Анализа на случајот: Подобрување на менталното задравје – Дерек

SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.

На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своето убедување.

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Оваа анализа е во случајот на Дерек, раскажана со негови зборови. Страдаше од тешки хронични депресии.

1. Кога започна се?

Моите депресивни состојби почнаа да се манифестираат кога имав околу 17 години. Почна како отпор кон семејството и друштвото. Постојано се обидував да побегнам од семејството. Постојано се расправав со нив, се обидував да ги отерам од мене за да ме остават сам. Неколку пати се обидов да побегнам од дома, но после некое време пак се враќав. Еден студен и дожделив ден побегнав од дома и поминав околу еден километар во чорапи.

2. Како тоа влијаеше на моите години поминати во училиште?

Во училиштето воглавно бев добар, но со времето мојот интерес за учење почна да опаѓа. Не видов никаква смисла да продолжам со учење. Завршив средно училиште, но во последните три месеци ништо не учев и полугодието го завршив со многу лоши оценки, речиси од сите предмети. За среќа, моите претходни оценки, беа толку добри, така да можев да запишам факултет. Меѓутоа, кога стигнав до факултетот, почнав да чувствувам дека мојот живот нема смисла и дека треба да умрам. Го завршив првиот семестар од факултетот со лоши оценки. За време на мојот престој на факултетот почнав да пушам марихуана, пробав и некои други послаби дроги. Воглавно бев депресивен.

3. Како тоа влијаеше на мојата работа?

По завршувањето на факултетот почнав да работам полно работно време и да живеам сам. Бев се по депресивен и се чувствував отуѓен од општеството. Почнав да чувствувам „дека општеството нешто ми должи и дека не ја завршило својата работа“. Имав отпор кон авторитетите и посакував тие да бидат уништени и да завладее анархија. Често копнеев за тоа. Копнеев и по тоа, општеството да биде уништено, а јас да останам да живеам сам на пуст остров. Чувствував дека причината за мојата несреќа лежи во општеството.

Иако бев добар во работата, не бев задоволен од неа, а мојата депресија продолжуваше. Во текот на тој период почнав да земам кокаин. После неколку месеци престанав да го земам, затоа што во една ситуација речиси бев предозиран. Во тој момент, единствено што ме спаси, беше тоа што по нешто знаев за медитацијата. Поради тоа бев смирен и моето срце успеа да ја поднесе преголемата доза. Крварев од носот, а екстремитетите ми беа многу студени (студенилото полека се ширеше по телото додека не почнав да медитирам, и тогаш исчезна). Освен тоа, до 21-та година пушев 2 до 3 кутии цигари на ден.

Ја напуштив првата работа после седум месеци и најдов друга. Во текот на наредните 2-3 години, се чинеше дека не можам да задржам ниту една работа. Давав откази и започнував многу други работи. Работев во 5-6 компании во разни градови. Меѓутоа, и понатаму бев несреќен на секоја работа дури и кога бев унапреден. Немав трпение да го чекам унапредувањето, а дури и кога ќе го добиев, секако заминував, затоа што ништо не ме правеше среќен.

Сето тоа време се наоѓав во друштво на луѓе кои имаа навика да лажат, крадат и земаат дрога.

4. Каква беше мојата внатрешна состојба?

Многу пати, можеби педесетина, размислував за самоубиство. Единствената работа што во тоа ме спречуваше беше сфаќањето на интелектуално ниво дека, дури и да се убијам, ништо нема да биде решено. Само ќе заминам во Пеколот и повторно ќе се родам. Затоа ниту пробав да се убијам. Меѓутоа запливав во материјалните задоволства, воглавно за да побегнам од депресивната состојба. Како што веќе спомнав користев дроги. Играв и компјутерски игри до крајна изнемоштеност, понекогаш и до 20 часа без престанок. Поради тоа не можев да јадам многу, а понекогаш не јадев ништо. Спиев едвај 2-5 часа дневно. Сето тоа потполно ме исцрпуваше и ме правеше уште по несреќен.

Имав и интензивни сексуални мисли, уживав во нив 4-5 часа дневно и ги променував во реалност со мастурбација, (1-5 пати дневно) или спиејќи со жени. После ваквите активности, постојано се чувствував виновен и непрекинато ме јадеше тоа чувство. Имав силно изразено его, чувствувајќи дека сум предобар за сето она што ми го нудеше општеството. Чувствував дека можам да сторам многу повеќе, и дека го трошам времето за небитни работи. Чувствував дека можам да го променам општеството. Почнав да пишувам книга, но престанав после 30-40 страни, затоа што се запрашав: „Во што е смислата?“ беше моето општо чувство во животот.

5. Како се однесував кон другите луѓе?

Кога се оженив, малку се стабилизирав, но поради напливите на депресија не можев да бидам среќен ниту во бракот, а и мојата жена страдаше поради тоа. Со неа не спроведував многу време. Неможев во потполност да уживам во активностите како што се гледање филмови, одење во парк, летувања, итн. Постојано се чувствував виновен поради таквите активности, и постојано одлучував да останам дома. Сето тоа мојата жена ја правеше несреќна, затоа што и таа не можеше да ужива во тие активности. Постојано имавме жестоки расправии, и со денови бевме лути еден на друг. Многу пати мислевме дека треба да се разведеме. Покрај тоа, јас не сакав да имаме деца, затоа што не сакав да бидам татко. Ги избегнував домашните работи и понекогаш не се бањав по три дена. Сето тоа правеше проблеми и на мојата жена.

Ги прекинав односите со сето мое семејство кога имав 19 години, дури им напишав писмо, велејќи дека за нив сум мртов и да ме заборават. Секако, дека поради тоа беа несреќни. Понекош се обидуваа да ми помогнат, но јас тоа никогаш не им го дозволив. Бев многу груб и лут на нив. Целото мое семејство се прашуваше како да ми помогне, а фактот дека не можеа, ги правеше многу несреќни.

Луѓето во друштвото воглавно ме доживуваа како чуден, непристоен, арогантен и себичен.

Причината за сето тоа што јас и понатаму чувствував дека да се има семејство, е под моето ниво и дека сите материјални односи се бескорисни. Ова го чувствував и во бракот, кон својата жена, затоа што мислев дека бракот е само товар. Поради депресијата станав уште по егоцентричен и себичен. Потребата да размислувам за другите, или да имам обврски ме правеа несреќен. Сакав да се задоволам само себе си.

6. Како се обидував да се борам против таквата ситуација?

Понекогаш, во текот на годината, се обидував да престанам да се чувствувам депресивно. Тоа, меѓутоа, не се случуваше постојано, затоа што не се ниту надевав дека можам да доживеам среќа. Пробав да читам некои книги на темата за самопомош, но набрзо прекинував.

Пробав и со медитација, но не ми одеше најдобро, затоа што умот ми беше премногу немирен. Што се однесува до сексот, дрогата и видео игрите, многу пати се обидував да се откажам од нив. Понекогаш ми успеваше, но само на ниво на акција, и тоа само на неколку дена, во најдобар случај. Потоа, се откажував и повторно се предавав на своите желби.

Пробав и со разни видови на духовна пракса како што е медитација, проучување на духовни текстови, одев во цркви или храмови. Но, мојот интерес беше со краток здив и не можев да пронајдам некој кој ќе ми одговори на моите прашања за животот и моите проблеми, и да ми помогне.

7. Што можев уште да сторам против оваа ситуација?

Можев да посетам психијатар и можеби да добијам лекови. Меѓутоа, не верував дека лековите се здрави. Имав и многу сомнежи во врска со модерната медицина и нејзините лекари, затоа што мислев дека тие својата работа ја работат само да заработат пари, а не да им помагаат на луѓето.

Можев да отидам кај свештеник од било која вера и да прашувам за совети, но тие ме одбиваа. Сретнав многу од нив и видов дека се егоистични, или лицемерни, и дека знаат многу малку за Духовноста. 

8. Како ги надминав таквите состојби?

Со фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), се запознав преку мојата мајка. Почнав да вршам духовна пракса под водство на SSRF, и почнав да се чувствувам малку подобро. Главната причина е дека многу мои сомнежи беа разјаснети и што добивав знаење кое не можев да го пронајдам на друго место. Поради тоа мојата надеж се зголеми. Почнав да размислувам дека животот има смисла. Мислите за самоубиство значително се намалиа. Пронајдов зрак на светлина во мојот живот.

После некое време дознав дека постојат духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). На почетокот не верував во тоа, но после примената на некои духовни мерки кои што делуваат против негативните енергии, мојот напредок беше уште побрз, а мојата свесност за негативните енергии се зголеми. После некое време навистина ги видов, како се лути на мене и како сакаат да ме уплашат. Во почетокот се плашев и сакав да се откажам, но со тек на времето станав по храбар и продолжив со примена на духовните методи за исцелување.

9. Каква е мојата состојба сега?

После вршењето духовна пракса под водство на SSRF во минатите четири години, јас сум друга личност.

Нападите од депресија се многу ретки, а и кога се случат траат кратко, од 2 дена до 1 недела. Порано депресивните состојби траеа со недели. Нивниот интензитет се намали и поради тоа не размислувам за самоубиство. Сега тоа е состојба на тага на нормално лице. Во текот на овие години од кога вршам духовна пракса воопшто не користев дрога.

Сега сум наоружан со знаење кое што е потребно за борба против ваквите состојби и постојано сум свесен за негативните енергии. Сега тие не можат да влијаат врз мене онака како што можеа порано, затоа што можам да ги препознам депресивните, или негативните мисли во мојот ум што доаѓаат од нив.

Вршејќи духовна пракса за време на овие години, повторно се поврзав со моето семејство и го зацврстив нашиот однос заснован на взаемна љубов. Ја презедов одговорноста за обврските кон семејството и тие поради тоа се среќни.

Состојбата во бракот многу ми се поправи. Освен малите расправии кои се случуваат во секој брак, заедно сме среќни и љубовта што не врзува е уште посилна. Очекуваме бебе и јас сум многу среќен поради тоа и сум спремен да бидам татко. Поминувам многу повеќе време со мојата жена, водам сметка за домот, со моите обврски и се трудам да ја заменам во работите.

Луѓето ме гледаат како многу по достапен, а јас чувствувам многу повеќе љубов кон луѓето воопшто. Постојано стекнувам нови пријатели, додека порано имав само еден или двајца.

Многу сум по стабилен и во работата каде што работам веќе неколку години. Неколку пати бев унапредуван и дотуркав до директорско место.

За мене е најважно што одвнатре станав стабилен човек. Често се радувам, а и понатаму се трудам да продолжам да се менувам на подобро.

Бог е се по присутен во мојот живот. Чувствувам како ме води и се грижи за мене во сите аспекти на мојот живот.

10. Перспектива од аголот на истражување засновано на духовната наука

Дијагноза

6. мај 2002 година, Дерек дојде во SSRF во состојба на депресија. Ова е неговата слика снимена тој ден.

MKD-Derek-in-depression

Одведен е во Одделението за суптилно читање. Овде трагачот, г-ѓа Анурада Вадекар, со своето активно шесто сетило (способност за суптилна перцепција) направи суптилен преглед за да види како изгледа Дерек во суптилната димензија. Нацрта цртеж за тоа што го има видено. Вака изгледаше суптилната слика.

MKD_Derek1up

А ова е компјутерски обработена слика за она што таа навистина го видела.

Од сликата јасно се види дека духот го опседнал Дерек. Се обидуваше да го контролира. Го опседнал и влијаеше на неговото тело и ум. Ставаше сомнежи во неговиот ум и предизвикуваше депресија. Сивите тонови означуваат помали телесни болки. Дерек чувствуваше болки во целото тело, затоа што во него имаше црна енергија.

Како и зошто духот го опседнал Дерек?

Духот го мачел Дерек, затоа што не сакал Духовно да напредува и ја шири Духовноста во општеството. На духовите им е лесно да ги опседнат оние што имаат слаб ум и високо его.

Што била вистинската причина за прекумерните сексуални мисли?

Кога негативната енергија на духот се складира во препоните, која што воглавно се однесува на елементите на Апсолутната Земја и Апсолутната Вода, тогаш дел од Раѓа компонентата (акција и страст) во менталната обвивка се зголемува. Резултатот од тоа се зголемени сексуални желби. Овие црни фреквенции на духот влијаат на репродуктивните органи предизвикувајќи нивно стеснување и ширење што делува на менталната обвивка и ги зголемува сексуалните желби.

Духовен лек / средство за исцелување

Според духовната наука, вистинската духовна причина за секоја болест е двострана:

  1. Едната причина произлегува од зголемената Тама компонента (инерција и незнаење) со истовремено намалена Сатва компонента (чистота и знаење) кога негативната енергија на духот се складира во препоните,
  2. Другата причина е влијанието на одредената негативна енергија.

Затоа духовниот лек е заснован на отстранување на овие два предизвикувачки фактори.

На Дерек му е советувано пеење на Божјото Име според неговата религија. Тој тоа веднаш го примени и тоа со вера. Резултатот беше олеснување и намалување на неговите проблеми.

Механизам на делување на духовниот лек / метода на исцелување

Во случајот на Дерек духовниот лек беше пеење на Божјото Име. За да објасниме како пеењето делува, ќе претставиме што се случува во секоја од специфичните фази на пеењето.

Кликнете овде за да ја видите сликата

Дерек го пееше Божјото Име со вера дека ќе му донесе олеснување од вознемиреноста. Ефектот од пеењето беше видлив веќе после 15 минути. Како што можеме да видиме на суптилната слика, додека Дерек пее, во него доаѓа до зголемување на Божествената свесност за 30%. Преовладувачките сатва фреквенции зрачеа од него со голема брзина. Овие фреквенции го нападнаа духот до ниво од 20% и создадоа заштитна обвивка околу Дерек до ниво од 10%. Поради тоа духот почувствува дека гори, мораше да го пушти Дерек од прегратката и да се оддалечи на страна. Духот се оддалечи 10 см од дерек, поради Божествената свесност во дерек, црната енергија почна да истекува надвор, а болките во телото и другите симптоми се намалија за 30%. Поради преовладувачките сатва фреквенции, црната обвивка околу умот е уништена.

Ова го објаснува фантастичното закрепнување на Дерек.

Со редовно пеење на Божјото Име духот беше присилен засекогаш да го напушти телото на трагачот.

Ова се случува поради следниве фактори:

1)  Со континуирано пеење на Божјото Име, сатва компонентата во трагачот се зголемува, а раѓа-тама се намалува. Поради порастот на сатва компонентата духот чувствува непријатност и не може да ја поднесе. Поради намалување на тама компонентата, повеќе нема слаба точка во Дерек која што ја користи за влез во неговото тело.

2)  Како што е прикажано на следната слика, околу Дерек е создаден заштитен штит, кој што го заштитува од влегувањето на истиот или други духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

 Chanting God's Name - A spiritual remedy for overcoming depression