Еутаназија – Духовна перспектива

MKD_Euthanasia-landing

1. Вовед

Секој ден некое семејство мора заедно со лекарите да донесе болна одлука нивното драго лице намерно да се остави да умре за да го избегне страдањето. Ова обично се нарекува еутаназија. Законите за еутаназија варираат од држава до држава.

Изведена од грчкиот збор што буквално значи „добра смрт’’, еутаназијата се јавува во разни форми, а овде се наведени некои од дефинициите:

  • Доброволна еутаназија: Ова се однесува за заедничка постапка на докторот и пациентот кои се согласат (со притисок на пациентот заснован на објаснување на фактите) да го завршат животот на пациентот. Ова се врши само во случај кога пациентот трпи неподносливи болки и упорно бара да му се овозможи доброволна еутаназија. (Погледајте на: Medterms.com)
  • Не-доброволна еутаназија: Кога лицето не е во состојба да бара еутаназија (затоа што можеби не е при свест, или на некој друг начин не е во можност да комуницира) или да направи разумен избор помеѓу животот и смртта. Одговорното лице презема одговорност наместо унесреќениот, можеби во договорите со него во претходните изразени желби. Ситуациите во кои лицето не може да донесе одлука, или не може да ја изрази својата желба ги вклучува овие случаи:
    • Кога лицето е во кома
    • Кога лицето е премладо (на пример бебе)
    • Кога лицето е сенилно
    • Кога лицето е на многу висок степен на ментална ретардација
    • Кога лицето има многу оштетен мозок
    • Кога лицето е ментално оштетено на начин да може самото себе да се повреди (Погледнете на: About.com)
  • Активна еутаназија: Намерно предизвикана смрт со акција како што е да речеме со смртоносна инјекција.
  • Пасивна еутаназија: Намерно предизвикана смрт така што на лицето му е лишена потребната/вообичаена нега, храна или вода.

Еутаназијата продолжува да биде предмет на разни расправи. Medterms.com вака ја објаснува расправата: „Тоа е прашање околу кое ставовите на луѓето многу се разликуваат и ги вклучува: одушевено заговарање, силно прифаќање, потполно отфрлање и силно осудување кое ја изедначува еутаназијата со убиство’’.

2. Неколку духовни концепти

Во овој напис ја разгледуваме еутаназијата само од духовна перспектива. Пред да се обидеме да го разбереме чинот на еутаназијата, да се запознаеме со неколку духовни концепти.

2.1 Судбина

Судбината е дел од нашиот живот над кој немаме никаква контрола. Најважните настани во животот воглавно се случуваат судбински. За повеќе информации за судбината, ве молиме прочитајте го нашиот напис за судбината.

 

2.2 Духовна смисла на животот

Purpose-of-life-thumbnailОд духовна перспектива, постојат две главни причини поради кои сме се родиле. Овие причини ја одредуваат смислата на нашиот живот во најосновна смисла. Тоа се:

  • Да ја проживееме нашата судбина и сметката на земање и давање што ја имаме со разни луѓе.
  • Да напредуваме духовно со конечна цел соединување со Бога и така излеземе од кругот на раѓање и умирање.

Ова е од причина што на Земјата имаме најдобра можност за духовен напредок. Ве молиме прочитајте го написот за духовната смила на животот.

2.3 Концептот на времето на смртта

Сите еден ден ќе умреме и тоа ни е предодредено со судбината. За време на животот минуваме преку неколку разни судбински предодредени периоди во текот на кои можеме да умреме. Сепак начинот на кој лицето ќе умре не мора да биде судбински предодреден. На пример, ако на лицето судбински му е предодредено дека ќе умре во одреден период, тоа ќе се случи. Меѓутоа, начинот на кој ќе умре може да биде заправо преку еутаназија, потпомогнато самоубиство, или од нормални медицински причини. Во случај на Махамрутјујога (дефинитивна смрт) реткост е дека еутаназијата, потпомогнато самоубиство или самоубиство ќе биде причина за смртта. Бог овозможува смрт на некој природен начин. Луѓето кои умираат со насилна смрт, обично умираат според судбината.

Прочитајте го написот ’Време на смртта’.

3. Еутаназија – од духовна перспектива

Во овој дел, разгледуваме неколку точки кои ќе ни помогнат да ја согледаме еутаназијата кога таа се однесува на нас, или на нашите сакани лица.

На почетокот на истражувањето на овој напис, на веб-сајтот на BBC го најдовме следново:

Еутаназијата е против зборовите и волјата Божја „Религиозните луѓе не расправаат за тоа дали можеме да се убиеме или да побараме другите да ни го сторат тоа. Знаат дека го можеме тоа затоа што Бог ни дал слободна волја. Нивниот аргумент е дека тоа за нас може да биде лошо.

Тие веруваат дека секое човечко битие е Божја креација и дека тоа ни наметнува одредени ограничувања. Нашите животи не се само наши за да ги живееме само онака како нам ни одговара.

Да се убиеме или да побараме од некој да ни го овозможи тоа, исто е да се негира постоењето на Бога и Божјите права на нашите животи и Неговото право да ја одреди должината на нашиот живот и начинот на кој ќе умреме.’’

Погледнете го написот: BBC on Euthanasia

Коментар на уредникот:

  • Ова е многу површен и поедноставен начин на гледањето на еутаназијата. Ако го погледнеме нашиот живот според патот на Богољубието (Бактијога), ништо не ни се случува без Божјата волја. Бог има апсолутно право врз нашите животи и не може ништо да се стори тоа право да се укине.
  • Според Патот на Акција (Кармајога) 65% од нашите животи ги чини судбината, а 35% слободната волја. Одлуката да се изврши еутаназија не мора секогаш да биде според слободната волја и многу други духовни чинители можат да влијаат на исходот на нашата одлука.

3.1 Можност за вршење духовна пракса

Во согласност со духовната смисла на животот, ако пациентот е во можност да врши духовна пракса, препорачливо е да не се применува еутаназијата, затоа што е полесно да вршиме духовна пракса додека сме во физичкото тело отколку кога станеме само суптилно тело. Во суптилните региони на Чистилиштето (Бувалока) и Пеколот искуството на страдање е многу посилно отколку на Земјата и таму суптилните тела чувствуваат многу малку, или воопшто не чувствуваат среќа. Интензитетот на страдање само се зголемува во другите региони на Пеколот, а можноста за духовна пракса се намалува.

MKD_regions

Спротивно од верувањето на некои водечки религии, во денешната ера, Калијуга, помалку од 1% од луѓето заминуваат во суптилниот регион на Рајот. Во тој суптилен регион (Сваргалока) суптилните тела се потполно обземени од уживањето во плодовите на сопствените заслуги и забораваат на духовната пракса. Само во суптилните региони на Махалока и повисоките, каде што само 0,1% од луѓето заминуваат после смртта, се врши духовна пракса. Исто така, суптилните тела во суптилните региони на Чистилиштето и пониско често се соочуваат со нападите на моќните духови, отколку луѓето на Земјата (на физичкиот регион на постоење). Ве молиме прочитајте го написот: ’Во кои суптилни региони заминуваат суптилните тела после смртта’.

Конечниот заклучок е дека, во духовна смисла, за просечниот пациент еутаназијата не донесува никаква придобивка. Забрзувањето на смртта не донесува можност за вршење на духовна пракса во суптилните региони на Универзумот, па така ниту страдањето се намалува. Меѓутоа, лицето може да направи грешка зависно од причината поради која бара еутаназија.

Прочитајте го делот 4.2: ’Грев што го направило лицето кое бара доброволна еутаназија’.

3.2 Духовно ниво

На луѓето кои се во кома или во постојана вегетативна состојба, потсвесниот ум е уште активен па со тоа и центарот на земање и давење е активен. Во случај луѓето да вршат духовна пракса според шесте основни принципи на духовноста и ако го поминат 50-60% духовното ниво, духовната пракса продолжува во потсвесниот ум. Доколку некој не вршел постојана духовна пракса пред да падне во кома, тогаш не може да ја започне. Луѓето со просечно духовно ниво, кои се постојано болни, но со сочувана свест, насоченоста на духовната пракса помага во животот после смртта и исто така ја намалува болката пред смртта. За некој кој е тешко болен и страда, многу е тешко да започне духовна пракса според основните принципи. Во тој случај сеопфатната грижа и нега можат да помогнат. Прочитајте го делот за сеопфатна грижа и нега.

Прочитајте ги интерактивните предавања на Фондацијата за истражување на духовната наука: ’Функционална структура на умот’ и ’Како делува пеењето’.

Презентацијата е на српски јазик. Се работи на презентацијата на македонски јазик. Ве молиме за трпение!

3.3 Постојана вегетативна состојба

Каков став треба да имаме кога некој од нашите сакани е во постојана вегетативна состојба?

Лицето (пациентот) преку таа ситуација поминува преку својата судбина. Тоа влијае на него како и на членовите на неговото семејство. Влијанието зависи од сметката на земање и давање помеѓу пациентот и луѓето кои се грижат за него. Ако на пациентот животот му е одземен пред да биде разрешена сметката на земање и давање, или ако не поднел онолку единици на страдање колку требало според судбината, ќе мора да се соочи со неа во следниот живот. Можеме некому да му ги скратиме маките во овој живот, но тој ќе мора да се соочи со нив во некој друг живот. Во наредниот живот може да се случи промена доколку што проблемот ќе трае подолго или пократко или ќе биде со различен интензитет. На пример, во сегашниот живот поради чинот на еутаназија, лицето и неговото семејство ќе бидат поштедени со 10 единици на страдање распоредени преку 5 години. Во следниот живот тоа може да се промени на 25 единици страдање кои ќе траат две години.

Исто така, членовите на семејството треба добро да размислат која е вистинската причина од која сакаат еутаназија за пациентот. Дали тоа на пример е, само поради нивната среќа, или едноставно немаат време и сакаат да продолжат со своите световни животи, или сакаат да се посветат на ширење на духовноста. Зависно од нивните намери тие со своите постапки прават заслуги и гревови, или дури го надминуваат Законот на Кармата.

Прочитајте го написот – ’Духовни причини за проблемите во животот’.

3.4 Аспектот на ресурсите што се потребни за да лицето се одржи во живот, а нема можност за оздравување

Оние што ја донесуваат одлуката во медицината се соочуваат со мачни морални дилеми што да изберат и во однос на ограничените финансиски средства. Која е смислата за одржување на човекот во вегетативна состојба (без надеж за закрепнување) кога тие средства можат да се искористат за други луѓе на кои им се потребни.

Следните точки ќе ни помогнат ова да го согледаме од духовен агол:

  • Основната смисла на нашиот живот е да вршиме духовна пракса и духовен напредок. Ако лицето е способно да врши духовна пракса, или да прими духовно исцелување во рамката на сеопфатната грижа и нега, животот треба да се продолжи. Прочитајте го делот 6: ’Како со сеопфатна грижа и нега да се помогне на пациентите со неизлечлива болест и им се олесни животот, и покрај неизлечивата болест?
  • Ако горе наведеното не е случај, тогаш е подобро на лицето да му се дозволи еутаназија, така да средствата можат да се искористат за помош на другите кои можат да вршат духовна пракса. Тоа е во согласност со духовниот принцип според кој грижата за заедницата е поважна отколку грижата за потребите само на едно лице.

3.5 Препреки во духовната пракса

Понекогаш членовите на семејството можат да ја земат во предвид еутаназијата во случај на лице кое е во трајна вегетативна состојба ако грижата за пациентот е пречка во нивната лична духовна пракса. Ако намерата исклучително е времето и средствата да се искористат за подобрување на духовната пракса, тогаш големината на сторениот гревот со таа постапка е помал.

3.6 Страдање и загуба на достоинството

Некои пациенти можеби ја сакаат смртта затоа што не сакаат да бидат зависни од другите луѓе пред се при вршењето на сите свои телесни функции, а резултатот на тоа е губење на приватноста и достоинството. Трагачот по Бога овој предизвикувачки период може да го искористи за намалување на егото и свеста за телото, со што духовно ќе расте. И егото и свеста за телото се пречки во духовниот напредок.

H.H. Pethe Aji

Нејзината Светост Пете Аѓи, Светица која вршеше духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, во 2008. година доживеа мозочен удар кој и го парализира половина од телото. Беше зависна од помошта на другите трагачи за сите дневни потреби, се до својата смрт, 4 месеци подоцна. За тоа време благодарејќи на силната насоченост кон духовната пракса го подигна своето духовно ниво за 4%, те. од 74% на 78%. Трагачите кои се грижеа за Неа, чувствуваа духовно исцелување додека ја негуваа. Го наведуваме овој пример како потврда дека таквите животни ситуации можат да имаат духовни придобивки. Истата брзина на духовен раст се случувал и во случаи на други трагачи за време на терминалните стадиуми на болеста.

3.7 Аспект право на смрт

Многу луѓе сметаат дека имаат право да го контролираат својот живот и телото и дека за тоа треба да одлучуваат во кое време и на кој начин и ’од чии раце ќе умрат’.

Треба да се разбере дека според Патот на Богољубието во Универзумот не постои ништо што може да се случи без Божјата волја. Ќе биде добро овие исти луѓе да го искористат своето право да се обидат духовно да напредуваат што е и причина поради која животот ни е даден.

4. Еутаназијата и гревот

MKD-YN-levelsГенерално, со сите наши активности стекнуваме заслуги, или гревови или комбинација од едното и другото. Во зависност од заслугите и гревовите и од големината на егото, после смртта заминуваме во разни суптилни региони на Универзумот. На пример, лице со многу стеканти заслуги може да замине во суптилниот регион на Рајот (Сваргалока), а лицето со многу гревови во еден од седумте суптилни региони на Пеколот (Патал). Намерата е важен аспект во секој дел, што одлучува дали лицето стекнува заслуги, или гревови.

Тежината на гревот и последователното подмирување на сметката на земање и давање не е едноставно како математичката равенка 1+1=2, туку со себе повлекува разгледување на разни фактори кои го вклучуваат следното:

  • Намерата за секоја акција (намерата треба да биде во согласност со духовните принципи, а не исклучителна)
  • Ситуацијата во тој момент
  • Болката со која се соочува лицето и човечкиот живот на кои таа акција делува
  • Духовното ниво на лицето што ја извршува акцијата
  • Дали сметката на земање и давање се порамнува или создава
  • Типот на оштетеното лице (просечно лице, трагач по Бога или Светец, духовна организација, итн.).

4.1 Гревот на лицето кое учествува во вршењето на еутаназијата

Во случај на еутаназија кога лекарот со најдобра намера сака да го ослободи пациентот од болките, стекнува и заслуги и гревови. Во зависност од намерата поради која лекарот ќе изврши еутаназија или потпомогнато самоубиство, размерата на заслугите и гревовите се менува. Следните примери го прикажуваат интензитетот на заслугите и гревовите сторени со разни дела на скалата од 100 до -100.

  • Максимална заслуга се стекнува со спасување на животот на Светец (100%)
  • Максимален грев се добива кога некој му го одземе животот на Светец, посебно кога Светецот е вклучен во ширење на Дармата (Праведноста) (-100%)
  • Во случај кога лекарот учествува во еутаназија или потпомогнато самоубиство со намера да ја олесни болката на пациентот, размерот на заслугата и гревот изнесува 1% заслуга и 1% грев

Причината од која е присутен гревот е одземањето на животот. Човечкиот живот е драгоцен затоа што дава можност за вршење духовна пракса и спознавање на духовната смисла на животот. Прочитајте го написот: Колку често повторно се раѓаме?

Како што рековме порано, Земјата е единствениот регион на постоење во Универзумот (под Рајот) каде што луѓето можат да вршат духовна пракса. Кога се убие лице кое не врши никаква духовна пракса, му се одзема можноста воопшто да врши духовна пракса и со тоа направениот грев е голем.

Од перспектива на трагачите по Бога важно е да се надминат и заслугите и гревовите затоа што и едните и другите не држат во кругот на раѓање и умирање. Тоа е можно единствено со духовна пракса. Ве молиме прочитајте го написот: Концепт на Кармата.

4.2 Грев што го стекнува лицето кое бара смрт со доброволна еутаназија

Направен е грев и ако свесно лицето бара да умре и ако неговото барање се исполни. Од духовна перспектива, дури и ако лицето (за кое нема надеж за закрепнување) кое трпи болки си го одземе себе животот со нечија помош, тоа се смета за самоубиство. Сепак висината на гревот зависи од намерата поради која еутаназијата се бара. Во некои случаи лицето може и дури да стекне заслуги во зависност од тоа поради што бара еутаназија.

Ставот на терминално болното лице варира зависно од неговото духовно ниво.

  • Лицата над 50% духовно ниво ќе имаат став ’Нека се, се случува по Божјата волја.’ Тие го разбираат ставот на набљудувач според својата болка и тешките ситуации.
  • На пониско духовно ниво луѓето се воглавно преокупирани со своите желби.

Во следната табела се прикажани неколку примери на големината на заслугите и гревовите што лицето ги стекнува со еутаназија зависно од своите намери.

Намера поради која се врши еутаназија и големина на заслугите во однос на гревовите

Намера Заслуги во однос на гревовите
Едноставно повеќе не можам да ја поднесам болката Повеќе грев
Ментално депримиран од ситуацијата и интензивната болка Помалку грев
Средставата што се трошат за мене, да се вложат во некој кој има можност да оздрави Повеќе заслуга, помалку грев
Штом умрам да можам што побргу да се родам и продолжам да вршам духовна пракса Повеќе заслуга со минимален грев

5. Еутаназија и време на смртта

Во претходното поглавје се зборуваше за време на смртта. Ако времето на смртта е дојдено според ’Дефинитивната смрт’ (Махамрутјујога) тогаш со никакви пречки не може да се заобиколи смртта. Начинот на умирање може да биде било каков, па така и со еутаназија или поради болест.

Ова е појасно објаснето во еден новински напис за еутаназијата кој е објавен во февруари 2009. година:

Жената што беше во центарот на познатата дебата ’’За правото да се умре’’ во Италија, префрлена е на клиниката каде што ќе и биде дозволено да умре после седумнаесет години на вегетирање поради сообраќајна несреќа во 1992. година. Нејзиниот татко се борел во судовите во Италија да и дозволат да умре од 1999. година. Во јули судот во Милано донел пресуда врз основа на доказите на лекарите дека нејзината состојба на кома не може да се промени. Судот го прифатил и тоа дека пред несреќата таа изразила желба подобро да умре отколку вештачки да се одржува во живот. Државното обвинителство се жалело на пресудата, но Касациониот суд во Рим одлучил дека жалбата не се прифаќа. Потоа Италијанското Министерство за здравје издало наредба на сите болници во регионот да не и ја исполнат желбата, но судот во Милано на 21. јануари ја поништил таа наредба. Приватната геријатриска клиника во Удине ќе ја прими и дозволи да умре.

Суптилна анализа на наведената приказна:

  • Сите главни настани во нашиот живот се судбински. Средбата со сообраќајната несреќа која жената ја довело до вегетативна состојба се случила според судбината.
  • Кога имала несреќа во 1992. година, минувала преку период на ’можна смрт’ (Апамрутјујога).
  • Нејзиниот татко многу години залудно се борел за дозвола за нејзината смрт, затоа што судбински не дошло време да умре.
  • Како што се приближувало времето на ’дефинитивната смрт’ (Махамрутјујога), донесената одлуката на судот е во корист на татковото барање за еутаназија.
  • За луѓето на кои им е судено да умрат според ’дефинитивната смрт’, ќе умрат во тоа време било со еутаназија, или без неа. Сепак, во повеќето случаи причината за дефинитивната смрт не е еутаназија туку други природни причини.

6. Што може да се направи за пациентите со неизлечливи болести на палијативната нега?

Палијативната нега е физичка, емоционална и духовна нега на лицето кое умира кога оздравувањето не е можно. Таа вклучува сочувство и поддршка за семејството и пријателите. Меѓутоа, холистичката сеопфатна палијативна нега не е секогаш достапна.

Според анкетата спроведена 2001. година во САД, смртно болните пациенти всушност поминуваат повеќе време сами со неколку посети на медицинскиот персонал и семејството. Видете на BBC on euthanasia

Една анкета покажа дека 45% од пациентите кои имале добра палијативна нега се откажале од еутаназија. Видете на BBC on euthanasia

Наведени се неколку точки кои треба да ги имаме на ум додека даваме палијативна нега на смртно болното лице.

  • Неможноста за практикување на Духовноста: Повеќето луѓе не вршат духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Доколку лицето не врши духовна пракса според наведените принципи пред болеста да стане неизлечлива, многу е тешко да се започне во доцниот стадиум под така тешки услови.
  • Зголемување на Раѓа-Тама: Поради зголемувањето на Раѓа-Тама на почетокот на болеста и високата веројатност за смртта, големо мнозинство од болните пациенти е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.). Таквите негативни енергии се обидуваат да преземат контрола над суптилното тело на лицето после смртта.
  • Важност на духовната заштита: Најважниот дел на палијативната нега е во нејзината духовна смисла. За пациентот духовната заштита од духовите (негативните енергии) е најважна дури и ако духовниот раст нема да се оствари.
  • Која духовна мерка: Задачата на духовното исцелување е околу пациентот да направи суптилна заштитна обвивка. Многу е важно да се примени мерка што одговара за духовно исцелување за да пациентот има придобивка од него. Како што луѓето немаат пристап до знаењето за духовната димензија, во повеќето случаи не можат да бидат сигурни кое средство за духовно исцелување треба да се употреби. Пуштање на снимка од пеаница во собата на смртно болниот пациент или пациентот во вегетативна состојба ќе помогне во создавање на заштитна обвивка околу нив. Пуштање на снимка на пеаница се препорачува за смртно болни пациенти и пациенти во вегетативна состојба:
  • Лицето што дава палијативна нега на пациентите, треба на својата задача да гледа како на сатсева, те. како служење на Бога (Душата) во тоа лице.

7. Резиме

Додека еутаназијата е ’жешка’ тема на расправа, тешко е да се одлучи за која страна да се определи освен кога некој ја разбира духовната димензија и законите кои владеат со нашите животи и смртта. Ако одлуката е усогласена со духовната смисла на животот, многу е веројатно дека ќе биде духовно исправна. Доносителите на законите и одлуките за жал не ја разбираат духовната димензија и со тоа доаѓа до судир помеѓу ставовите.

Исто така, треба да разбереме дека ништо во Универзумот не може да се случи без Божјата волја. Би било многу ограничено од нас кога би мислеле дека можеме со еутаназија да го одвоиме нашиот живот од Него и дека со тоа ќе направиме нешто против Неговата волја. Обидот да го разбереме и расправаме за Божјите патишта со ограничен ум и интелект е еднаков на проучување на океанот во една капка од морето. Судбината и сметката на земање и давање влијаат на сите наши важни животни одлуки. Погледнете го интерактивното предавање на SSRF: ’Зошто го правиме она што го правиме’.

Конечно, колку и да вршиме истражувања засновани на духовната наука и се обидуваме да го разбереме Универзумот, можеме единствено да ја ’загребеме’ површината на сфаќањето на бесконечниот Божји принцип, иако истражувањето засновано на духовната наука е далеку над истражувањето на модерната наука, која во својот обем ја задоволува само почетната фаза на духовниот пат на трагачот. Тоа е вистинската причина поради која Светците на Земјата препорачуваат духовна пракса за да напредуваме духовно, го надминеме нашиот мал ум и интелект и се споиме со Бога. Кога вршиме духовна пракса и го достигнеме нивото на Светец, прашањето за еутаназија станува неважно затоа што сфаќаме и чувствуваме дека се, се случува според Божјата волја и дека духовната пракса е единственото она на што треба да се концентрираме.