Духовна љубов (Прити), значи љубов без очекување

Обично љубовта кон некој е придружена и со некоја форма на очекување и условеност. Меѓутоа, духовната љубов е безусловна без оглед на околностите. Ова е Божествена форма на љубовта и се развива дури после вршење на интензивна духовна пракса, кога почнеме да го прифаќаме Бога во секого. Така стануваме и посреќни луѓе, затоа што нашата љубов не е повеќе со очекувања.

1-MKD-wordly-love

Претходниот дијаграм прикажува како световната љубов те. љубов со очекувања се заснова на сличностите со природата на друго лице. Меѓутоа, нема гаранција дека сите аспекти на нашата природа ќе бидат исти, или да се дополнуваат со природата на другата личност. Раздорот и проблемите почнуваат кога почнуваме да ги откриваме разликите.

2-MKD-spiritual-love

Од друга страна духовната љубов, или љубовта без очекувања, се заснова на непроменливоста на душата. Таа е слична на конецот кој ги поврзува бисерите на ѓерданот без оглед на формата, бојата или големината – надворешната природа не е важна. Дупката во секој бисер ја претставува душата која на сите ни е иста те. Бога во едно лице по ништо не се разликува од Бога во некое друго лице.