Содржина
1. За духовното ниво
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) се служи со терминот ,,Духовно ниво’’ за да ја опиша духовната зрелост, или духовниот капацитет на некое лице. Тоа се користи како скала за одредување на духовниот раст и ни дава ориентација до каде сме стасале на своето духовно патување. Колку е повисоко духовното ниво на некое лице со тоа е и поголема количината на манифестиран Божји Принцип во него.
2. Скала на духовното ниво
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) за одредување на духовното ниво се служи со скала од 1 до 100% каде што 1% одговара на духовното ниво на неживите објекти, додека 100% се однесува на духовно ниво на лице кое достигнало само-спознание те. соединување со Бога.
Повеќето луѓе во денешно време, времето на Калијуга, познато и како време на раздорот, спаѓа во категоријата на лица со духовно ниво од 20%. Според духовната наука лицето на духовно ниво преку 70% се смета за Светец. Исто како што постојат луѓе кои се многу успешни во подрачјата со кои се занимаваат во материјалниот свет, Светците што живеат на земјата се духовни авторитет. Тие не се само теоретичари туку и практичари на духовната наука во секојдневниот живот – и души кои го имаат спознаено Бога.
Светците кои активно ја пренесуваат Духовноста и ги водат трагачите духовно да напредуваат се викаат Гуруа. Помалку од 10% од Светците што живеат на Земјата се Гуруа. Гуруата се физичка форма на Божествен Принцип на учење и тие делуваат како светилници на духовното знаење во нашиот материјален свет.
3. Духовното ниво и духовната пракса
4. Како може да се измери духовното ниво?
Духовното ниво не може да се измери со современата научна опрема, ниту некој може да го утврди со интелектот. Само Светец или Гуру може да го утврди духовното духовното ниво на лицето со помош на своето високо развиено и активно шесто сетило или способноста за суптилно перципирање.
Многу често го слушаме прашањето, ’’Како Светецот може прецизно да го измери духовното ниво на некое лице?’’
Како што окото благодарејќи на својата вродена способност може да го разликува синиот од црвениот предмет со 100% точност, исто така и Светецот со своето шесто сетило може точно да го процени духовното ниво на лицето. Шестото сетило му овозможува на лицето да биде многу свесно за невидливиот свет и прецизно да го измери тој свет.
Ве молиме погледнета ја скалата која помага духовното ниво да се разбере на интелектуално ниво.
Со растот на духовното ниво на лицето, неговиот став и поглед на животот постепено се менуваат. На пример, на лицето на духовно ниво од 30% може да му биде многу тешко во својот претрупан распоред да најде време за барем едно духовно предавање. Истото лице, со истите световни обврски, на духовно ниво од 40% лесно ќе најде време редовно да доаѓа на духовните предавања и ги проучува духовните текстови.
Лице на одредено духовно ниво, на пример духовно ниво од 30%, може да се разбере добро само со лице кое е неколку проценти пред него. На пример, лице на духовно ниво од 30% многу тешко ќе се разбере со лице на духовно ниво од 40% и обратно.
Со интелектот можеме до некаде да процениме дека некое друго лице е малку по напредно во Духовноста, меѓутоа, таа проценка ќе биде непрецизна.
Со помош на интелектот не можеме да одредиме дали некој е Светец.
Духовното ниво го одредуваат бројни фактори. Во следните пасуси ќе разгледаме некои од важните параметри кои придонесуваат за духовното ниво на некое лице и како тие се менуваат со духовниот раст.
4.1 Его и духовно ниво
-
Еден од важните параметри за духовното ниво на некое лице е количината на отстрането его или тама (инерција и незнаење, околу душата) и степенот до кој лицето се идентификува со себе те. душата која е во него.
-
Под тама околу душата и егото, ја подразбираме човечката склоност да се поистоветува само со 5-те сетила, умот и интелектот. Егото е познато и како духовно незнаење за вистинската форма на нашето постоење, те. душата. Нашиот модерен образовен систем и општеството не учат да се идентификуваме со нашето тело, умот и интелектот, малку знаејќи за тоа дека сме во суштина од внатре душа.
-
После изучувањето на духовната наука, иако можеби интелектуално сме сфатиле дека во нас постои душа, не можеме да ја видиме или доживееме. Вршејќи духовна пракса, тамата и егото почнуваат да се намалуваат додека не го достигнеме највисокото духовно ниво на кое сме во состојба вистински и безрезервно да се идентификуваме со душата.
-
Со духовната пракса нашето его почнува да се намалува, што директно влијае на зголемување на нашето духовно ниво. Табелата што следува покажува намалување на егото со зголемување на духовното ниво.
На 20% духовно ниво човекот е многу егоцентричен, самоуверен, и мисли само на себе. Вршејќи духовна пракса нашата свест за телото се намалува. Не само дека сме во состојба да ја издржиме непријатноста и страдањето, туку сме во состојба и да примаме пофалби, а да не допуштиме да не ’удрат во главата’.
На пример, показател за големо его би било кога на некоја жена ќе и кажат дека се угоила или дека изгледа постара, таа падне во депресија на некое подолго време. Друг вид на его е кога некое лице не обелодени дека врши духовна пракса, затоа што тоа би можело да го одалечи од врсниците. Во повеќето случаи доживуваме негативни реакции ако некој ни укажува на грешките. Неспособноста на прифаќањето на грешките е исто така знак на его.
4.2 Фокусиранње на својата среќа и духовното ниво
Јасен знак на високо духовно ниво од просечното е намалување на грижите за сопствената среќа. Како што можете да забележите на графиконот, лицето кое достигнало ниво на Светец е само 10% фокусирано на својата благосостојба. Една од причините за намалување на грижите е таа што со духовниот раст, идентификацијата со телото, умот и интелектот почнува да опаѓа.
Животот на просечниот човек е преполн со примери на грижи за својата среќа. Тие ги вклучуваат:
1. Нервоза кога лицето треба да негува некој од семејството затоа што тоа му е непријатно.
2. Подготвеност да присуствува на духовното предавање само ако е во непосредна близина.
3. Подготвеност со парични прилози да придонесе во борбата против неправедноста, но не и подготвеност доброволно да го вложи времето и трудот поради стравот од непријатноста.
Уште еден позитивен резултат на намалување на фокусирање на својата среќа е тоа што лицето станува поотворена, и широка. Со чисто срце се радува на среќата на другите.
Парадоксално, иако помалку трагаме по среќата, растејќи духовно, една од придобивките е тоа што во животот чувствуваме повеќе среќа. Следниот графикон го покажува порастот на квалитетот и количината на среќа што ја доживуваме во животот со порастот на нашето духовно ниво. Светецот доживува Блаженство, возвишена состојба која далеку ја надминува среќата.
4.3 Духовна пракса и духовното ниво
Кога расте нашето духовно ниво, и нашата способност да вршиме духовна пракса расте и квалитативно и квантитативно. Нашата способност да вршиме повеќе духовна пракса е како развивање на ’духовните мускули’. Што повеќе се трудиме да вршиме духовна пракса, се повеќе ги развиваме нашите ’духовни мускули’.
Духовната пракса во вистинска смисла на тие зборови почнува на духовно ниво од 35%. Со ова мислиме дека некој навистина искрено сака духовен раст и врши духовна пракса во согласност со основните принципи на Духовноста. Еден од критериумите на духовниот раст е надминување на духовната пракса во рамките на религијата (односно припаѓање на било која религија) и постојан присутен напредок кон повисока и суптилна духовна пракса. На пример, лице кое во почетокот му оддава почести на Бога преку медиумот на своето тело – преку верски обреди, напредува кон суптилниот медиум, те. почитување/обожување на Бога на ментално ниво. Пример за ова е духовната пракса пеење на Божјото Име.
Еве неколку примери кои ја објаснуваат разликата во ставот кон духовната пракса.
-
На духовно ниво од 20% многу малку се, или воопшто не се врши духовна пракса. И покрај тоа што луѓето одат на свети места тоа е само состојба на навика или остаток од минатото.
-
На духовно ниво од 30% постои одредена заинтересираност за заминување на аџилак, или места на кои се вршат верски обреди.
-
На духовно ниво од 40% лицето има силна желба за добивање на духовно знаење и примена на тоа знаење во пракса. Поминува многу слободно време занимавајќи се со Духовност.
-
На духовно ниво од 50% лицето излегува од религиските рамки и доаѓа до чиста Духовнопст. Примарниот фокус во животот е духовниот напредок наместо впуштање во разни световни врски и световни постигнувања на целите. Во согласност со тоа, повеќето време го поминува занимавајќи се со Духовноста независно од животните ситуации, односно на тоа дали лицето е деловен човек, домаќинка итн. Духовното ниво од 50% не е автоматски придружен со одрекување од материјалниот и световниот живот, или професија, само се менува фокусот од постигнување на световниот напредок во постигнување на духовниот напредок. Така лицето, коешто порано многу водело сметка за заработувањето и со тоа што луѓето мислат за него, сега повеќе води сметка за тоа што Бог мисли за него.
4.4 Психолошка емоција и духовното ниво
Во денешниот себичен и неморален свет, позитивните чувства, посебно грижата за другите, се вредни за пофалба. Но, кога достигне ниво кое е повозвишено од просечниот, неморален, безчувствителен човек, лицето треба да има на ум дека ова не е крајна цел. Всушност, психолошката емоција е функција на умот кој е дел од црната обвивка околу нашата душа како е објаснето на претходната слика. Според тоа тој не спречува да го доживееме Бога (Душата во нас). Бог е надвор од психолошките емоции и е во состојба на возвишена среќа односно Блаженство. Лицето постигнува состојба на се поголема смиреност на умот и повеќе не осцилира помеѓу успоните и падеовите кои ги предизвикуваат надворешните случувања.
Девојка на духовно ниво од 20% може да се разбесни поради тоа што шишките и се скратени за еден сантиметар повеќе отколку што таа сакала и со денови да страда поради тоа. Истата девојка на духовно ниво од 50% може да остане стабилна дури и на вест дека и е откриена неизлечива болест како рак, или сида.
4.5 Духовна емоција и духовното ниво
Духовната емоција кон Бога е моќна свест за постоењето на Бога во се, чувство на Божјата присутност за време на вршењето на секојдневните активности и живот заснован на оваа свесност.
Како расте духовната емоција лицето е се повеќе и повеќе во состојба да ја почувствува Божјата рака во секој аспект од животот и, според тоа, може повеќе да се предаде на Бога. Еднаш, кога ја достигне состојбата на предавање, Божествениот Принцип може да се врши преку неа. Овој принцип се повеќе и повеќе се манифестира преку лицето како и преку другите покрај него, лицето чувствува проток на Божествената енергија преку неа.
Лице на духовно ниво од 20% може да биде полно со себе и гордо на своите интелектуални способности кога успешно ќе заврши некоја голема и значајна работа. Лице на духовно ниво од 50 % во слични околности ќе биде исполнета со духовна емоција и преполна со благодарност кон Бога во Неговата милост што ја благословил со таков успех.
Ако човек на духовно ниво од 20% изгуби некоја работа, ќе биде многу нервозен, љубоморен и несреќен. Меѓутоа, човек на духовно ниво од 50% во слични околности и понатаму ќе може да ја види Божјата рака во таа ситуација и да разбере дека работата ја добил оној што ја заслужил и ќе биде благодарен на Семиќниот што го благословил со такво искуство.
5. Некои аспекти на духовното ниво
Духовното ниво на кое што сме, има клучна улога во тоа како го живееме својот живот и како врз нас влијаат животните ситуации и судбината. Следуваат неколку аспекти за концептот на духовното ниво и како тоа влијае на наште животи
5.1 Духовното ниво и раѓањето
Сите сме родени на некое одредено духовно ниво. Тоа се темели на духовното ниво постигнато во претходните животи. Така, ако претпоставиме дека лицето врши духовна пракса и достигне духовно ниво од 50%, во следниот живот ќе биде родено ма духовно ниво од 50%. Во Духовноста тргнуваме од таму каде што сме застанале во претходното раѓање или живот. Ова е спротивно од стекнувањето на световното знаење затоа што кога се родиме, мораме се да учиме од почеток.
5.2 Можат ли атеистите да имаат повисоко духовно ниво?
Апсолутно, дури и атеистите можат да имаат повисоко духовно ниво, иако не веруваат во Бога. Понекогаш атеистите почнуваат духовна пракса покасно во животот – ова е одредено од судбината.
5.3 Духовното ниво и компатибилноста
Како што видовме порано, разликата во духовното ниво може силно да влијае на животните погледи на двајца луѓе. Според тоа, компатибилноста се намалува како разликата во духовното ниво помеѓу двајца луѓе се зголемува. Овој фактор има 5% влијание на компатибилноста на двајца луѓе.
Дури и ако двајца луѓе се на исто духовно ниво, разликата во желбата за духовен раст може да биде причина за не-компатибилноста.
Уште една причина за некомпатибилноста помеѓу двајца трагачи по Вистината е таа што едниот трагач е насочен кон индивидуална духовна пракса додека другиот е свртен кон духовната пракса за ширење на духовноста и духовното напредување на општеството. Овој фактор може да има до 8% влијание на не-компатибилноста на двајца трагачи по Бога.
Ве молиме да го погледнете написот ’Влијание на сметката на земање и давање на компатибилноста помеѓу сопружниците’.
5.4 Духовно ниво и пристап до моќта на Униерзумот
Како напредуваме духовно, добиваме пристап до вишите нивоа на моќта на Универзумот. Да го појасниме ова: моќите наведени во продолжение на текстот спаѓаат во најниските моќи, те. физичката моќ. Поголемиот дел од светот го троши целиот живот во обидите да освои некој аспект на овие моќи.
-
Медицината, да ги излекува болестите – на пример, антибиотиците да ги убиваат бактериите
-
Физичкото оружје се користи за убивање
-
Финансиска моќ
-
Политичка моќ
На пример, една од причините на драматичниот успон на моќта на Адолф Хитлер е таа што тој бил воден од Мантрик од ниските региони на Пеколот. Овој суптилен Мантрик кој со години го опседнувал Хитлер го направил непобедлив од страна на било која физичка моќ. Луѓето кои со својата духовна сила го Запреле Хитлер (те. Мантрикот што го опседнувал) биле двајца Светци од Индија, Свети Матаѓи и Јоги Арвинд (Шри Ауробиндо). (Погледајте: lightworks.com 2006, gurusoftware.com 2006, lightendlesslight.org 2006)
Ве молиме да кликнете на линкот за да го прочитате целиот напис – ’Хиерархија на моќта во Универзумот’.
5.5 Духовното ниво како заштита од негативните енергии
Единствениот сигурен и траен начин да се изолираме од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) е да растеме духовно. На духовно ниво од 20-30%, многу сме ранливи од нападите на сите видови негативни енергии. На ова ниво може да не опседне било кој дух, затоа што на духовите им одговара тоа што немаме Божествена заштита.
Ве молиме погледнете го овој напис – ’Колку духовното ниво обезбедува заштитна обвивка од негативните енергии?’.
5.6 Духовно ниво на ментално хендикепирани лица
Духовното ниво на ментално хендикепираните лица е 19 % во споредба со повеќето човечки битија кои се на духовно ниво од 20%. Причината за тоа е недостаток на интелектуалните способности кај ментално хендикепираните лица. Интелектот е функција на основната суптилна сатва (чистота и знаење) компонента која го зголемува нашето духовно ниво. Значи, духовното ниво на таквите лица е помало отколку духовното ниво на просечните лица.
6. Поделба на денешната светска популација според духовното ниво
Да направиме поделба на денешната светска популација според духовното ниво, се користевме со методологијата за истражување засновано на духовната наука тргнувајќи од податокот дека има 7.1 милијарди луѓе.
Духовно ниво на светската популација во 2013 година
Духовно ниво | % на светската популација | Број на жители1 |
---|---|---|
20-29% | 63% | 4,46 милијарди |
30-39% | 33% | 2,34 милијарди |
40-49% | 4% | 283 милиони |
50-59% | Незначителен | 15,000 |
60-69% | Незначителен | 5,000 |
70-79%2 | Незначителен | 100 |
80-89% | Незначителен | 20 |
90-100% | Незначителен | 10 |
- Според официјалните државни пописи на 16. мај 2913. година светската популација изнесува 7.086 милијарди жители.
- Духовно ниво на Светците 70% и повеќе.
Оваа табела покажува дека повеќето од населението на сегашната популација е на духовно ниво од 20%. Моменталната состојба во светот (кој изобилува со природни катастрофи, војни, дроги, неусогласени бракови и насилство во општествата) е такво пред се затоа што поголемиот дел од популацијата и нејзините водачи е на ниско духовно ниво. Поради тоа е невозможно да се заклучи дека состојбата во која се наоѓа светот може да се поправи само ако просечното духовно ниво на човештвото се зголеми.