Механизам на делување на сметките на земање и давање и зошто понекогаш го работиме она што го работиме?

1. Вовед

Во поранешниот напис е споменато дека судбината е одговорна за 65% од нашиот живот. Ова е дел од нашиот живот кој не е под наша контрола. Поради сметките на земање и давање кои сме ги направиле со луѓето околу нас, ние исто така го зголемуваме износот на сметката кој треба да го подмириме, било во овој, или во наредните животи.

На свесниот ум му е непознато дека ние многу често се однесуваме, или мислиме на одреден начин поради длабоко вкоренетите импресии во потсвесниот ум. Судбината и сметката на земање и давање се огледуваат на начинот на кој ги живееме своите животи и силно влијаат на изборите кои ги правиме. Што е механизмот на делување на сметите на земање и давање? Подолу е даден пример кој ќе помогне да се објасни како сметката на земање и давање влијае на нашите избори.

Меѓутоа, прво мораме да ги разбереме различните аспекти на нашето битие кои се неопходни за да се изведе било која акција или донесе некоја одлука. Некои од овие аспекти се непознати на модерната наука.

2. Аспекти на човечкото битие кои се неопходни за донесување одлуки

Дијаграмот што следува ги објаснува аспектите на човечкото битие кои учествуваат во донесувањето одлуки. Некои од аспектите не се физички и не можат да се видат со голо око. Кругот го претставува суптилното, или каузалното тело на едно лице кое го вклучува умот и интелектот. Под умот ги подразбираме чувствата и желбите, а под интелектот способноста за расудување и донесување на одлуки. Ниту умот ниту интелектот не можат да се видат.

1-MKD_give-and-take

Како што можете да видите на претходната слика, следниве пет центри ги чуваат разните спомени во потсвесниот ум.

2.1. Центар за идентификација и толкување:

Овој центар ја препознава и објаснува природата на некој импулс.

2.2. Центар за земање и давање:

Овој центар ги чува сите видови на сметки на земање и давање и се обидува да ги подмири долговите. На пример, ако господинот Х истепа некое лице, центарот за земање и давање на тоа лице тоа го памти и се обидува да го постигне тоа и тоа лице да го истепа господинот Х кога и да има можност за тоа, или му нанесе еднаква количина на страдање или несреќа.

2.3. Центар за инстинкти и желби:

Тоа е збир на сите желби и нагони.

2.4. Центар за преференции и аверзии:

Овој центар ги праќа импулсите за допаѓање и не-допаѓање на свесниот ум.

2.5. Центар за карактеристики на темпераментот:

Тоа е збир на карактеристики од кои се состои темпераментот на поединецот.

3. Пример како центарот за земање и давање го врши своето влијание

За да разбереме како функционираат разните центри во нашиот ум, да го земеме примерот со кучето кое мавтајќи со опашката му приоѓа на лицето.

2-MKD_give-and-take

Сега да претпоставиме дека секој центар во умот да даде позитивен одговор на појавата на кучето, а центарот на земање и давање да даде негативен одговор, каков би тогаш бил одговорот? Во овој случај, конечната акција/реакција би била и понатаму негативна. Причина за тоа е што центарот на земање и давање има ’право на вето’ над сите други центри и се манифестира со 65% сила во споредба со другите центри кои вкупно имаат само 35%. Тоа е причината што понекогаш направиме бесмислен избор и после викаме ’Што ми се случи?’ Па, одговорот е дека сметката на земање и давање мислела наместо нас и покрај брилијантниот интелект, човек понекогаш западне во незгода. Сите избори во позначајните животни настани како што се бракот, тешките несреќи, или ако некој со измама ни одземе некое богатство – имаат корени во центарот на земање и давање.

Сега ова можеме да го примениме во животните ситуации. Кога погледнеме назад во нашиот живот, можеби сме сретнале луѓе кои кон нас биле љубезни, или нељубезни, без некоја одредена причина. Ова сега може да ни помогне да разбереме што тоа се случувало.

  • Чекор 1: Кога кучето се приближува кон лицето, импулсот стигнува до неговите очи. Од очите доаѓа до центарот за вид во мозокот. Од центарот за вид во мозокот импулсот стигнува до суптилното сетило на органот за вид.
  • Чекор 2: Од суптилното сетило на органот за вид импулсот патува до свесниот ум. Во оваа фаза, лицето е способно само да сфати дека нешто му приоѓа.
  • Чекор 3: Од свесниот ум импулсот патува до потсвесниот ум и доаѓа до центарот за идентификација и толкување, кој го идентификува и интерпретира импулсот на следниот начин. Објектот кој приоѓа е куче. Кучето се чини дружељубиво и мавта со опашката.
  • Од центарот за идентификација и толкување импулсот доаѓа до центарот на земање и давање. Ако постои било каков остаток од долгот во сметката на земање и давање, импулсот се менува, на пример, ако тоа куче, или суптилното тело во него му создавало проблеми на оваа лице на било кој начин, било кога во минатото (во овој или во некој од претходните животи), импулсот ќе се промени така што ќе му создаде проблеми на кучето на некој начин.
  • Од центарот на земање и давање импулсот оди во центарот за инстинкти и желби каде се менува според желбите на тоа лице, на пример сака да си игра со кучето.
  • Од центарот за инстинкти и желби импулсот оди во центарот за преференции и аверзии. Импулсот предизвикува склоност, или одбивност од тоа дали предизвикува уживање, или страдање. Од центарот за преференции и аверзии, импулсот оди до центарот за карактеристики и темперамент каде се формира во однос на темпераментот.
  • Од центарот за карактеристики и темперамент импулсот оди до центарот на интелектот. Центарот на интелектот го менува импулсот врз основа на знаењето кое е акумулирано во него. Исто така ги зема во предвид можните последици од акциите под влијание на другите центри и другите фактори како што се времето кое е на располагање да си игра со кучето итн. Природата на импулсот кој се ствара во центарот на интелектот зависи од тоа кој центар е во можност да го менува импулсот до максимално ниво. На пример, ’ако желбата е да си игра со кучето’ од центарот за инстинкти и желби посилна од ’немам време да си играм со кучето’ од центарот на интелектот, импулсот кој ќе продолжи понатаму од центарот на интелектот до петте суптилни моторни органи ќе биде ’да си играм со кучето’. Според тоа, импулсот кој настанува во центарот на интелектот е збир на вектори од сите други центри.
  • Од петте суптилни моторни органи, разни моторни и хипоталмички центри во мозокот и свесниот ум го пренесуваат импулсот, и лицето реагира во согласност со тоа. Во овој случај, ако лицето има вроден и необјаснив страв од кучето, кој е втиснат како импресија во неговиот ум поради настаните во претходниот живот, тоа ќе реагира непријателски на кучето и дури може да земе камен за да го избрка.