Содржина
- 1. Вовед во појавување на пукнатини во неживи објекти
- 2. Примери за пукнатини кои спонтано настанале
- 3. Како да ги разликувате пукнатините направени од негативните енергии од оние кои ги направиле луѓе или настанале по природен пат
- 4. Клучни карактеристики на пукнатините кои ги направиле негативните енергии
- 5. Суптилна анализа на фотографија на која се појавиле пукнатини
- 6. Анализи на случаи
- 7. Како да се заштитиме од штетните ефекти на пукнатините кои ги створиле негативните енергии
1. Вовед во појавување на пукнатини во неживи објекти
Повеќето од нас во куќата или на работа држат фотографии од пријателите, семејството и саканите да ни го украсат просторот. Многу трагачи, исто така, држат слики од нивните омилени Божества и Светци, поставени во соба со олтар, или место на кое обавуваат Богослужеба или каде може да се потсетат на Бога или Гуруто. Сосема е нормално со текот на времето сликите, како и рамките од сликите и стаклото, покажат знаци на абење, а понекогаш и пукнатини и бледнеење.
Но што ако еден ден, сме се вратиле дома и виделе дека фотографијата од нашиот омилен Светец или Божетво пукнала сосема ненадејно, драматично, и без никакви очигледни надворешни влијанија? SSRF го опсервираше овој феномен на спонтана појава на пукнатини. Ова во неколку наврати се случило на голем број на предмети, без никакви надворешни фактори кои би можеле да вклучат тоа да сликата падне, биде полеана со вода или изложена на топлина или светлина. Овие пукнатини се појавиле на слики од Светци и Божества, како и на други објекти како што се оние коишто се користат во Богослужба, духовна пракса, духовно исцелување, на накит, па дури и на предмети за секојдневна употреба.
Го истраживме овој феномен по пат на истражување засновано на духовната наука и откривме дека негативните енергии имаат способност да создадат пукнатини во неживи објекти. Во овој напис, претставуваме некои од нашите сознанија за тоа како и зошто тоа се случува.
2. Примери за пукнатини кои спонтано настанале
3. Како да ги разликувате пукнатините направени од негативните енергии од оние кои ги направиле луѓе или настанале по природен пат
Врз основа на следниве фактори, можеме да ги разликуваме пукнатините направени од негативните енергии од оние кои ги направиле луѓе или настанале по природен пат:
- Без надворешно влијание: Пукнатини се појавуваат и покрај фактот што предметот стоел на безбедно место и немало никаков надворешен физички објект или штетници кои би можеле да нанесат штета т.е. да ги предизвикаат промените. Во некои случаи со детален преглед е утврдено дека пукнатината настанала од внатрешната страна на стаклото или рамката, додека надворешната површина на стаклото останала недопрена.
- Брзина на случувањето: Клучна карактеристика на пукнатините кои ги прават негативните енергии е брзината на нивното појавување без било какви надворешни стимули. На пример, во една анализа на случај, на совршено целите кокосови ореви кои биле планирани за обредот друшта, одеднаш се појавиле пукнатини пред обредот да биде изведен.
- Промени во пукнатините: Пукнатините се шират и го менуваат обликот или големината, со текот на времето.
- Форми на пукнатините: Пукнатините обично имаат неправилни форми, а во случај на ламинираните фотографии, предизвикуваат лупење на ламинацијата или делумно или во целост.
Многу пати пукнатините се придружени и од други промени во објектите, како што се промена на бојата, појава на точки, линии и непријатен мирис. Овие промени најчесто може да се согледаат по пат на развиено шесто сетило.
4. Клучни карактеристики на пукнатините кои ги направиле негативните енергии
Причини:
- Причините поради кои негативните енергии создаваат пукнатини се објаснети во нашиот напис – Вовед во застрашувачки натприродни појави. https://www.spiritualresearchfoundation.org/mk/voved-vo-zastrasuvacki-natprirodni-pojavi
Како духовите од повисоко ниво создаваат пукнатини:
- Додека актуелната задача да се оштети објектот ја спроведуваат негативни енергии од пониско ниво, пукнатините всушност на крајот се предизвикани од енергијата на духовите од повисоко ниво, како што се моќните негативни енергии (Мантрици).
- Негативните енергии воглавном користат духовна моќ која ја стекнале преку нивната негативна духовна пракса, на пример, медитација, повторување на мантри или обреди агори за да се здобијат со сила за напад. Потоа тие ги користат своите натприродни моќи над Апсолутните Елементи Земја, Оган или Етер, за да направат пукнатини.
Потребна духовна сила:
- Минималната духовна сила на суптилниот ентитет којшто може да створи пукнатини во нежив објект којшто припаѓа на просечно лице, одговара на силата на моќна негативна енергија (Мантрик) од 4-от регион на Пеколот.
- За да створи пукнатини во предмет кој му припаѓа на Божји трагач или предмет кој се наоѓа во ашрамот, минималната духовна сила на суптилниот ентитет којашто е потребна е силата на моќна негативна енергија (Мантрик) од 5-от регион на пеколот.
- Кога целта е предмет кој е поврзан со Божество или Светец, минималната духовна сила на суптилниот ентитет, исто така треба да биде како силата на моќна негативна енергија (Мантрик) од 5-от регион на Пеколот.
Зошто пукнатините се преферирани за пренос на негативна енергија?
Како и кај сличните напади на неживи објекти по пат на дупки и скинатини, пукнатините се исто така преферирана форма на напад, поради опструкцијата која тие ја прават во протокот на позитивна духовна енергија којашто тече низ објектот. Пукнатината делува како дупка преку која истекува оваа позитивна енергија, и освен тоа, како складиште на црна негативна енергија.
Ефектот на пукнатини
Кога едно лице е погодено по пат на пукнатини створени од негативните енергии, непријатности можат да се појават на било кое од следниве нивоа. Ова се некои примери на непријатности:
- Физички: интензивна главоболка, чувство на печење и црвенило во очите, чувство на тежина, болки во стомакот, болки во телото (градите, грбот, рацете), тапост, потешкотии при дишењето, зголемена топлина во телото и животната средина, вртоглавица, чувство на убоди и боцкање од игли на рацете и нозете, итн.
- Психолшки: Неможност да размислува јасно, депресија, немир, итн.
- Духовни: Недостаток на ентузијазам за духовна пракса, чувство да сакаме да ја одложиме духовната пракса, итн.
5. Суптилна анализа на фотографија на која се појавиле пукнатини
Како дел од SSRF истражувањата засновани на духовната наука, спроведовме анализа заснована на знаењето за духовната димензија, на голем број предмети на кои се појавиле пукнатини. Оваа анализа ја спроведоа трагачи со развиено шесто сетило, кои имаат способност да ја согледаат духовната димензија со точност. Ова се случува по пат на суптилното сетило за визија или примање на Божествено знаење во форма на мисли, проценти, итн.
На сликата која следува, гледаме фотографија на Светец (Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ) којашто е сериозно погодена преку медиумот на пукнатини.
Откако трагачите на SSRF ја анализираа фотографијата со помош на развиено шесто сетило, тие дознаа дека причината за пукнатините беше напад од страна на слуга – демон (Ракшас) од 3-от региона на Пеколот, кој ги слушал наредбите на Мантрик од повисоко ниво. Целта на нападот била да се создадат пречки во брзината на Божествената енергија која се емитува од фотографијата.
Следува она што г-ѓа Јоја Вале, која има развиено шесто сетило, го видела во суптилната димензија:
Прочитајте подетален опис за демонот кој го извршил нападот
Сиптилно отчитување на негативната енергија која ја нападнала фотографијата на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ преку пукнатини
– Виситнитост во суптилната слика: 80%
– Вознемирувачки вибрации во суптилната слика: 4% – Н.С. Др. Атавле
– Број на негативни енергии: 1
– Вид: Демон
– Процент на црна енергија: Кога демонот ја нападнал фотографијата на Н.С. Бактараѓ Махараѓ во 2006-та година, неговата црната енергија била 30%. Во 2010-та година, таа станала 20%.
– Регион на пеколот од каде мантрикот го спровел нападот: 4-от регион
– Карактеристики:
– Физичка форма
– Висина 154.94 cm
– Боја: темно зелена
– Кожа: Груба, но кога тој се лути станува бодликава и од неа во животната средина се емитува црна енергија
– Тен: Кружен и свеж
– Глава: Без коса на главата, а кожата е заострена
– Очи: Црвена боја, кружни и големи
– Лице: Голема вилица и неколку мали шилести заби
– Раце: Груби со четири прсти
– Нокти: Долги, дебели и тешки. Тоа му дава можност да уништи лесно било каков објект.
– Нозе: Мали и изострени
– Нокти на нозе: Мали и изострени
– Тој е многу моќен
– Неговото тело е еластично. Па така неговото седење, стоење, одење и скокање се како на мајмун. Тој може многу брзо да трча и да скока.
– Духовни карактеристики:
– Постојан пренос на безброј бранови од црна енергија како тенки влакна од телото во животната средина: Безброј бранови од црната енергија како тенки влакна континуирано се пренесуваат во животната средина од неговото тело. Кога интензитетот на неговите движења ќе се зголеми, тие се пренесуваат во животната средина како стрели.
– Процесот на деструкција на фотографијата преку суптилната (духовната) димензија: По наредбите на мантрикот од 4-от регион на Пеколот, овој демон ја осакатил фотографијата на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ. Тој и пришол на фотографијата трчајќи и скокајќи како мајмун. Тој направил пукнатини на предниот дел од фотографијата со неговите остри и дебели нокти. Црната енергија која се пренесува од неговото тело, се проширила во животната средина. Па така непријатен смрдлив мирис се проширил насекаде.
– Г-ѓа Јоја Вале, Европа, SSRF (21.01.2010).
Според Божественото знаење кое го доби г-ѓа Анѓели Гадгил, негативниот ентитет кој стои зад нападот, кон фотографијата испратил многу црни суптилни дијаграми (Јантри) од мрачните вдлабнати региони на Пеколот. Тој на јантрите и додал забрзување со помош на натприродни моќи и Апсолутниот Елемент Земја, со користење на црн чад, и ги испратил во нагорна насока. Затоа фотографијата се тресела како земјотрес и на неа се појавиле пукнатини, а ламинацијата се одвоила од сликата. Црн чад се емитуваше од црната обвивка околу фотографијата и затоа посматрачите можеа да осетат чувство на печење во очите, а атмосферата се зачадила и станала загушлива.
Мантрикот кој го извршил овој напад исто така бил погоден – неговата заштитна надворешна обвивка беше пробиена и од него се емитуваше црн чад. Кога ја нападнал фотографијата на Н.С. Бактараѓ Махараѓ во 2006-та година, енергијата на негативниот ентитет била 30%. Во 2010-та година, таа се симнала на 20%.
6. Анализи на случаи
Во продолжение се линкови кои водат кон анализи на случаи кои навистина се случиле, а се однесуваат на пукнатини направени од негативните енергии на различни објекти.
7. Како да се заштитиме од штетните ефекти на пукнатините кои ги створиле негативните енергии
Како што може да се види од овој и другите написи во нашата секција – Застрашувачки натприродни појави, постои цел спектар на начини кои негативните енергии ги пронаоѓаат да нападнат одреден објект или лице кое е поврзано со тој објект. Со цел да се намали или поништи ефектот од пукнатините кои ги створиле негативните енергии на било кој објект, можеме да ги примениме разните методи кои се опишани во нашата секција – Духовно исцелување. Најдобрата и најодржлива заштита против напади од негативните енергии, е зголемување на духовната пракса во согласност со шесте основни принципи на Духовноста. Со зголемување на духовната енергија која се добива од духовната пракса, се смалува ефектот кој негативните енергии го постигнуваат преку нивните напади. Меѓутоа, само благодарение на Божјата Милост, конечно сме заштитени.