Како го објаснуваме ефектот од мерките за духовно исцелување?

SSRF советува продолжување на конвенционалните медицински третмани, заедно со духовно исцелувачки мерки за третманот на физичките и психолошките заболувања.

На читателите им се советува да применат било какви духовно исцелувачки мерки по свој избор и по своја проценка.

1. Важноста на шестото сетило во толкувањето на ефектот од духовното исцелување

Освен ако некој има многу високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција (ESP) те. духовно восприемање, многу е тешко да се протолкува специфичен ефект од меркаите за духовно исцелување. Ова е затоа што без напредно шесто сетило, тешко е да се согледа вистинската причина зад она што ние чувствуваме во текот на духовното исцелување. На пример две лица кој се исцелуваат со помош на Светиот пепел (Вибути) може да доживеат целосно различни искуства.

  • Лицето кое е опседнато од дух ќе почувствува вознемиреност. Всушност, тоа е духот во лицето кој ја доживува вознемиреноста, како што Божествената Свесност (Чаитанија) се емитува од Светиот пепел и почнува да се бори со негативноста од духот. Како свеста на лицето кое е под влијание се спојува со онаа на духот, лицето ја доживува вознемиреноста на духот како своја.

  • Лицето кое нема проблем со влијанието од негативните енергии, добива чувство на леснотија, поради позитивните вибрации кои се емитуваат од Божествената Свесност на Светиот пепел.

Друг аспект е дека, духовите од повисоките нивоа можат да го издржат влијанието на Божесетвената Свест (Чаитанија) на подолг временски период, а тоа може да изгледа дека преземаните мерки не делуваат. Исто така, овие духови можат да створат илузија така што на лицето да му се даде лажно чувство дека мерките делуваат или не делуваат.

Следната табела покажува дека, постојат два аспекти на она што едно лице (кое е под влијание или е опседнато од духови) чувствува за време на духовно исцелувачката сесија, видено преку суптилното сетило. Постојат две Свести во игра: онаа на трагачот и онаа на духот кој го опседнува. За време на оваа манифестација т.е. кога ќе започне опседнувањето да се манифестира, свеста на духот доаѓа во прв план. Ова сепак, може да се разликува од манифестација до манифестација во зависност од тоа, која свест е подоминантна. Само оние со високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција, можат да спознаат која од двете свести, дали онаа на трагачот или онаа на духот е подоминантна.

Разлики во ефектите на позитивните и негативните стимуланси на трагачот и духот во него што го опседнал

(Видео преку високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција (ESP)

Типови на стимуланси

+ позитивни стимуланси

– негативни стимуланси

Пример >>

Слики на Божества, Свет пепел итн.

Раѓа-Тама стимуланси како што е демонска јантра, психоделична музика

Ефекти врз

Доживува

Трагачот

Духот

Трагачот

Духот

Добивање енергија

Да

Не

Не

Да

Вознемиреност

Не

Да

Да

Не

Израз на лицето

Нормален

Вознемирен

Вознемирен

Среќна саркастична насмевка

Кога духот не е манифестиран

Се чувствува подобро

Не се чувствува добро

Нормално

На пример: Ако лицето се манифестира 70%, тоа значи дека свеста на духот е 70% во прв план а свеста на трагачот е 30% и е некаде во позадина. Во оваа состојба, изгледот на тоа лице радикално се променува и се однесува невообичаено. Во таков случај, ако го погледнеме изразот на духот (кој сега е видлив на лицето на трагачот), кога му се прикаже позитивен стимуланс како што е слика на Божество, можеме да видиме намуртен, мрачен поглед. Ова се случува поради то што духот, во кој преовладува Раѓа-Тама, неможе да ја поднесе Божествената Свесност (Чаитанија) која зрачи од сликата на Божеството. Понекогаш, духот може да ги користи своите резерви на црна енергија, или од другите духови од повисоките нивоа и да се преправа дека воопшто не му влијае духовниот третман. Ова може да го деморализира исцелувачот ако помисли дека неможе да допре до духот. Сепак, овој отпор трае само онолку колку што духот има енергетски резерви.

На кратко, целиот процес може да се протолкува како борба на два шпиони во стриповите или игра на мачка и глушец. Играта која што ја игра духот со исцелувачот е доста интензивна. Само исцелители со високо развиено шесто сетило, можат да ја предвидат нивната игра и претставата, и да се спротивстават на обидувањата на духот.

2. Кој може да види што всушност се случува за време на сесијата на духовното исцелување?

Да погледнеме кој се може да ја види разликата помеѓу лицето и духот кој се манифестира.

A. Лицето кое е под влијание на дух:

  • Духовното ниво на лицето кое е под влијание на духот треба да биде над 50%, над ова духовно ниво, лицето може да сфати кои мисли се негови, а кои припаѓаат на духот.

  • Ако контролата на духот над некое лице кое е под влијание е помала од 30%, тогаш тоа лице е во состојба да разликува на кој му припаѓаат мислите.

Б. Духовен исцелител:

  • Просечниот психички исцелител не е способен ниту да забележи дух од повиско ниво, ниту пак да ги разбере нијансите на суптилната борба.

  • Доколку самиот исцелител е опседнат од дух од повисоките негативни нивоа суптилен мантрик , неговата суптилна способност, или шесто сетило (ESP) може да се зголеми и покрај тоа што неговото духовно ниво е ниско. Мантрикот од повисокото ниво може да го контролира влијанието на духот во исцелителот како да му е духот подреден, односно негов слуга. Овде може да се случи игра во која Мантрикот може привремено да го отстрани духот од опседнатото лице само за да може подоцна да се врати.

  • Само лице

  • Кое е над 70% духовно ниво

  • или кој директно го насочува Светец.

навистина може да дијагностицира што всушност се случува.

3. Ефекти од исцелувањето во однос на црната енергија (обвивка) околу лицето.

За да се заштитат самите себе од непријатностите на духовно исцелувачките мерки, духовите или суптилните тела на преминатите предци создаваат обвивка од црна енергија околу себе, и околу лицето кое е под влијание. Оваа обвивка од црна енергија делува како заштитен штит.

После изложувањето на духовно исцелувачките мерки, колку брзо ентитетот ќе доживее непријатност (манифестирање на непријатност кај лицето кое е под влијание) зависи од дебелината и издржливоста на овој штит. Лицето кое е под влијание на дух до благ степен и/или е во прашање послаб ентитет, обично имаат тенка обвивка од црна енергија околу себе. Оттука, можно е да се пробие оваа бариера и да се дојде до духот/ентитетот полесно. Затоа, лице кое е под влијание на дух од пониските нивоа од Чистилиштето (Буварлок), до благ степен, доживува непријатност набрзо откако ќе биде изложен на духовно исцелувачки мерки. Тогаш е возможно сите непријатности (поради духот) претрпени од страна на лицето да се ублажат во рок од 3 – 4 месеци преку духовно исцелувачки мерки.

Оние лица кои се под влијание на духовите/ентитети кои не доживуваат непријатности кога ќе бидат изложени на духовни исцелувачки мерки, најверојатно имаат погуста и поиздржлива обвивка од црна енергија околу нив. Веројатно и духовната сила на духот/ентитетот кој создава непријатности е поголема. После константно изложување на духовно исцелувачки мерки врз духот, лицето почнува да доживува непријатности по неколку месеци. Лицето сепак може да го скрати ова време со надополнување на духовно исцелувачки мерки со духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста како и сатвик начин на живот.