Резиме
Г-дин Ауритра Малик пати од несоница од 2007 година. Тој испробал многу различни методи за лечење на несоницата, но ниту еден не допринел за трајно решение на проблемот. Во продолжение следи сведоштвото на Г-дин Ауритра, за тоа како духовната пракса му помогнала трајано да ја надмине несоницата.
Содржина
1. Вовед
Моето име е Ауритра Малик, имам 25 години и живеам во Хјустон, Тексас (САД). Обавувам духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), последните две години, т.е. од 2010 година. Студирав инженерство и сфатив дека духовната пракса ми помогна да надминам некои животни проблеми, а еден од тие проблеми беше несоница (инсомнија).
Несоница (инсомнија) е неможноста да заспиете, да го одржите сонот или добро да спиете во текот на ноќта.
2. Доживување несоница и третмани за несоница
Од несоница почнав да патам од 2007 година. На почетокот се будев само во ноќта, а откако ќе се разбудев долго време после тоа неможев да заспијам. Полека, интензитетот на мојата несоница се зголеми. Понекогаш неможев да спијам повеќе од еден или два часа во текот на два дена. Од сонот бев хронично лишен, и забележав дека можев да се одморам само во раните утрински часови. Овој сон не беше спокоен, и често беше исполнет со чудни и насилни соништа.
Долгите непреспиени ноќи го зедоа својот данок, и ги барав сите можни начини да се излечам. Пробав работи како Магнезиум додатоци (таблети), традиционална кинеска медицина, медитација, билни чаеви, вежбање, мелатонин, итн. Ги избегнував лековите кои беа на рецепта, мислев дека тие предизвикуваат зависност, и не сакав да станам зависен од таблети и да патам од несакани ефекти. Кога ништо од тоа не помогаше, си реков дека сум осуден на доживотна несоница и тоа го прифатив.
3. Духовна пракса и духовно исцелување како третман за несоница
Во Мај 2010 година, го открив веб-сајтот на SSRF. Од написите бев фасциниран, и од Септември почнав сериозно да обавувам духовна пракса. Забележав дека пеењето на Божјото Име ми помогна да се смирам, и да се чувствувам како постојано да сум во нечие друштво. Во тоа време, возев многу и со пеењето ја избегнував досадата. Забележав дека кога имам проблем со спиењето, барем можам да пеам и да се чувстувам подобро, отколку само да лежам. Исто така, забележав дека пеаницата Шри Гурудев Дата ми помагаше понекогаш да задремам, иако поголемиот дел од времето лежев буден.
Поради чудните симптоми кои ги имав, се сомневав дека сум под влијание на некој вид на негативен суптилен ентитет од 2007 година, а информациите за духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) на веб-сајтот на SSRF, само ги зацврстија моите сомнежи. Во ноември, за прв пат присуствував на SSRF састсанг, и стапив во контакт со трагачи на SSRF. После тој сатсанг еден од тргачите на SSRF ме контактираше и ме праша како ми се допадна. Му реков дека беше многу добро, и почнав да му поставувам прашања за Духовноста и духовна пракса. Набргу после тоа, почнавме да имаме редовни сатсанзи, и тој ми даваше предлози за тоа како да ги намалам влијаниата од негативните енергии, со примена на различни мерки.
Сфатив дека, применувањето на терапијата со солена вода, третманот со кутии, и ставењето Свет пепел (Вибути) на главата пред спиење, даваат ефекти. Проблемот сеуште беше пристуен, но под контрола. Почнав да применувам мерки за духовно исцелување заедно со концентрирано пеење 2 часа дневно, и забележав дека во тие денови кога тоа ќе го направев немав несоница. Осетив дека има надеж и сфатив дека можеби конечно го пронајдов лекот за мојата состојба.
4. Трајниот третман за носницата
Продолжувајќи да практикувам духовна пракса, применувајќи и успешно имплементирајќи ги следните чекори на духовна пракса како што се служење на Апсолутната Вистина (сатсева), преземање на процесот на отстранување на недостатоци на карактерот и будење на духовна емоција (Бав), итн., сфатив дека мојата несоница стануваше се повеќе и повеќе поднослива. Се чинеше дека, колку повеќе обавував духовна пракса, толку повеќе несоницата стануваше минато.
Подоцна во 2012 година, сфатив дека пишувањето на грешките направени во текот на денот, како и тоа што ќе го научев од нив, ми помага многу лесно да заспијам. А во деновите кога не го правам ова, понекогаш несоницата се враќаше, но дури и тогаш не беше како порано, и обично во некој момент успевав да заспијам.
Навистина е неверојатно како духовната пракса ми помогна да решам тежок проблем за кој мислев мислев дека ќе го носам до крајот на животот. Практикувањето духовна пракса ми донесе многу повеќе од самото ослободување несоницата, што навистина не можам ни да изразам доволно благодарност. Можам само да донесам цврста одлука, да продолжам да обавувам постојана духовна пракса и да им помогам на другите да ја сватат нејзината важност.