето и квантитетот на духовна пракса. Само лице со високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција (ESP), те. духовно восприемање, всушност може да ја разбере улогата на секои од овие аспекти и проблеми на едно лице.
Следниве се некои од тие различни аспекти:
Кои се факторите коишто влијаат на духовното исцелување |
---|
1. Лицето кое има проблем |
2. Предизвикувачки фактор т.е. вистинската духовна причина |
3. Настанатиот проблем |
4. Средството кое се употребува за духовно исцелување |
5. Духовниот исцелител |
Содржина
1. Лицето кое има проблем
A. Судбината на лицето
Брзината и степенот на проблемот на едно лице за да се исцели, зависи од тоа дали проблемот е последица на блага, средна или тешка судбина. Во случај на тешка судбина каде што едно лицето мора да боледува за одреден период, опседнатото лице можеби нема да ја добие мислата да се обрати за духовно исцелување на прво место, или може да биде недостапно за него. Дури и ако на тоа лице му се каже, тоа може да биде тврдоглаво и да вели дека не верува во тоа. Погледнете во табелата за влијанието на судбината на едно лице и можноста за исцелување преку различни методи на исцелување.
Б. Духовна праска и духовното ниво на лицето
Духовното ниво на едно лице и духовната пракса која ја извршува, се еден од најважните фактори во одлучувањето, колкава заштита од Бога едно лице може да добие. Дури и ако духовното ниво на лицето е ниско, Бог му помага да го надмине проблемот доколку желбата за Богоспознание е голема, затоа што тоа може да стане пречка за неговата духовна пракса. Под надминување на судбината, мислиме проблемот да биде трајно отстранет или неговото дејство да се намали, или лицето добие сила да го поднесе и така се изолира од него.
Оние меѓу нас кои вршат духовна пракса:
- Која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста и
- кои се трудат прогресивно да ја зголемат нивната духовна пракса
имаат подобри шанси да добијат побрзо, во потполност и трајни придобивки од духовно исцелувачките мерки.
В. Верба во духовно исцелувачките мерки
Оние кои имаат верба во духовно исцелувачките мерки, придобиваат побрзо и поцелосно од оние со помалку верба, или оние кои воопшто не веруваат во духовно исцелувачките мерки. Сепак, и оние кои немаат верба придобиваат од духовно исцелувачките мерки, ако не целосно.
Г. Редовност и интензитет на вршење духовна пракса
Редовноста и со каков интензитет се врши духовната пракса одлучува за брзината на исцелувањето.
Д. Како научно или прецизно се применува духовно исцелувачката мерка
Доколку духовно исцелувачка мерка не е применета во духовно коректна форма, ефективноста ќе се намали, или дури може да стане незначителна. Ова ја нагласува важноста за проучување на духовната наука зад духовно исцелувачките мерки и нивна адекватна употреба.
Ѓ. Колку брзо се применува духовно исцелувачката мерка откако еден ќе го воочи проблемот
Што побргу ќе се примени духовно исцелувачката мерка ,откако еден ќе воочи дека коренот на проблемот потекнува од духовната димензија, толку ќе бидат подобри резултатите.
Е. Дали духовно исцелувачката мерка е применета на своја одговорност или под водство на Светец.
Истата духовно исцелувачка мерка придонесува за подобри резултати ако е препорачана од страна на Светец, отколку применета на своја одговорност. Ова е затоа што кога е препорачана од страна на Светец, неговата одлука стои зад духовно исцелувачката мерка. Исто така доколку Светец препорача одредена мерка, ставајќи ја во пракса веднаш откако ќе биде препорачана има големо влијание на крајниот исход.
Ж. Обвивка од црна енергија околу лицето кое има проблем
Колку е поголема обвивката од црна енергија околу лицето, толку подолго ќе и треба на духовно исцелувачката мерка да даде резултати. Всушност духовно исцелувачка мерка веднаш влијае и ја намалува обвивката од црна енергија околу лицето, со цел ефектот од духовно исцелувачката мерка да достигне до него.
2. Предизвикувачки фактори
1. Силата на суптилните тела на преминатите предци, или духот кој влијае на лицето
Доколку силата на суптилните тела на преминатите предци, или духот кој влијае на лицето одговорни за проблемот е на ниско ниво, духовно исцелувачкото средство брзо и целосно ќе го излечи лицето од проблемот. Така една од причините кога на почетокот едно лице може да изгледа дека е имуно на духовно исцелувачкото средство би можела да биде, бидејќи силата на преминатиот предок, или духот кој влијае на лицето е на високо ниво, во тој случај тие можат да го издржат влијанието на духовно исцелувачкото средство.
2. Еден или повеќе предизвикувачки фактори
Доколку проблемот се должи поради еден духовно предизвикувачки фактор, тогаш проблемот реагира прилично добро на духовно исцелувачкото средство. На пример, ако лице кое има егзема поради проблеми со суптилните тела на преминатите предци, почне да пее “Шри Гурудев Дата” може да се повлече во рок од една недела, како што му се случи на еден од присутните во една од нашите работилници во Мелбурн. Но ако истиот случај беше искомплициран со влијание од дух, тогаш духовно исцелувачкото средство можеби нема да даде толку брзи резултати.
3. Доколку причината е целосно во физичка, или психолошка димензија
Доколку причината на проблемот е целосно во физичката, или психолошката димензија, тогаш ефектот од духовно исцелувачкото средство нема да биде толку драматичен, како кога причината би била во духовната димензија. На пример, лице кое има зависност поради проблеми со суптилните тела на преминатите предци, може да доживее ослободување од зависноста во рок од една недела, како што му се случи на еден од присутните во една од нашите работилници во Дубаи.
Меѓутоа, и после сето речено, дури и ако причината е целосно во физичката или психолошката димензија, духовно исцелувачкото средство му донесува корист на лицето. Тоа дејствува на тој начин што ја подобрува ефикасноста на физичкиот или психолошкиот третман. Исто така, тоа помага и во отстранување на црната обвивка доколку ја има околу лицето, и со тоа на лицето му ја подобрува општата состојба и одговор на конвенционалните третмани.
4. Дали предизвикувачкиот фактор влијае еднаш или влијае постојано
Доколку проблемот кој влијае, е само еднаш предизвикан од духовни причини, тогаш ефектот од духовно исцелувачкото средство ќе биде побрз, целосен и за кратко време. Но, доколку проблемот влијае постојано, тогаш и духовно исцелувачкото средство мора да биде применето во континуитет се додека е активен предизвикувачкиот фактор.
За пример ќе земеме лице кое почнало чудно да се однесува, после посетувањето на куќа опседната од духови и каде на неа делувала црна енергија. На тоа лице ќе му биде подобро после кратка примена на средства за духовно исцелување.
Но ако тоа лице беше опседнато од дух во таа куќа, и потоа почнало чудно да се однесува, тогаш тоа лице ќе мора подолго да применува средства за духовно исцелување за да ги отстрани симптомите на проблемот, а многу, многу подолго за да се ослободи од опседнатоста.
3. Проблем
1. Еден, или повеќе проблеми
Ако лице има само еден проблем, како егзема поради влијанието од духот, ќе исчезне многу побрзо, отколку кога лице би имало повеќе проблеми како егзема со абнормално однесување итн.
2. Поправлива или непоправлива штета.
Брзината и степенот на ефектот од духовно исцелувачкото средство, исто така, зависи од тоа дали е или не е направена непоправлива штета. На пример, ако поради влијанието на духот е направена непоправлива штета на бубрегот на нечие лице, тогаш тоа ќе мора интензивно да преземе духовно исцелувачки средства од повисоко ниво. Поправливи оштетувања на телесните органи се можни, но лицето треба интензивно да врши духовна пракса и да применува духовно исцелувачки средства од повисоко ниво.
4. Средство кое се употребува за духовно исцелување
1. Вид на средство кое се употребува за духовно исцелување
Пракиткувањето на редовна духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста е најдоброто средство за духовно исцелување.
Меѓу другите духовно исцелувачки средства, оние кои се поврзани со повисоките космички елементи даваат побрзи резултати, отколку од оние кои се поврзани со пониските.
На пример, духовно исцелувачкото средство како што е употреба на мирис, одговара на најнискиот космички елемент т.е. Апсолутниот елемент Земја. Ова средство е на пониско ниво од средството употреба на солена вода, кое одговара на Апосолутниот елемент Вода.
2. Дали средството за духовно исцелување да го употребуваме на основа на специфична дијагноза, или по случаен избор.
Применувањето на духовно исцелувачкото средство, по одредена специфична дијагноза на предизвикувачкиот фактор, дава побрзи и комплетни резултати. Ова е затоа што со употреба на високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција (ESP), те. духовно восприемање, може конкретно да се дијагностицира предизвикувачкиот фактор или фактори, како и точниот механизам на дејството кое го предизвикува проблемот. Ова го отвора патот за избор на соодветното духовно исцелувачко средство. Ова пак ни дава побрзи, покомплетни и постојани резултати. Меѓутоа, ако некое лице преземе одредено духовно исцелувачко средство по случаен избор на своја рака, помалку веројатно е дека духовно исцелувачкото средство ќе биде 100% ефективно. Ова е затоа што шестото сетило на повеќето луѓе во општеството е неразвиено и затоа не може точно да се дијагностицира предизвикувачкиот фактор. Како резултат на тоа соодветено духовно исцелувачко средство не може да се најде. Дури и тогаш, само со примена на средства за духовно исцелување, ги подобруваме нашите шанси за ублажување на нашиот проблем.
3. Употреба на едно, или повеќе средства
Од средствата за духовно исцелување повеќе ќе придобиеме ако ги употребуваме заедно. На пример, примена на Светитот пепел (Вибути), употреба на солена вода, и пеење на Божјото име, ќе дадат подобри резултати, отколку да ги применуваме секој од овие средства посебно.
4. Достапност на супстанците кои се користат за духовно исцелувачки средства
Достапноста на сите потребни и веродостојни супстанци потребни за средствата обезбедуваат подобри резултати. На пример за духовно исцелувачкото средство како што е кравјата урина (Гомутра), употребувањето на свежа кравја урина од не-хибридна крава ќе даде подобри резултати.
5. Силата на супстанцата која се користи како средство за исцелување
За ефикасноста на духовно исцелувачкото средство кое се употребува, исто така одлучува и чистота и силата на супстанците кои се користат за духовно исцелувачките средства. На пример, доколку Светиот пепел се употребува како средство за духовно исцелување, Светиот пепел добиен со согорувањето на миризливите SSRF стапчиња на олтар ќе биде посилна од онаа добиена преку други миризливи стапчиња согорени на олтар.
6. Ширината на црната обвивка (аврана) на супстанците коишто се користат како средства за духовно исцелување
Сите супстанци кои се користат за духовно исцелувачките средства како што се: Светиот пепел, Света вода итн. развиват обвивка од Раѓа–Тама доколку се чуваат во средина во која преовладува Раѓа–Тама. Покрај тоа, духовите во просториите или духот кој влијае на лицето може да создаде обвивка од црна енергија околу нив. И во двата случаи, ефикасноста на духовно исцелувачките супстанци е многу намалена. Оттука, треба да преземеме грижа и да ги чуваме супстанците во сатвик средина како што е олтар, и да ги држиме далеку од Раѓа–Тама влијаниа, како што е да се биде во контакт со друго опседнато лице итн. Исто така е препорачливо да се преземат мерки за прочистување на овие супстанци пред секоја употреба за духовно исцелување. Ова може едноставно да се направи со тоа што ќе му се помолиме на Бога да ги прочисти супстанците, или со попрскување на разредена гомутра (кравја урина) или Света вода итн.
5. Духовен исцелител
1. Духовното ниво и моќта на исцелителот
Од суштинско значење е, сите исцелители кои применуваат духовно исцелувачки средства да имаат духовно ниво минимум од 50%. На ова ниво почнува разградување на умот и тој исцелител добива пристап до Универзалната енергија (Ича-Шакти). Бидејќи тој има пристап до оваа суптилна енергија, неговиот духовно исцелувачки капацитет е многу подобрен.
Од друга страна оние исцелители под 50% духовно ниво и во прилог на тоа имајќи и ниска духовно исцелувачка способност, исто така ризикуваат да бидат опседнати од духовите од повисоките нивоа. Оттука, и оние кои ги користат нивните услуги, исто така подлежат под ризик да бидат под влијание или опседнати од некој ентитет.
Кај духовно исцелувачкото средство како што е дување Вибути (Свет пепел), само 5% од ефективноста има ова духовно исцелувачко средство, додека 95% од ефикасноста зависи од духовниот исцелител кој употребува Вибути (Свет пепел).
2. Знаење и разбирање на исцелувањето
Понекогаш исцелителите имаат наследни духовно исцелувачки способности, или тие учат духовно исцелувачки техники од своите родители или водич. Доколку зад конкретното лечење или општото лечење, не стои цврсто знаење и разбирање на духовната наука, тогаш способноста за исцелување на духовниот исцелител во голема мера е ограничена.
3. Суптилна перцепција и моторичка способност
Исцелители со развиена способност за над-сетилна перцепција се во можност да го дијагностицираат проблемот како и предизвикувачкиот фактор подобро. (Ве молиме погледнете го написот – Нивоа на способност за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило.) Во суштина ова помага да се открие предизвикувачкиот фактор. Исто така помага и да се испланира духовно исцелувачкото средство подобро.
Исцелителите со високо развиена моторичка способност можат успешно да ги воочат и совладаат моќните духови
4. Благодатта на духовниот водич.
Духовоно исцелувачкото средство применето од страна на исцелител кој се здобил со благодатта на Светец или Гуру дава побрзи и комплетни резултати, отколку истото духовно исцелувачко средство спроведено од страна на исцелител со исто искуство и духовно ниво, но без благодатта на Светец или Гуру. Ова е затоа што духовниот исцелител кој се здобил со благодатта на Светец или Гуру има поддршка од Божествената моќ. Оттука и неговата духовно исцелувачка моќ е многу посилна.
5. Опседнтоста на духовите од повисоките нивоа може да го подобрат исцелувањето
Понекогаш самиот исцелител е опседнат од дух од повисоките нивоа како што е мантрик (моќен дух), Ова најчесто се случува кога:
- Духовното ниво на исцелителот е помало од 50%
- Исцелителот е понесен од славата, моќта и парите
- Исцелителот презема се на своја рака без надзор од Светец, или Гуру
- Исцелителот се обидува да исцели, или истера дух кој поседува поголема духовна сила од самиот исцелител.
Во такви случаи, се чини дека овие исцелители даваат подобри резултати отколку нивниот капацитет. Ова може да изгледа како предност, но всушност духот кој го опседнал исцелителот внесува многу црна енергија во лицето кое го исцелува, и изгледа дека го ублажил проблемот.
6. Други фактори
1. Сатвикот во просториите
Духовно исцелувачко средство, спроведено во сатвик просторија дава побрзи и подобри резултати, и ниту малку енергија не е загубена во надминувањето на раѓа–тама-та во животната средина. Оттука, препорачливо е да се отстранат сите раѓа–тама влијаниа и да се преземат мерки за прочистување на домот.
2. Животниот стил на лицето
Сатвик лице добива придобивки од духовно исцелувачкото средство многу побрзо од лицето кое не е сатвик. Иако проблемот може да биде исти.