MKD_Adrian-landing

1. Вовед

Она што беше за мене движечка сила помеѓу 16 и 17 години, беше љубопитноста за духовноста. Тука е важно да се дефинира она што зборот ‘духовно’ значеше за мене во таа фаза. Книгите кои ги читав во тоа време беа за тоа како нашето размислување влијае на нашето здравје и среќа во животот. Дури и го практикував тоа што го читав и ми се чини делуваше – станав по исполнет, но некако не бев целосно задоволен, и не знаев зошто е тоа така. Како резултат на тоа прочитав многу книги, многу книги со езотерични теми и некои други кој во тоа време ги дефинирав како ‘духовни’. Меѓутоа, од мојата сегашна гледна точка, сето она што го имав прочитано, не може да се дефинира како ‘Духовност’ во вистинска смисла. Советот и подобрувањата за кои ги читав во тоа време, влијаеа на мене само на физичко и психолошко ниво.

Иако се изјаснував како Католик (Римо Католи по раѓање), тогаш никогаш не осеќав близина со својата религија или Бога. Меѓутоа точно е дека моето образование – врз основна на христијанските вредности – многу помогна во смисла да се трудам да станам доблесен човек.

Бев прилично заинтересиран за теми кои беа надвор од објаснувања на модерната наука. Се обидував да научам повеќе за сите видовни на феномени како хипноза или сонување, но се чинеше дека секогаш нешто недостасува. Тие интереси беа забавни но не исполнувачки; ова беше сфаќањето кое бавно доѓаше до мене. Затоа, почнав да тргагам по целта на животот. Развојот на карактерот (личноста) беше само една станица на овој пат и до одреден степен ме научи дека е важно да придобивам добри квалитети со вложување практичи напори. Тоа беше многу корисно учење за иднината. Но и покрај тоа што се обидував да ја подобрам мојата личност, сеуште постоеше нешто што недостасува кое неможев да го сфатам. Бев во потрага по Вистината.

Од мојата сегашна гледна точка, јасно е дека тоа беше првото и основното вклучување во духовната димензија од која се чувствував одвоен, бидејќи повеќето методи за равивање на личноста се фокусираат само на физичко и психолошко ниво и се само средства да се добие световна среќа. Затоа, овие методи не беа соодветни за стекнување трајна среќа, Блаженство (Ананда), па така продолжив да трагам по Вистината.

adrian-old2Сега изгледа дека, сеприсутниот Гуру принцип бил целосно вклучен во мене и мојата потрага. Многу наскоро, пресвртната точка за мене дојде во Април 2013 година. Религиозни пријатели-христијани, ме поканија да учествувавм во нивната Богослужна група. Иако во тоа време не верував во Бога, навистина посакував да можам да верувам. Затоа, одлучив да пробам да развијам вера со тоа што ќе учествувам во оваа група еднаш неделно. Друг фактор кој ме натера да учествувам во оваа група, беше тоа што во тоа време се чувстував осамено – порано, неможев никој да најдам кој беше заинтересиран за личен напредок (развивање на личносто) или трагаше по некоја цел во животот и тоа ме правеше да се чувствувам осамено.

2. Стапување во контак со SSRF – Април 2013 година

Овие религиозни средби предизвикаа огромно забрзување. Иако не се чувствуав добро во групата, приврзаноста со Бога и гледајќи ги емоциите на членовите од мојата група за Бога, во тоа време направија многу да размислувам. Во текот на тој период, се случи да, додека пребарував на интерент случајно налетав на една страница од SSRF сајтот – неможам да се сетам точно кој напис беше во прашање.

Ме привлече многу практичниот и универзален пристап на SSRF кон Духовноста, бидејќи бев по потрага по Вистината, и покрај многу сомнежи кои ги имав во умот во врска дали се виситнити информациите дадени таму. ‘Зошто да не се обидам?’ помислив. не чувстував никаква сила или било какви очекувања од SSRF кога и пишав дека сакам да се регистрирам како читач по пат на најава – што за мене беше многу важен критерум да се утврди веродостојноста на организацијата. Уште еден позтивен фактор беше тоа колку пријателски и внимателен беше секој од трагачите кои ги водеа онлајн сатсанзите (Престој во друштво на Вистината) и на истиот начин ми беше одговерено на мојата пријава за регистрација.

Од ова почнав да применувам се повеќе и повеќе од предлозите на SSRF како да живеам духовен живот и почнав се повеќе и повеќе да верувам во Бога. По некое време, научив дека зборо ‘Духовност’ значи ‘припаѓање на Душата’ која не е ниту нашето тело, ниту нашиот ум или интелект па дури ниту нашето чувство ‘Јас’. Порано сите нешта кои беа некако необични или натприродни или неможат да бидат објсанети само со логика ги дефинирав како ‘Духовни’. Сепак, душата е дел од нашиот еден и единствен Бог и таа е вечна и нејзината природа е врховна среќа – Блаженство. Ова е целта на SSRF; да ги информира луѓето за духовната димензија и како таа влијае на нашите животи, и што да се направи со таа информација, како можеме да придобиеме од неа.

Сајтот на SSRF го читав и по неколку часа на ден се додека не ги прочитав сите написи. Моите прашања беа одговорени апсолутно и совршено – вербално преку Сатсанг или преку најава како и преку информациите кои се дадени на веб страната. Сатсангот за мене стана многу, многу драгоцен особено на почетокот, бидејќи како што споменав порано, се чувстував доста осамено. Ова чувство целосно исчезна; денес постојат толку многу трагачи, кои ме подржуваат, ме водат и практкуваа Духовност заедно со мене. Тоа е како да има уште едно семејство, бидејќи сите се многу љубезни и сите се заинтересирани само за постигнување заеднички духовен напредок. Ова чувство на блискост поради контактот со трагачите од самиот почеток ја зголеми мојата вера во практичната ефикасност на духовна пракса.

3. Духовна пракса

Во почетокот ми беше многу тешко да се молам. Всушност, ми изгледаше невозможно да се помолам искрено од срце. Додека се молев, се осеќав како да мрморам празни зборови, без било каква надеж дека ќе имаат ефект. Но со Божјата Милост, упорност и другите трагачи кои ме мотивираа тоа полека се промени. Она што особено ми помогаше беше изговарањето молитви на глас и заедно со другите трагачи за време на Сатсанг, заедно со применување на соодветни мудри (одредено движење или положба на раката). Овие сесии беа многу плодни, бидејќи на нив научив како да се молам со повеќе духовна емоција (бав).

Покрај тоа, за веме на Сатсанг добивме совет да одредиме временски периди кога гласно ќе ги изговараме моливите. Почнав со една молитва на секој час и осеќав како тоа да беше премногу. И покрај таквото чувство, Бог ме охрабри да се молам на секои 30 минути. Повторно осеќав како тоа да беше премногу. И уште еднаш Тој ме охрабри да се молам на секои 15 минути – не треба ни да кажам, се соменвав дали тоа е можно. Но тогаш, неодмана Бога направи да се молам секои 7,5 минути.

Никогаш не ни помислив дека ќе биде можно да се зголемат нечии молитви квантитативно и квалитативно. Затоа, кога некој ќе ни каже ‘Тоа не е можно’ треба само да го исклучиме нашиот интелект, бидејќи што е тоа во животот (светот) што е невозможно за Бога?

Слично на тоа, истото искуство е валидно и за количината на пеење на Божјото Име, односно колку време една личност пее. Во почетокот, ми беше тешко да седам и пеам 15 минути секој ден. Повторно, се осеќав дека нема да можам да обавувам повеќе пеење во текот на денот. Меѓутоа, трагачот кој ме водеше рече дека целта е да се достигнат три саата пеење во текот на денот – во тоа време тоа за мене беше незамисливо.

Во еден момент, добивме совет од Нејзината Светост г-ѓа Лола Везилич, да ги зголемиме сесиите за духовно исцелување да седиме и пееме со концентрација два часа дневно. Само се обидов да го направам тоа и со Божјата милост усеав да направам голем чекор од еден час наместо предложените два часа дневно. Секако дека тоа беше можно благодарение на Божјата Милост, преку одлуката на Светец – Нејзината Светост Лола Везилич. Ова покажува дека Бог секогаш им помага на Неговите трагачи!

Овие денови ме поплавуваат слични мисли, како ‘Како ќе можам да ги придобијам сите квалитети, неопходни да станам ученик и да добијам благослов од Гуруто?’. Но потоа од свое искуство ќе се сетам , како во секоја фаза, понатамошниот чекор на духовна пракса ми изгледаше невозможен. Сфатив дека основноиот проблем со таквиот став, беше мислата или чувството дека ‘Јас’ можев нешто да направам. Всушност, самиот Гуру Принцип (Бог) е тој кој ги зајакнува трагачите за да можат да вршат духовна пракса и Тој е оној кој прави да духовната пракса да се случува. Затоа нема потреба да се грижите, се додека некој има волја и е подготвен да оди чекор по чекор и да вложува напори.

Денес, една година од започнувањето на моето духовно патување според советите на SSRF, чувствувам дека имам постигнато многу придобивки. Тоа не се случи преку една ноќ, но полека и во текот на последните неколку месеци, севкупниот квалитет на мојот живот се подобри во сите можни полиња.

4. Продбивки од духовна пракса под водство на SSRF

1. Зависно однесување: Бев зависен од гледање телевизиски серии и играње компијутерски игри 5 до 10 часа дневно, зависно од тоа дали треба да одам на училиште или не. Добар дел од денот ми беше исполнет со такви активности. Откако започнав да практикуам духовна пракса со овие работи веќе не се занимавам шест месеци и повеќе. Првенствено ичезна желбата да се впуштам во овие активности.

2. Односите се подобрија: Односите со моите родители, браќа и сестри и генерално со луѓето се подобри. Сега доста добро се сложуваме. Ова не беше порано случај, бидејќи бев мрзлив и непослушен.

3. Внатрешно чувство на смиреност: Општо земено, сега сум многу помалку под стрес, отколку порано. Веќе не се плашам од болести, поради што се чувствував доста нервозно, бидејќи знаењето на духвните принципи обезбедува филозофски поглед за несреќа во животот. Затоа, прифаќањето на различни ситуации сега ми е полесно.

4. Поголема свест во животниот стил: (исхрана, спорт, стрес) итн:

  • Исхрана: Порано јадев многу слатки, чоколади и месо – сега многу помалку јадам слатки и сум вегетарианец.
  • Спорт: Порано ги преморував зглобовите од прекуменото играње одбојка – сега правам истегања и се приклучив на пријателски спортови како Јога.
  • Стрес: Порано нагло се будев за го стигнам да го фатам автобусот, а сега откако ќе се разбудам одвојоувам време прво да обавувам пеење и така денот започнува сосема различно.
  • Навременост: Го одлагав учењето и обавувањето проекти за училиштето, а сега учењето е моја должност.

Денес, кога ќе се јават проблеми или тешкотии, полесно ги поднесувам, бидејќи имам свест дека тоа е прилика да се исполни судбината или да се зголеми предавањето на Бога. На кратко, осеќам дека преку духовната пракса мојот живот стана многу по исполнет и неизмерно сум благодарен што добив шанса да вршам духовна пракса и да достигнам вечно Блаженство. Нека Бог не благослови со огромна верба во духовната пракса.

–- Г-дин Адриан Дур, Германија, Европа