1. Вовед
Духовното истражување покажа дека 90% од светското население во некој период или одреден момент од нивниот живот биле под влијание на духовите. 30% од светското насление е опседнато од духови. Доколку едно лице е под влијание или опсднато од духовите, тоа лице прогресивно и подмолно е онеспособено. Но бидејќи тоа се случува на духовно ниво (т.е. надвор од разбирањето на петте сетила, умот и интелектот) повеќето луѓе кои се под влијание или опседнати не се свесни за нивната состојба.
Во овој напис даваме некои совети за тоа како со помош на интелектот можеме да препознаеме дали едно лице е под влијание или опседнато од духови.
2. Знаци – дали едно лице е под влијание или опседнато од духови
- Чести или долготрајни необјасливи физички или психички болести
- Неадекватна или никаква рекација на соодветното конвенциално лечење
- Влошување во текот или околку деновите на млада и полна месечина
- Изненадни, необјасливи, некарактеристични однесувања кои може да се повторат
- Зголемено нарушување или нарушувањата од духовите престануваат кога лицето ќе дојде во контакт со сатвик стимуланси како што е присуство на Светец
- Олеснување или излекување со константно (постојано) применување одржливи мерки за духовно исцелување. Во некои случаи може да изгледа дека симптомите засилено се влошуваат, но во реалноста тоа не е ништо друго, туку суптилна битка која се случува помеѓу духот и позитивната енергија која се емитува од мерката (средството) за духовно исцелување.