1. Пожелни наспроти непожелни карактеристики
Во претходниот напис разговаравме за тоа како повеќето луѓе имаат дваесет до триесет важни карактеристики, кои се дел од нивниот основен карактер. Овие карактеристики можат да бидат групирани во два вида.
1. Пожелни карактеристики: Ова се карактеристики како што се трудољубив/вреден или прикажување на чесност и интегритет.
2. Непожелни карактеристики: Ова се карактеристики како што се лажење/не зборување вистина и тврдоглавост.
Посакуваните карактеристики се познати како квалитети, а непосакуваните карактеристики се познати како недостатоци на карактерот или дефекти. Карактеристиките се општо поделени во овие две категории. Квалитетите донесуваат благосостојба и имаат целокупно позитивно влијание врз личноста и нечија интеракција. Недостатоците од друга страна, донесуваат ментална болка и на лицето кое ги има овие недостаци и на луѓето кои имаат интеракција со истото лице.
2. Анализарање на недостатоците и квалитетите на карактерот
Една студија вели дека има околу осумнаесет илјади зборови во англискиот јазик, кои означуваат форми на однесување. Од овие селектиравме сто познати непожелни (наречени тип-1), како и соодветните сто пожелни квалитети (наречени тип-2). Можете да ги најдете овие и самите да ги анализирате во нашата секција – надминување на недостатоците на карактерот. Во принцип, типот-1, опфаќа карактеристики кои се непожелни од гледна точка на здрав разум, додека типот-2, ги опфаќа соодветните карактеристики, на пример за ‘груб’ во тип-1, соодветниот пожелен квалитет во тип-2 е ‘љубезен’. Знаејќи ги непожелните квалитети на една личност, тоа ги открива изворите на неговата сила која може да се употреби да за му се помогне на лицето да ги надмине своите проблеми. Исто така, знаењето на непожелните квалитети му помага на едно лице кое има проблеми да ја зголеми својата самодоверба.
3. Некои исклучоци
Постои уште една точка која треба да се има во предвид, а која не го поткрепува претходно наведеното. Врз основа на тоа дали една карактеристика треба да се смета како пожелна или непожелна, исто така се менува со секој поединец, на пример, покорен, смирен, неагресивен, итн. може да се сметаат за добри карактеристики кај еден слуга, а додека би се сметале за непожелни т.е. недостатоци ако истите се присутни кај еден извршен директор на една компанија. Да се биде сомничав може да се смета како непожелна карактеристика кај повеќето луѓе, но истата може да се смета како пожелна кај еден службеник од одделот за криминологија.