Со цел за подобро разбирање на овој напис ви ги препорачуваме да ги прочитате следните написи:
1. Јога часови и духовниот раст – вовед
Посетувањето на часови по Јога стана многу популарно ширум светот. Многу часови по Јога се ограничени на јога асана или јога вежби и пранајама. Пранајама се вежби со дишење осмислени од древните јогии заради регулирање на виталната енергија во телото. Од перспектива на духовниот раст, кои се придобивките од јога часовите кои се насочени само на јога асана и пранајама?
2. Јога асана и пранајама го прочистуваат нашето тело и виталните органи
Истражувањата засновани на духовната наука спроведени од SSRF е утврдено дека лицето кое се занимава само со јога асана и пранајама, тоа не е доволно за постигнување на духовен раст. Јога асана и пранајама ги прочистуваат само физичкото тело и виталната енергија (Прандеха), што ја зголемува основната суптилна чистота (сатва) компонета во нив.
Табелата која следува го покажува просекот на суптилно прочистување кое се случува во различните тела на нашето постоење после примената на јога асана и пранајма..
Од оваа табела можете да видите дека придобивките од јога асана и пранајама воглавно се ограничени на физичкото и виталното тало. На пример, со јога асана физичкото тело духовно ќе се прочисти до 20% зголемувајќи ја чистотата на (сатва) компонентата во него, но за тоа ќе бидат потребни во просек околу 10 години.
3. Посуптилни форми на духовна пракса се потребни за брз духовен раст
Зголемувањето на чистотата на (сатва) компонентата во суптилните тела како што е умот, интелектот и суптилното его бара многу посуптилен вид на духовна пракса. Можеме да кажеме дека прочистувањето постигнато во физичкото и виталното тело, со јога асана и пранајама, може да се постигне и со следење на други патишта на духовна пракса. Затоа, ако гледаме од агол на духовниот раст, јога асана и пранајама, сами по себе не се соодветни.
4. Јога асана и пранајама не можат да го спречат ефектот од судбината
Важно е да додадеме дека не постои врска помеѓу прочистување на телото и судбината која треба да се доживее. На пример, ако лицето е предодредено да доживее несреќа, или добие некоја болест на мускулите како дегенеративна миопатија, самиот факт дека практикува јога асана нема да ја заштити од тоа. Прочистувањето на телото, меѓутоа, ја зголемува способноста на телото да се соочи со својата судбина.
5. Потребна е духовна чистота за заминување во повиските суптилни региони после смртта
Една од целите на духовниот раст е да се достигнат повисоките нивоа на постоење, како што се Рајот, Махалока, Ѓаналока, Тапалока или Сатјалока после смртта. Дури и ако сакаме да го достигнеме суптилното ниво на Рајот кој е најнизок од горе споменатите позитивни региони, после смртта, секое од различните тела на нашето постоење би требало да бидат до 50% прочистени. Погледнете го написот – Каде заминуваме после смртта.
6. Резиме
- Јога асана и пранајама се корисни во световниот живот затоа што со нив се постигнува физичкото и виталното тело да бидат здрави. Со здраво тело можноста за практикување духовна пракса и служење на Вистината (Сатсева) е поголема.
- Ако јога асана и пранајама се надополнат со други форми на духовна пракса за прочистување на менталното тело и суптилните органи, тогаш лицето може да постигне брз духовен напредок во неговиот живот. Така лицето може да ја постигне конечната цел те. Соединување со Бога.