1-mkd-bhav

1. Вовед

Духовна емоција (бав) е интензивна свесност за постоењето на Бога. Зголемувањето на духовната емоција за Бога е значаен труд на нашето духовно патување. Интензивната свест за Бога, доведува до интензивна преданост на Бога. Кога имаме интензивна преданост на Бога, ја губиме свесноста за себе и мислиме само на Бога. Кога дојдеме во оваа состојба, Бог ни ја подарува својата милост и добиваме се повеќе искуства на Блаженство (Ананд).

Многу трагачи вршејќи духовна пракса, имаат почувствувано како духовната емоција кај нив се буди. Иако ова теоретски е точно, не може да се гарантира дека ова лесно ќе се случи кај секого кој што врши духовна пракса. Дали ќе доживееме искуство на духовна емоција преку духовната пракса зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја нашата цел која што сме ја поставиле вршејќи духовна пракса, интензивната желба за спознание на Бога, создадениот центар на Богољубие во нашиот потсвесен ум, самата духовна пракса која што ја вршиме и духовниот пат кој што го следиме. За да го забрзаме растот на духовната емоција, прво мораме да дознаеме што може да ни помогне за да доживееме повеќе духовна емоција, потоа, што е најважно, треба да вложиме труд за да го примениме она што ни е кажано.

Во овој напис наведуваме некои насоки, како да ја зголемиме нашата духовна емоција кон Бога и како резултат на тоа да го забрзаме духовниот раст.

2. Пречки во зголемувањето на духовната емоција

Пред да ја истражиме темата ’зголемување на духовната емоција’, важно е да ги дознаеме факторите кои што не попречуваат при зголемувањето на духовната емоција, за да ги препознаеме навреме. Главните фактори кои што не попречуваат при будењето на нашата духовна емоција се следниве:

  1. Незнаење: Се однесува на духовното незнаење за формата и квалитетите на Бога и Неговиот начин на делување. Духовното разбирање може да се подобри со проучување на Светите текстови кои што ги напишале Светците или Интернет страниците како што е ssrf.org
  2. Подвоеност: Подвоеноста е чувство дека разните ситуации во нашите животи се случуваат поради некој друг или поради нас самите, а не поради Бога
  3. Его: Егото е чувство дека ’јас се разликувам од Бога’. Тоа е најголемата пречка во будењето на духовната емоција. Повеќе информации за тоа, како да се намали егото можете да прочитате во нашата секција за намалување на егото или во SSRF книгата – Како да се намали егото која што ја напиша Неговата Светост Др. Атавле.
  4. Недостатоци на карактерот: Кога недостатоците на карактерот  се премногу изразени, потешко доаѓаат мисли за духовната емоција. Разбирањето и надминувањето на недостатоците на карактерот е многу важно на духовниот пат на трагачот.

Наведените аспекти подетално ги истраживме во делот – Духовна пракса

3. Сразмерно значење на трудот во зголемувањето на духовната емоција

Во графиконот подолу, се наведени разни напори кои што можеме да ги вложиме за да ја зголемиме духовната емоција. Броевите во графиконот ја означуваат релативната важност на овие напори. Од графиконот можеме да забележиме дека ставот, се што работиме е во служба на Бога (Гурусева), највеќе може да помогне при зголемување на духовната емоција. Тоа ќе ни помогне да ги насочиме нашите активности на таков начин што ќе добиеме максимални придобивки од нашите напори.

2-mkd-Factors-increasing-spiritual-emotion

4. Труд во духовната пракса за зголемување на духовната емоција

4.1 Гурусева

Како што можеме да видиме во претходниот графикон, кога сите наши активности (преку духовна пракса или световни активности) ги вршиме како да му служиме на Гуруто, добиваме максимални придобивки за зголемување на духовната емоција. Во написот ’Кој е Гуру’,  е објаснето значењето на Гуруто во животот на трагачот. Гуруто е човечка форма на не-манифестираниот (ниргун) Божји принцип на учењето. Бог ни го дал дарот на животот. Гуруто (или Божјиот принцип на учењето) со нас бил во текот на многу животи, стрпливо не води за да се ослободиме од циклусот на раѓање и умирање и го спознаеме Бога и станеме едно со Него. Кога станеме едно со Него, доживуваме спокојство. Кога сфатиме во колкава мерка Гуруто непрекинато не негува и чува, ќе бидеме исполнети со длабоко чувство на благодарност.

Служејќи му на Гуруто, му служиме на Бога. Сите од нас ја немаат таа можност да му служат на Бога во човечка форма. Меѓутоа, сите наши активности можеме да ги правиме како навистина да му служиме на Бога во физичка форма. Ова можеме да го примениме во нашиот секојдневен живот, а неколку примери наведуваме во продолжение.

  • Додека ги переме алиштата или готвиме ручек, можеме да имаме став како да работиме за Бога. Иако служиме храна за другите, можеме да размислуваме дека го служиме Бога или Гуруто. Да се задржиме овде за момент. Да замислиме дека Бог дошол во нашиот дом во физичка форма и дека имаме можност да го служиме цел ден, какво ќе ни биде однесувањето и ставот? Имајќи ја на ум оваа визија, можеме да создадеме иста духовна емоција додека го служиме нашето семејство и додека се сретнуваме со другите луѓе. Ако го практикуваме овој еден аспект, автоматски ќе случи зголемување на духовните вибрации во нашиот дом и духовната емоција исто така ќе се зголеми.
  • Слично како во претходниот пример, можеме да се трудиме нашиот дом да го одржуваме како светилиште (ашрам) и на сатвик начин. Можеме нашиот дом да му го понудиме на Бога или на Гуруто и потоа да се грижиме за него со духовна емоција како водач на светилиштето. Тоа може да ни помогне во надминување на егото „јас сум сопственик на куќата“.
  • Ако сите предмети во домот ги третираме како да му припаѓаат на Бога или на Гуруто, тогаш ќе ги користиме со соодветна грижа. Во согласност со тоа, присутноста на Бога или на Гуруто ќе се чувствува во домот. Кога веќе еднаш трагачот ќе го види Божјиот принцип во разни инструменти кои што се користат во духовната пракса, постепено е можно да се види Бога во се. Тоа помага во сфаќањето на Божјиот принцип во живата и неживата креација.
  • Трагачот треба постојано да размислува дека Гуруто е присутен во сите ситуации, што ќе му помогне да се отстрани дефектот на стравот.

Кога вршиме било какво служење на Апсолутната Вистина (сатсева),  во почетокот чувствуваме како ние да сме ја извршиле сатсевата и се создава одредено чувство на суптилна гордост. Меѓутоа, тоа не е сатсева во вистинска смисла на зборот. Кога некој врши сатсева, треба да се има став дека преку нас Бог ја врши таа сатсева и не смее да биде присутно чувство на подвоеност.

На крајот треба да му изразиме благодарност на Бога, на тоа што ни дал можност да Му служиме. Показател за сфаќање, дали нашите дела сме ги направиле како служење на Апсолутната Вистина е количината на Блаженство кое што го доживуваме. Ако сме постојано во интроспекција и размислуваме дали обавуваме се како што Бог очекува од нас како трагачи, побргу ја развиваме духовната емоција.

4.2 Други начини за зголемување на духовната емоција

Пеење: Пеењето може да допре до Бога само ако се врши со духовна емоција. Исто како што често размислуваме за саканата личност или за нешто што ни се допаѓа (на пример, кога некој е заљубен и мисли на својата девојка, или мајката мисли на своето дете), така и умот треба да биде условен да го сака Бога. Кога Бог ќе почне да ни се допаѓа или почнеме да го сакаме, Божјото Име лесно се запомнува и доаѓаат искуства на блаженство во повторувањето (пеењето) на самото име. Подоцна, пеењето станува дел од животот. Секој половина час треба да му се помолиме на Бога пеењето да се пробуди и да биде искрено.

Молитва и благодарност: Можеме постојано да му се молиме на Бога, да ни помогне во нашата духовна пракса и секоја наша активност да се одвива како духовна пракса. Секој пат кога се молиме, свесни сме за фактот дека ни е потребна помош, а тоа го зголемува чувството на предавање, што од друга страна го намалува егото. Молитвата всушност е синоним за предавање. Овој чин на предавање е целосен дури кога ќе изразиме благодарност. Благодарноста е инструмент со кој ја предаваме подвоеноста на тие дела на Бога или на Гуруто. Со тоа, ова помага во намалување на егото. Често трагачите забораваат да изразат благодарност за се она што произлегло од нивните молитви. После повикувањето на Божјата помош при служењето на Апсолутната Вистина, и после тоа служењето е извршено лесно без проблеми и се појавило Блаженство поради извршената сатсева, често се заборава да се изрази благодарност. На трагачот исто така може да му се појави суптилно его поради доживеаното духовно искуство или чувството на Блаженство. Затоа е многу важно да му се предава на Бога благодарноста за духовните искуства и искуствата на Блаженство.

spiritual-practice-for-awakening-spiritual-emotion

Учење и сатсанзи: Едноставен начин за зголемување на духовната емоција е учењето од искуствата на трагачите кои што веќе имаат доживеано духовна емоција. Затоа е важно да се присуствува во друштвото на Апсолутната Вистина (сатсанг)  и да ги набљудуваме трагачите кои што имаат духовна емоција кон Бога и да учиме од нив.

Предлагаме да ја прочитате SSRF книгата Како секојдневно да се буди духовната емоција  и од неа нешто да се примени во пракса.

Став на учење: Обидете се да ги видите Божјите раце во се и од сите ситуации да имате став на учење. Тоа се однесува на сите ситуации, без оглед на тоа дали се добри или лоши ситуациите. Кога имаме став на учење тогаш сме во Блаженство, имаме став дека Бога е со нас и дека постојано не учи како да бидеме подобри трагачи преку ситуациите со кои што се соочуваме и кои што ги доживуваме.

Намалување на егото: Ако постојано размислуваме за мисијата на Гуруто, нашите дела ќе бидат во согласност со Божјите желби. Кога и служиме на Апсолутната Вистина, не смееме да дозволиме да ги осудуваме другите, бидејќи, кога нашите реакции ќе ги повредат другите трагачи, тогаш не може да се придобие Божјата милост. Затоа секогаш се препорачува да се практикува „посветеност кон Бога како прислужник“. Во оваа форма на посветеност, следбеникот смета дека Бог е неговиот татко, мајка, дури и дека тој е Божји син и прислужник. Кога сме скромни, можеме да се потрудиме да го намалиме нашето его и со тоа сме во состојба да направиме дополнителен труд за да ја зголемиме духовната емоција.