1. Што е Ом?
Ом се смета за владетел на сите мантри . Сите биѓ-мантри и мантри потекнуваат од него. Тој е префикс за некои мантри. Представува Принцип на Врховниот Бог (Парабрамана).
2. Влијание од постојаното пеење на зборот Ом
Енергијата поврзана со зборот Ом претставува енергија на не-манифестиран Божествен принцип (ниргун). Неманифестираната Божествена енергија е таа што го создала целиот манифестиран (сагун) Универзум. Поради тоа со пеењето на зборот Ом се креира голема количина на енергија.
Ве молиме прочитајте го написот за манифестиран и не-манифестиран аспект на Божествениот Принцип.
Кога се пее само пеаницата Ом тоа може да има неповолни ефекти ако лицето кое пее е на ниско духовно ниво, затоа што постои можност да нема доволен капацитет да ја поднесе духовната енергија која се креира со пеењето.
Следата табела покажува кој може да го поднесе пеењето само на пеаницата Ом.
Лице | Духовно ниво на кое пеењето на Ом може да се поднесе1 |
---|---|
Машко2 | 50% |
Жена – кога повеќе не е дете2 | 50% |
Жена – кога е дете2 | 60% |
Фусноти:
- Изнесените податоци важат за лице кое пее Ом со концентрација и духовна емоција (бав) во траење од четири часа. Не се однесува на лице кое пее Ом, кога Ом се наоѓа пред Божјото Име Ом Намах Шиваја. Просечно лице (машко или женско) може да пее Ом Намах Шиваја, но тогаш Ом во пеаницата не влијае на неа како кога пее само Ом.
- Редовното пеење Ом може неповолно да делува на лице со ниско духовно ниво, поради количината на духовна енергија која со тоа се креира. Лице на ниско духовно ниво може да страда од физички пореметувања на пример хиперацидитета или зголемена температура на телото, итн., или психички пореметувања во форма на немир. Посебно се препорачува на жените да не би требало да пеат само Ом. Фреквенциите кои ги емитира Ом креираат голема количина на енергија која понатаму ствара топлина во телото и суптилното ниво. Тоа може неповолно да влијае на женските репродуктивни органи со оглед дека се сместени во абдоменалната празнина. Затоа, жените можат да имаат пореметувања во форма на јаки менструални крвавења, аменореи (отсуство на менструација), дисменореи (силни болки во матката во текот на менструација), неплодност, итн. Затоа за жените се препорачува да не пеат само Ом, освен ако тоа не им го препорачал Гуру или Светец. Пеењето Ом не влијае на машките репродуктивни органи затоа што се сместени надвор од телесната празнина.
3. Печатење на симболот Ом на разни места
Основниот принцип на Духовноста вели дека ’зборот, допирот, формата, мирисот и енергијата која со нив е поврзана коегзистираат’. Тоа значи каде е присутен симболот на Божјото присуство е Негова енергија. Печатењето на симболот Ом на маиците или тетовирањата, можат да ги произведат следниве неповолни ефекти:
- Физички пореметувања како што е хиперацидитет, зголемена температура на телото итн.
- Психички пореметувања како што е немир.
Ваквото бескорисно ставање на симболот Ом претставува подигрување со симболот поврзан со Бога што прави грев.