Резиме: Човештвото има огромна придобивка од духовната чистота која се создава кога луѓето водат духовно исправни животни стилови, и во тој случај влијанието на Раѓа и Тама основните суптилни компоненти (прекумерна активност и незнаење) врз човекот е намалена. Животните стилови вклучуваат дневна рутина, исхрана, облекување, итн. Во Калијуга, бројот на луѓе кои се држат до духовно чист начин на живот е се помал. Исклучок не се ниту навиките во исхраната. Во овој напис ги наведуваме разликите помеѓу вибрациите кои се емитуваат од квасниот бел леб и бесквасниот леб од цело зрно (интегрално брашно). Од овие анализи ќе сфатиме зошто е важно да се избере духовно корисна исхрана.
1. Ефекти на лебот – духовна перспектива
За просечниот човек лебот е дел од секојдневната исхрана. Денес се прават разни видови на леб, најчесто од бело брашно кое е тешко варливо и сиромашно со витамини. Бидејќи белиот квасен леб неможе лесно да се свари, тој формира леплива грутка, и потоа ферментира. Ако подолго време остане во стомакот, тоа може да доведе до различни заболувања, како на пример чувство на тежина во стомакот, болки во стомакот, пореметувања во варењето, итн. Од друга страна, пченино брашно од целото зрно е лесно варливо и богато со витамини. Оттука, лебот направен од пченино зрно го храни телото, односно придонесува за одржување на здравјето. Освен тоа, ако пченино брашно од целото зрно не е квасено, лебот е уште полесен за варење.
2. Анализи направени со помош на биофидбек опрема
Доколку некој има натпросечно развиено шесто сетило, може лесно да ги согледа духовните вибрации, да согледа дали предметот е духовно корисен или не, и соодветно на тоа да донесе духовно исправна одлука во животот.
Некои видови на биофидбек опрема како што се RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: вид на опрема за био снимање) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле), можат да ги снимаат вибрациите околу еден предмет и да ги прикажат во визуелен формат. Ова на просечниот човек му дава можност визуелно да ја види аурата или енергетското поле околу предметот.
Клинкнете на овој линк за повеќе информации околу PIP-уредот и неговата употреба.
За потребите на нашиот експеримент за лебот зедовме обична кифла како примерок за бел квасен леб и чапати (Индиски тенок леб) како примерок за бесквасен бел леб.
Во овие тестови ги бележевме промените во околината кои се случуваа поради посматраниот предмет; сепак, бидејќи енергијата во околината често се менува, беше неопходно најпрво да ја тестраме самата околина. Затоа, пред да го тестираме обичниот квасен бел леб и чапатот, направивме скенирање на масата на која беше поставена само празна чинија. Потоа, предметите еден по еден ги ставаме на чинијата и ги бележевме резултатите од скенирањата.
2.1 RFI отчитувања од двата типа на леб
Мерење | Кифла | Чапати | ||
---|---|---|---|---|
Пред да биде поставен лебот на чинијата | 648.93 Mhz | Бојата на оваа фреквенција е сина и таа означува позитивност и вистинитост. | 626.19 MHz | Бојата на оваа Фреквенција е зеленкасто плава и означува присуство на емотивност во околината (ова зависи од луѓето кои тука се присутни) |
Откако лебот беше поставен на чинијата | 680.07 MHz | Бојата на оваа фреквенција е темно сина и означува зголемување во биотската енергија. Оваа енергија е инфериорна во однос на енергијата на сината боја видлива пред тестирањето. Ова значи дека поради кифлата, околината има духовно инфериорно ниво. | 580.92 Mhz | Бојата на оваа фреквенција е зелена и означува духовна чистота и полет. Ова значи да претходното духовно инфериорна околина сега има духовно супериорно ниво поради Индискиот тенок леб (Чапати). |
2.2 PIP отчитувања од двата типа на леб
Подоцна, двата типа на леб ги испитавме преку биофидбек машина.
Пред: Прво ја снимавме самата околина. Како што можете да видите во средината се јавува малку жолта боја (што укажува на позитивност) која е опкружена со портокалова боја. Портокалова боја означува тензија или негативност. Зелена боја (која, исто така, укажува на позитивност) е присутна од надворешните страни.
Резултати од отчитувањето на чапатот: Негативниот портокалов прстен во околината е намален во голема мера, а сето тоа се должи на позитивната енергија која се емитува од чапатот. Зелениот прстен кој означува позитивност и духовна чистота е видлив околу тањирот на кој е поставен чапатот. Жолт прстен кој означува високо присуство на духовен принцип е видлив околу чапатот, како и во самата околина. Позитивната енергија која се емитува од чапатот ја уништува негативната енергија во околината и како резултат на овој процес се појавува виолетов прстен во центарот на аурата.
Резултати од отчитувањето на кифлата направена од бел леб: Бидејќи кифлата го апсорбираше негативниот портокалов прстен во околината, портокалов прстен се гледа и околу самата кифла. Зелениот прстен кој означува позитивност и духовна чистота е потиснат кон надвор поради негативните портокалови прстени. Жолтиот прстен од висок духовен принцип во околината се намалил.
Од горе наведената опсервација, јасно е дека кифлата направена од бел леб апсорбира негативни и стресни вибрации од околината, а индискиот тенок леб (чапати) емитува позитивни вибрации и ги уништува негативните вибрации во околината. Затоа е повеќе корисно да се јаде индиски тенок леб (чапати), отколку леб направен од фино бело брашно.
Горенаведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)