1-MKD-How-to-perform-Agnihotra

Агнихотра е едноставен обред со оган, спомнуван уште во древните Ведски списи, кој се изведувал со цел за намалување на загаденоста и духовно прочистување на атмосферата. За пoвеќе да научите за духовното истражување на SSRF за Агнихотра, ве молиме да прочитате за: Духовното истражување на обредот Агнихотра.

1. Краток преглед

Агнихотра се изведува во точно време на изгревањето и заогањето на сонцето, по локално сметање на времето каде што Агнихотра се изведува. Огнот се подготвува во полу-пирамидален бакарен сад. Две прстофатки сурови зрна на ориз, премачкани со неколку капки прочистен путер од кравјо млеко (ги) се понудува во оганот. Два пати ставаме ориз во огнот и притоа пееме (повторуваме) две едноставни Ведски мантри.

2. Агнихотра мантри

Понудите на Агнихотра се принесуваат во огнот со пеење на следниве Санскрит мантри.

2.1 Додека изгрева сонцето

1. Сурјаја Сваха Сурјајо Идан На мамо |

2. Праѓапатаје Сваха Праѓапатајо Идан На мамо |

> Слушнете ги Агнихотра мантрите што се изговараат додека изгрева сонцето 

2.2 Додека заоѓа сонцето

1. Агнаје Сваха Агнајо Идан На мамо |

2. Праѓапатаје Сваха Праѓапатајо Идан На мамо |

> Слушнете ги Агнихотра мантрите што се изговараат додека заоѓа сонцето 

Пеењето на мантрите помага при создавање и развивање на духовна емоција, целосно предавање внатре во нашиот ум. Пејте ја мантрата така да нејзиниот звук вибрира низ целата куќа. Изговарањето треба да биде чисто и ритмичко. Имињата ’Сураја’, ’Агни’ и ’Праѓапатаје’ во мантрите се синоними за Семожниот Бог. Со изговарањето на овие мантри, се развива чувство на целосно предавање на Бога.

3. Палење на огнот

3.1 Потребни состојки за Агнихотра:

  • Две прстофатки сурови, неоштетени зрна ориз
  • Прочистен путер од кравјо млеко (ги)
  • Полу-пирамидален бакарен сад
  • Сув кравји измет
  • Извор на огнот (запалка, кибрит, итн)

[Повеќето состојки можат да се купат во специјализираните продавници за снабдување за Агнихотра. Можат да се најдат и на Интернет.]

3.2 Подготовка на состојките

Проверка на времето на локалното изгревање и заоѓање на сонцето (ова може да се провери и онлајн на оваа веб-страница http://www.timeanddate.com/worldclock/sunrise.html во годишен распоред за изведување на Агнихотра. Потоа, Пет до десет минути пред изгревањето и заоѓањето на сонцето, се подготвуваат парчињата од сувиот кравји измет во Агнихотра садот:

  • Најнапред, земете помало четвороаголно парче сув кравји измет и ставете го на дното на садот, толку големо, колку да го покрие дното на садот.
  • Ставете две помали парчиња на предната и на задната страна на садот.
  • Врз овие две парчиња, ставете уште две подолги парчиња вертикално покрај левата и на десната страна на садот; да има простор помеѓу нив.
  • Ставете уште 1 или 2 вакви слоја, првите две парчиња ставете ги хоризонтално, а следните две вертикално. Вака е створена празнина во средината на садот.

Земете парче од кравјиот измет и врз него ставете малку од путерот. Запалете го тоа парче и ставете го во средината на сложените парчиња од кравјиот измет во садот. Според потребите исто така може да се користи смирна, камфор, или памучен фитил натопен во путер. При палењето на огнот, може да се капнат неколку капки од путерот врз сложените парчиња од кравјиот измет. Огнот треба да се разгори и сите парчиња треба да почнат да горат. Огнот треба да се распламти во садот пред да почнеме да ја изведуваме Агнихотра.

Ставете две прстофатки зрна од ориз премачкани со путер на дланката од својата лева рака, или во мал сад.

4. Понуда

4.1 Утринска Агнихотра

  • Точно во времето на изгревањето на сонцето треба да почнеме да ја изговараме првата мантра ’Сураја Сваха’.

  • При понудата, зрната ориз ги ставаме на средниот и домалиот прст на десната рака и ги туркаме со палецот (дланката свртена нагоре), додека во исто време левата рака ја држиме на градите. Веднаш после изговарањето на ’Сваха’, се понудува дел од зрната ориз во огнот и во продолжение на мантрата се изговара првиот ред до крај ’Сураја Идан На мамо’.

  • Изговарајќи го вториот ред на мантрата, се понудува остатокот од оризот во огнот изговарајќи ’Праѓапатаје Сваха’ и се завршува мантрата изговарајќи ’Праѓапатајо Идан На мамо’.

  • Се концентрираме на огнот додека оризот во целост не изгори. Со тоа се завршува со утринската Агнихотра.

4.2 Вечерна Агнихотра

  • Навечер, пред да ја изведеме Агнихотра, многу внимателно треба да го исчистиме садот од утринскиот обред од пепелот и го ставиме во посебно наменет сад за тоа.

  • Се повторува утринскиот обред. Подготвуваме нов оган од парчиња кравји измет и ги ставаме во садот. Подготвуваме два еднакви дела од зрна ориз премачкани со путер за две понуди од ориз во огнот.

  • Точно во времето на заоѓањето на сонцето, со пеењето на Агнихотра мантрата за заоѓање на сонцето ’Агнаје Сваха’, се принесува првиот дел од оризот после изговарањето на ’Сваха’ и се завршува мантрата изговарајќи Агнајо Идан На мамо’.

  • Слично на тоа, изговарајќи го вториот ред на мантрата се става остатокот од оризот во оганот после изговарањето ’Праѓапатаје Сваха’ и се звршува мантрата изговарајќи ’Праѓапатајо Идан На мамо’.

  • Се концентрира на огнот се додека оризот не изгори во целост. Со тоа се завршува вечерната Агнихотра.

5. Други подготовки

  • Просторот за Агнихотра секогаш треба да биде чист и уреден.

  • Наутро, пред изведувањето на Агнихотра ќе биде добро да се истушираме, а навечер доколку не е можно да се истушираме, да ги измиеме рацете и нозете.

  • Пепелот од Агнихотра се собира во посебен сад. Тој пепел има лековити својства (Ве молиме погледнете www.homatherapy.de/linked/buch_eng.pdf) и исто така може да се користи како ефективно и многу корисно ѓубриво за растенијата во земјоделството и за цвеќето. Пепелот не се третира како отпад и не се фрла во корпа за отпадоци. Пепелот може да се фрли во езеро, река или во некој друг поголем воден простор. На суптилно ниво овој пепел ја прочистува водата.

6. Чекори во изведувањето на Агнихотра (серија на слики)

Подолу се прикажани серија на слики кои ги покажуваат чекорите во изведувањето на Агнихотра.

 

7. Каде се изведува?

Агнихотра може да се направи во било која соба, или место во домот. Идеално е да се направи каде што има олтар, или каде што се медитира. Исто така може да се изведе на балконот, или на терасата, на фармата, или во дворот покрај куќата.

8. Кој може да ја изведува?

  • Изведувањето на Агнихотра е едноставно, лесно се усвојува и е универзално. Може да ја прави секој. Во светот, многу луѓе и семејства го прават овој жртвен оган и имаат придобивки од тоа. Во овој обред нема попречувања како обврските на припадност на некоја религија, секта, каста, вероисповест, националност, раса, полот и годините. Жените и децата исто така можат да ја прават. Жените не траба да ја прават за време на менструалниот циклус.

  • Ако Агнихотра се иведува како превентива, или активна мерка за заштита од нуклеарна радијација, тогаш SSRF предлага да ја изведува лице со најмалку 50% духовно ниво. [За дополнителни информации за значањето на духовното ниво при зголемувањето на делотворноста на Агнихотра за заштита од нуклеарна радијација, ве молиме прочитајте го написот: Дали Агнихотра може да го спречи ефектот на нуклеарната радијација]

  • Само едно лице траба да понуди ориз кога се врши Агнихотра. Членовите на семејството кои што присуствуваат на изведувањето на Агнихотра ќе имаат придобивки од неа.

9. Развивање на чувство на целосна преданост

  • Понудата на зрната ориз се прави со десната рака, а левата рака се става на градите, затоа што со тоа се зголемува духовната емоција за преданост на Бога.

  • После понудата на оризот во огнот, треба да се седи мирно и да се обидуваме да се концентрираме на Божествената енергија. За тоа време треба да се обидеме да ги отфрлиме сите мисли од умот и да настојуваме да развиваме чувство на целосна преданост на Бога.

  • На крајот, треба да оставиме огнот сам да изгасне. Не треба да го гасиме на било кој начин. Доколку некои парчиња измет останат недогорени, се ставаат во сад за да се искористат следниот пат.

10. Суптилна слика на Божествените фреквенции создадени во текот на изведувањето на Агнихотра

Кликнете овде за подобро разбирање на суптилната слика

2-MKD-Agnihotra-subtle

Реден број Објаснување
1 Создавње прстен од духовна емоција (Бав)
2 Привлекување на Највисокиот Божји принцип
2A Создавање прстен од Највисокиот Божји принцип
3 Привлекување на проток од Божествена свесност (Чаитанија)
3A Создавање прстен од Божествена свесност (Чаитанија)
Емисија на Божествена свесност (Чаитанија) во форма на зрачење
Емисија на Божествена свесност кон лицето кое ја изведува Агнихотра и создавање прстен од Чаитанија
4 Привлекување на принципот на Сонцето после понудата на оризот (Аути)
4A Создавање прстен од принципот на Сонцето
5 Привлекување на проток од принципот на Огнот
5A Создавње прстен од принципот на Огнот
Емисија на прстени од приципот на Огнот
6 Емисија на проток од енергија од мантрата (Мантра-шакти)
7 Ширење на честички од Божествена енергија (Шакти)
8 Емисија на принципот на Апсолутниот Оган (Теѓ-татва)
8A Создавање прстен од принципот на Апсолутниот Оган (Теѓ-татва)
9 Ширење на честички од Божествена Енергија во форма на Чаитанија
10 Прочистување на Кундалини-чакрите
11 Ширење на честички од витална енергија
11A Добивање на витална енергија (Пран-шакти)
12 Ширење на честички од Божествена Енергија
13 Создавање на заштитна обвивка околу телото