Како делуваат молитвите и како се моли?


Резиме

Во овој напис се зборува за тоа како молитвите функционираат и како да се молиме. Постојат два вида на молитви – за световна корист и за духовен раст. Во согласност со тоа, различен аспект на Бога одговара на различни молитви. Истражувањето засновано на духовната наука покажа дека дури и негативните енергии можат да одговараат на нашите молитви, и тоа на наша штета! Духовното ниво на личноста е единствениот и најважен фактор кој гарантира молитвите на тоа лице да бидат услишани. Молитвата за мир во светот, иако е благородна мисла, најверојатно нема да биде услишана поради недостаток на духовно ниво на луѓето што се молат. Парадоксално, луѓето кои навистина можат да влијаат на промени само со една молитва се Светците, но за нив молитвата нема многу значење, затоа што се постојано во целосна согласност со Божјата волја и не ја гледаат одделена од својата волја. И на крајот, положбата во која се молиме исто така придонесува за тоа дали молитвата ќе биде услишана, или не.

1. Вовед во тоа како делуваат молитвите

Соочени со тешки, или несовладливи ситуации во секојдневниот живот, како што се губење на некое богатство, неизлечива болест, големи финансиски проблеми, итн. луѓето се молат на Бога, или на некој негов аспект познат и како Божество. Тоа се молитви со материјални, или световни очекувања.

Трагачите по Вистината, чиј главен фокус во животот е духовниот раст, исто така се молат на Бога, не само во тешките туку и во обичните дневни ситуации. Нивните молитви, меѓутоа, не се врзани за световните очекувања туку за нивниот духовен раст и ги изговараат како дел на својата духовна пракса.

Овој напис објаснува како двата типа на молитви биваат услишани.

За подобро да го разберете овој напис ве молиме прочитајте ги написите:

Важно е да напоменеме дека секојпат кога имаме проблеми, или потешкотии во животот, нивната вистинска причина може да биде физичка, ментална, или од духовна природа. Истражувањето што го направи Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) покажува дека вистинската причина до 80% од проблемите во животот е во духовната димензија. Судбината и суптилните тела на преминатите предци се два многу важни фактори меѓу духовните причини во животот.

2. Како молитвите биваат услишани?

2.1 Кој одговара на нашите молитви?

  • Следниот дијаграм прикажува кој одговара на нашите молитви зависно од видот на молитвата. Генерално, молитвата се разликува зависно од духовното ниво на личноста. На пример, лицето кое е на духовно ниво од 30% почесто ќе се моли за световни работи. Лице кое е на духовно ниво од 50% почесто за својот духовен напредок. Во согласност со тоа, на молитвите одговараат различни суптилни енергии во Универзумот. Интересно е дека дури и негативните енергии одговараат на молитвите во случај кога се моли некому да му се случи некоја штета, или лицето сакаат да го подредат под свое влијание така што прво му ја исполнат желбата. На пример, како што е прикажано на дијаграмот подолу, лицето кое се моли за смрт на друго лице ќе помогне негативен суптилен ентитет од четвртиот регион на Пеколот. На молитвите за световна корист обично одговараат нижите Божества, или нижите позитивни енергии. Молитвите за духовен раст биваат услишани од страна на Божествата од повисоко ниво, или вишите позитивни енергии.
  • Кога на Бога, или на одредено Божество се помолиме со очекување како што е добивање на работа, или оздравување, на нашите молитви како што е објаснето порано, одговараат Божествата од пониско ниво, или нижите позитивни енергии. Да го земеме примерот на лицето кое интензивно се молело да добие работа. Ако судбината на тоа лице е 5 години да биде без работа, тогаш нижите позитивни енергии, или Божествата од нижите нивоа можат да одговорат на молитвата така што ќе го поместат овој петгодишен период без работа наместо да се случи кога е предвидено, за подоцна во иднината на тоа лице. Така да лицето сеедно мора да помине кога тогаш преку периодот во кој ќе биде без работа. (Ова се случува затоа што без оглед на се, лицето мора да ја проживее својата судбина, оти судбината може да биде надмината само со вршење на духовна пракса).
  • Понекогаш Божествата од вишите региони му помагаат на трагачот по Вистината во световна ситуација ако таа ситуација претставува бариера во неговата духовна пракса.

2.2 Како молитвите биваат услишани?

  • Кога лицето се моли, интензивно се сеќава на Бога и со него води интимен разговор за работите кои му се многу блиски до срцето. Според законот на рефлексни реакции и Бог чувствува блискост со тоа лице.
  • Молитвите имаат способност да го активираат Божествениот Принцип (аспектот на Бога) во Универзумот. Кога некој заедно со молитвата изрази и благодарност се собираат најсуптилните фреквенции. Овие фреквенции имаат способност не само да активираат туку и го допрат Божеството, така да Божествениот Принцип се активира. Ова активирање на Божествениот Принцип (аспектот на Бога) доведува до услишување на молитвите. Божествата ги услишуваат молитвите со помош на силите на своите намери. Видете го написот: Кој е Божество?

    Примери на молитви проследени со благодарност:

    • Боже те молам дозволи да ја добијам оваа работа, навистина ми е потребна. Боже, сум ти благодарен што ми ја прати мислата да се помолам.
    • Боже, дозволи ми сите активности во денешниот ден да ги извршам како своја духовна пракса. Боже, ти благодарам што ми ја подари оваа мисла и што преку мене ја изрече оваа молитва.
  • Молитвите ги привлекуваат суптилните Божествени фреквенции кон лицето и како резултат, обвивката од раѓа-тама околу лицето биде уништена. Така окружувањето околу тоа лице станува повеќе сатвик. Со оглед на тоа дека лицето ја зголемува сатва компонентата, се намалува и бројот на неговите мисли и тие исто така стануваат сатвик. Ова се случува затоа што окружувањето влијае на умот.
  • SheathsМолитвата ги зголемува честичките на основната суптилна сатва компонента во обвивката на виталното тело. Кога изразиме благодарност, честичките на основната суптилна сатва компонента во обвивката на менталното тело се зголемуваат. Така молитвата проследена со благодарност придонесува за духовно прочистување на обвивката на виталното и менталното тело. За повеќе информации за виталното и менталното тело видете го објаснувањето – “Од што се состоиме?“Благодарејќи на духовното прочистување на обвивката на виталното и менталното тело почнува уништувањето на импресиите во обете обвивки. Заедно со намалувањето на бројот на импресиите, се намалуваат мислите за самиот себе и привлечноста што ја чувствуваме кон световните работи (Маја или Големата Илузија). Ова понатаму води кон зголемување на желбата за Бога и копнежот да се споиме со Него. Покрај тоа, со оглед на тоа дека и двете обвивки се прочистени, негативните енергии не можат да влезат во телото.Прочитајте го написот – Како пеењето го прочистува нашиот ум. 
  • Кога се молиме, ние ја прифаќаме нашата неспособност сами да го решиме проблемот, па со оглед дека себе се гледаме “инфериорни“, нашето его се намалува. Со намалување на егото привремено расте духовното ниво и доаѓа до привремено зголемување на суптилната основна сатва компонента. Понатаму, изразувањето на благодарност, создава чувство на понизност во нас што има уште поголем позитивен ефект на нашето духовно ниво. Така нашата комуникација со Бога се поправа. Ова зголемување на суптилната основна сатва компонента само по себе го зголемува нашиот капацитет да го решиме, или да го прифатиме проблемот.

3. Кога нашите молитви имаат ефекти?

Во нашиот живот 65% од настаните се судбински одредени. Судбинските настани се случувања над кои немаме никаква контрола. Ве молиме прочитајте го написот судбина и слободна волја.

Судбинските настани, добри или лоши, мораат да се случат во нашиот живот. Лошите судбински настани можат да бидат болест, или лош брак. Просечниот човек воглавно се моли на Бога тогаш кога му се случуваат лоши работи. Се моли на Бога да ја отстрани таа лоша работа. Меѓутоа видовме дека нашите молитви не биваат секогаш услишани. Видете го написот – Судбината како вистинска духовна причина за проблемите во животот.

Каков е тогаш законот? Кога молитвата може да го отстрани лошиот судбински настан така да тој воопшто не се случи, или да бидеме заштитени од него?

Типично, се случува следното:

  • Ако молитвата е посилна од интензитетот на судбинскиот настан, тогаш молитвата ќе биде услишана.
  • Ако интензитетот на судбината е посилен од молитвата, молитвата ќе биде услишана само делумно, или воопшто нема да биде услишана.

4. Што ја одредува ефикасноста на нечија молитва?

Следниве фактори придонесуваат за ефикасноста на молитвата:

  • Духовното ниво на личноста што се моли – што е повисоко духовното ниво на некој, до толку неговата молитва е поефикасна.
  • Квалитетот на молитвата – дали молитвата е механичка, од срце, или со духовна емоција (бав) на трагачот по Вистината.
  • За што лицето се моли (за себе или за другите) – кога се молиме за другите потребна е многу поголема духовна сила. Што поголем е бројот на луѓе на кои молитвата делува до толку ќе биде потребна поголема духовна сила за да се постигне саканиот резултат. Само Светците од повиските редови можат да произведат промени во општеството.
  • Его – Ниското его придонесува за ефикасност на молитвата.
  • Во која положба (мудра) лицето се наоѓа? Овој фактор кај повеќето луѓе станува еден од најважните фактори, затоа што останатите горе наведени фактори, кај повеќето луѓе помалку застапени.

4.1 Духовно ниво на лицето и молитва

Духовното ниво на лицето кое се моли е еден од главните критериуми кои ја одредуваат ефикасноста на молитвата.

  • За трагачите со духовно ниво од преку 60% молитва не им е потребна. Тие се водени со духовна емоција/чувство дека се „Се случува според Божјата волја“. Тие всушност доживуваат дека во нивните животи се случува и осигурува благодарејќи на Божјата милост. Нивниот ум е во постојана состојба на благодарност на Бога. Еднаш кога се дојде до оваа состојба, молитвата веќе не е потребна.
  • Молитвите на луѓето кои се на духовно ниво под 30% недостасува сила и во најдобар случај тие им донесуваат само психолошка корист. Причина за тоа е што егото им е премногу високо за да нивните молитви можат да го достигнат Божествениот Принцип.
  • Од ова можеме да видиме дека молитвите имаат најголем ефект кај луѓето чие духовно ниво е помеѓу 30 – 60%.

Погледнете го написот – ’Поделба на светската популација според духовното ниво’.

Од време на време слушаме повици од разни луѓе да се собираме и молиме за мир во светот, или за благородни цели како што е намалување на глобалното затоплување. Од перспектива на вистински постигнувања, ова е во најдобар случај труд на психолошко ниво. Причина за тоа е фактот дека сите главни светски настани имаат силна духовна основа и можат да бидат надминати само со духовен труд на високо духовно развиени луѓе како што се Светците од повисок ред. Дури и кога би се собрале милиони луѓе (со просечно духовно ниво) и се помолиле за истиот световен настан, нивниот обид би бил еднаков на обидот на мравка да подигне голема карпа.

Забелешка: Некои луѓе би можеле да помислат, ако Светците можат да влијаат на глобалните промени, зошто тогаш не осигурат мир во светот, или го намалат глобалното затоплување? Парадоксот е во тоа што иако Светците имаат духовна моќ да влијаат на световните настани, Тие имаат духовна емоција дека само Бог знае што е најдобро. Покрај тоа, со оглед дека се наоѓаат во „став на набљудувачи“ (сакшибав) по својата природа не се мешаат во Божјиот план туку се со Неговиот план во потполна усогласеност. Тие имаат потполна свест дека според Божјата волја се се случува според личната и колективната судбина. (Судбинските настани се оние настани кои ни се случуваат во животот поради нашите дела од минатото, било од овој, или од претходните животи).

5. Која е најдобрата положба за молитва?

SSRF по пат на истражување засновано на духовната наука ја препорачува долу наведената положба (мудра) како положба во која по пат на молитва добиваме максимум Божествена енергија.

Долу прикажаниот суптилен дијаграм покажува две фази во оваа положба (мудра) и што всушност се случува на духовно ниво кога некој се моли.

5.1 Објаснување на првата положба за молитва (мудра)

Првата фаза во оваа положба (мудра) е подигање на рацете во молитва со палците кои лесно го допираат делот помеѓу веѓите или Челната чакра (центар на духовната енергија на средината на линијата која ги поврзува веѓите).

Со свиткување на главата во оваа положба за молитва, во нас се буди духовна емоција на предавање. За возврат, ова ги активира соодветните суптилни фреквенции на Божеството од Универзумот. Овие Божествени фреквенции влегуваат преку врвовите на нашите прсти кои имаат улога на приемник. Овие Божествени фреквенции понатаму се канализираат во нашето тело преку палците до Челната чакра (центар на духовната енергија на средината на линијата која ги поврзува веѓите). Резултатот е зголемување на позитивната духовна енергија во нас поради која се чувствуваме полесни, или ослободени од симптомите на физичка или ментална напнатост.

5.2 Објаснување на втората положба за молитва (мудра)

По завршувањето на молитвата би било добро да се заземе друга мурда положба, како што е прикажано на дијаграмот погоре. Тоа значи дека наместо веднаш да ги спуштиме рацете после молитвата, треба да ги ставиме на средината на градите на таков начин да зглобовите на дланките ги допираат градите. Ова го олеснува процесот на потполно впивање на Божествената Свесност на Божествените Принципи. Така иницијалната Божествена Свесност на Божествениот Принцип која е влезена во врвовите на прстите сега исто така доаѓа до пределот на градите на Срцевата чакра. Како и Челната чакра, Срцевата чакра исто така добива сатва фреквенции. Со допирањето на зглобовите на дланките, Срцевата чакра се активира и помага да се впива повеќе сатва фреквенција. Кога е активирана, Срцевата чакра ја буди духовната емоција и посветеност кај трагачот.

Во оваа фаза на мудрата, човек траба да биде во интроспекција и фокусиран на доживување да се биде во Божјото присуство.

5.2.1 Правилна положба на главата во текот на молитвата

Забелешка:

  • Телото треба да биде свиткано, а не исправено.
  • Прстите треба да бидат паралелни со челото и не треба да бидат вкочанети, туку опуштени.
  • Прстите треба да се допираат – не да се раширени.
  • Палците треба лесно да го допираат пределот на Челната чакра.
  • Рацете треба да бидат лесно споени – минимален простор помеѓу дланките. Во случај трагачот на духовно ниво да биде над 50%, не е потребен простор помеѓу дланките.

5.3 Молитва со духовна емоција

Следниот суптилен дијаграм покажува што се случува кога лицето на духовно ниво од 50% се моли со духовна емоција. Најважно е да напоменеме дека луѓето кои се наоѓаат во близина исто така добиваат корист од Божествената Свесност на која и пристапува тоа лице. (Обратете внимание на делот од дијаграмот кој покажува 5% фреквенција на Божествена Свесност (Чаитанија) ослободена од телото). Поради ова е забележано додека луѓето се молат со духовна емоција, исто така се активира духовна емоција во другите кои се наоѓаат во непосредна близина.

5.4 Дали секој пат кога се молиме треба да заземеме одредена положба?

Ако лицето е на високо духовно ниво (преку 50%) тоа почнува да добива Божествени суптилни (недопирливи) фреквенции директно преку Брамарандра. Брамарандра е суптилен отвор над Чакрата на темето на главата (според духовната наука Кундалини Јога) која има пристап до Универзалниот Ум и Интелект. Овој суптилен отвор е затворен кај луѓето со ниско духовно ниво. Основниот фактор кој помага за отворање на Брамарандрата е нискиот степен на его. Кога некој е на оваа ниво на духовен раст, потребата за оваа положба (мудра) во текот на молитвата како е опишан претходно станува се помала.

Сепак, ако лицето на духовно ниво од 50-80% ја надополни својата молитва со оваа препорачана положба – мудра, она добива благодат на додатна Божествена Свесност. Оваа додатна благодат е за 30% поголема во случај да лицето е на духовно ниво од 50% и пропорционално се намалува како духовното ниво расте.

Како повеќето луѓе не е на високо духовно ниво, тие не се способни да ги примаат Божествените фреквенции преку Брамарандра. Повеќето луѓе (на ниво од 30 – 60%) сепак се способни да ги примаат суптилните фреквенции преку врвовите на прстите (иако во многу помала мера), затоа што нашите прсти се многу чувствителни за прифаќање и праќање на суптилните енергии. За оваа група на луѓе е најдобро да ја користат положбата за молитва – мудра која е предложена во овој напис. Доколку сите други фактори остануваат еднакви, користејќи ја препорачаната положба (мудра) за време на молитвата, молитвата ќе биде за 20% поефикасна кога ќе ја заземат оваа положба.

5.5 Споредување на ефикасноста на различни положби за молитва

Подолу се прикажани различни положби на рацете во тек на молитва. Истражувањата засновани на духовната наука на различни положби на рацете (мудри) во текот на молитва, дојдовме до следниве заклучоци кога е во прашање ефикасноста на молитвата.

Ефикасност на различни положби во текот на молитвата

Положба во молитвата Споредбена1 духовна придобивка Ниво на2 достапна позитивна енергија Количина на3 достапна позитивна енергија Нарушување од4 страна на негативните енергии
Како да се моли

8%

Високо

30%

2%

Како да се моли 4% Средно 10% 4%
Како да се моли 2% Ниско 5% 5%
Како да се моли 2% Ниско 5% 5%

Забелешки:

  1. Ниво од 100% означува добивање на потполна духовна корист која што резултира со спознание на Бога.
  2. Манифестирано ниво на Божествените Принципи, те. Божествата од високо, средно и ниско ниво.
  3. Процент на пристап до Божествениот Принцип.
  4. Ова ја покажува можноста од нарушување на негативните енергии на молитвата и ја намали верата во трагачот. Негативните енергии ја попречуваат молитвата за да таа не биде услишана и така ја нарушуваат верата на трагачот.

Пробајте сами да направите суптилен експеримент во кој ќе ја искажете истата молитва во секоја од горе наведените мудри посебно.

Во некои случаи, луѓето се држат за раце во текот на молитва. Ниту ова не е духовно исправна пракса, затоа што ако лицето до вас е под влијание на негативните енергии, поголема е веројатноста дека црната енергија ќе се пренесе на вас.

Видете го написот: ’Колку светската популација е под влијание на негативните енергии?’.

6. Најважни заклучоци за механизмот на молитвите

  • Духовното ниво на лицето одредува дали лицето се моли за духовен раст, или за световна корист. Во зависност од видот на молитвата, Божествата од високото, или од ниското ниво одговараат на молитвите.
  • Духовната емоција со која некој се моли има позитивно влијание на ефикасноста на молитвата.
  • Во зависност од тоа која мудра се користи, варира и користа која некој ја добива од молитвата.
  • Ако сите други фактори се еднакви, користењето на препорачаните мудри (положби) за молитва помага за 20% да се зголемат шансите молитвата да биде услишана.
  • Молитвите на луѓето од ниско ниво за работите што ја погаѓаат пошироката популација, како што се мир во светот, или намалување на глобалното затоплување немаат ефекти.
  • Изразување на благодарност ја зголемува ефикасноста на молитвата.