Придобивки од духовната пракса

Нздминување на судбината

Што е судбина (карма) а што слободна волја

За да ги разјасниме овие поими, треба да разбереме што е судбина:

  • Вообичаен став на западниот свет е дека ние го контролираме својот живот и дека се што ни се случува е последица на нашите избори.
  • Од друга страна, вообичаен став на источниот свет е дека се што ни се случува не е под наша контрола и дека сите ние сме само обични марионети во предодредените случувања.

2-MKD_destiny-vs-wilful-actionМеѓутоа, ниту едно од овие гледишта не е целосно точно. Според духовната наука, во денешно време, во просек 65% од нашиот живот е раководен од судбината, а 35% од слободната волја.

Сепак, можеме да ги надминеме овие 65% од судбинскиот дел, користејќи ги 35% од слободната волја, ако вршиме исправна духовна пракса.

Судбината ја сочинуваат настаните во животот што не се под наша контрола. Слободната волја е оној дел од нашиот живот на кој можеме да влијаеме.

Пример за акција на слободна волја: Да го видиме примерот на лице кое во пијана состојба вози неисправен автомобил. Тоа лице одлучи да го вози автомобилот по стрмен планински пат, не почитувајќи го ограничувањето на брзината. Ја губи контролата над возилото, и излета од патот во провалија. Дали таа несреќа е предизвикана од судбината или слободната волја?

Од слободната волја, затоа што лицето можело да одлучи да не вози во пијана состојба. Исто така, имало можност да го одржува автомобилот во исправна состојба и за време на возењето да го почитува ограничувањето на брзината.

Пример на судбински настан: Сега можеме да видиме како истото лице би доживеало сообраќајна несреќа во случај на судбински настан. Лицето не пие, го вози внимателно автомобилот што редовно го одржува во исправна состојба по истиот планински пат, почитувајќи го ограничувањето на брзината. Одеднаш, дел од патот се руши поради одрони и се случи несреќа. Во тој случај лицето воопшто немало контрола над одронот што се случил, па така тоа претставува судбински настан.

Судбината е од духовна природа и единствено може да се надмине со помош на духовен лек, а тоа е духовната пракса. Зависно од тежината на судбината, неопходно е соодветно ниво на духовна пракса за да се надмине судбината. Следнава табела дава примери на разни видови на судбини и духовни мерки за нивно надминување.

Видови на судбини Блага Средна Тешка
Примери Полесни болести, потребен е натпросечен труд за да се склопи брак Финансиски губитоци, брачни проблеми, неможност за зачнување Тешки несреќи и прерана смрт, или не доаѓа до венчавање и покрај големиот труд
Како да се надмине? Умерена духовна пракса Интензивна духовна пракса Не може да се надмине со духовна пракса, туко само со благослов од Духовниот Учител

Забелешка:

Интензивна духовна пракса во смисла на квантитет значи 12-14 часа духовна пракса дневно. Во смисла на квалитет, тоа значи дека лицето ги врши сите дневни активности како служење на Бога, со многу желба и првенствено со цел за спознание на Бога.

Умерена духовна пракса во смисла на квантитет значи 4-5 часа духовна пракса дневно. Во смисла на квалитет, тоа значи дека лицето ги врши поголемиот дел од своите дневни активности како служење на Бога.

MKD-CSheader

Заштита од тешка судбина

Mr. Thakkar

Господинот Такар се спасил од тешка судбина на можна смрт во младоста, благодарејќи на придобивките од духовната пракса и милоста на неговиот духовен учител. Прочитајте повеќе.