MKD-bliss

Блаженство

Блаженство е возвишена состојба, која што е далеку над сите состојби на среќа. Среќата што ние најчесто ја доживуваме, на еден или на друг начин е поврзана со надворешниот свет. Блаженство, од друга страна пак е едно внатрешно доживување, кое се однесува на искуство на душата и не е поврзано со надворешни стимули.

Во животот гледаме дека сето она што не прави среќни има потенцијал да не направи и несреќни. За да го разбереме ова понатаму, ги проучувавме медиумите преку кои сите ние можеме да доживееме среќа.

Тие се:

  • Петте сетила: Ова се задоволства стекнати преку искуствота на допир, вкус, звук, мирис и вид.

Пример: Едно лице кое што обожава сладолед, копнее да оди во продавницата за сладолед. Првиот сладолед секогаш има најдобар вкус. Како што тоа продолжува да зема уште повеќе и повеќе, задоволството што тој го доби од првиот почнува да бледнее, се додека тоа лице не почне физички да се чувствува непријатно од 7-иот или 8-иот сладолед. Што знаши дека задоволството од сладоледот не може да се одржи за одреден период на време. Ова можеме да го поврземе со било која ствар или објект што некој посакува во животот – откако нашата среќа од ставрите или објектите го достигне врвот, почнува да бледнее.

  • Умот: Умот е оној дел од нашите мисли кој е поврзан со емоциите. Нашите емоции и мисли се испреплетени едни со други – несреќни мисли водат кон несрќни чувства и обратно. Задоволство добено преку умот е далеку по суеприорно во однос на она добиено преку петте сетила.

На пример: Која би била најпријатната емоција која би можеле да ја имаме? Веројатно тоа би било искството на вљубување. Земете го примерот на маж и жена кои се вљубуваат и неможат да го замислат животот еден без друг. Еднаш откако нивната врска ќе се развие во брак, гледаме дека врвот на нивната среќа не може да се одржи. Секој партнер почнува да го гледа другиот во друго светло и со времето сфаќаат дека никој неможе да ги повреди или изнервира отколку  самиот брачен другар кој исто така им дава толку многу радост!

  • Интелектот: Ова е нашата способност за расудување и донесување одлуки. Тој ни овозможува да доживееме еден поинаков вид на задоволство што е квалитативно и квантитатниво по супериорно во однос на среќата добиена преку умот.

На пример: Да го земеме примерот на еден научник кој самиот се посветил на истражување. Да речеме дека еден ден ќе ја реши загатката која со векови го мачи човештвото – секако дека овој научник би бил многу среќен. Но што се случува со неговата воодушевеност по некое време, кога аплаузот стивне? Сега тој повеќе не е на врвот на среќата – всушност, тој е немирен бидејќи треба да се зафати со работа и да открие нешто ново. Или уште полошо, може да падне во очај кога ке дознае дека неговото големо откритие (на пример формулата за енергија E = mc2) се користи за уништување на човештвото по пат на атомската бомба.

MKD-Bliss-Graph

 

Овој дијаграм покажува како среќата која ја доживуваме преку секој од медиумите (т.е. 5-те сетила, умот и интелектот) не станува само прогресивно по квалитетна, но исто така трае подолго време.

Меѓутоа, кога доживуваме Блаженство од душата, тоа е нај возвишениот квалитет на среќа и трае бескрајно. Блаженството не може да се опише вербално и мора да биде доживеано.

За да ја сфатиме ограниченоста на зборовите, за пример ќе ја земеме сласта на шеќерот. Постои ли некаков начин за да можеме со зборови да ја објасниме сладоста на шеќерот на некој кој нема јазик? Не! Не можеме со зборови да ја опишеме сладоста на шеќерот. Исто како и со Блаженството, сладоста треба да биде доживеана односно да се почувствува за да биде разберена. Духовната пракса е едниственото средство, односно само по пат на духовна пракса можеме да доживееме Блаженство.