MKD-Marisa

Отткако почина татко ми во 1985 година, страшно страдав и одлучив да ги прекинам односите со моето насилно семејство поради кое претрпев и кое ми нанесуваше толку многу болка во текот на мојот живот. Додека тагував за мојот починат татко, знаев дека заради мојата безбедност и опстанок, мораше да се ослободам од насилстовото. Во срцето осеќав дека татко ми, и како дух се грижеше за мене, па не бев загрижена за тешкотите кои лежеа пред мене. Во тој период од мојот живот, не знаев за проблемите со суптилните тела на преминатите предци, наместо да се потпрам на Бога, цврсто се држев до духот на татко ми. Бев заглавена во еден маѓепсан круг. Потоа, после неколку децении страдање од насилни врски, финансиски тешкотии, напади на паника и анкциозност, конечно најдов милост кога се запознав со Фондацијата за истражување засована на духовна наука (SSRF).

Во Јуни 2012 година, кога ја изгубив мојата работа, мојот живот се движеше во надолна линија, односно брзо се распаѓаше. За SSRF прв пат дознав и го најдов преку Фејсбук, но не бев подготвена да ги променам моите ставови. Бидејќи сеуште незанев за проблемите со суптилните тела на преминатите предци, мислев дека правам добро со тоа што се потпирам на духот на мојот татко. Не бев подготвена да се простам од него. Во Октомври 2013 година, се преселив во друг град и почнав нова работа. Знаев дека, морам да направам промена во мојата духовна праска. Мојата намера беше да започнам нов живот, па така морав да се ослободам од нешто, за да започнам нов живот. Не знаев што е тоа од што требаше да се ослободам. Потоа, во Ноември 2013 година, повторно се запознав со SSRF преку Фејсбук. Сфатив дека ова беше мојата втора шанса. Конечно, со Божјата Милост, започнав духовна пракса под водство на SSRF и за кратко време, мојот живот се трансформираше.

Само четири месеци обавувам духовна пракса под водство на SSRF а веќе доживеав бројни благослови. Почнав со пеење и да присуствувам на Сатсанзите. Сега, мојата духовна пракса се состои од:

1) Пеење на Божјото Име

2) Жртвување на време преку обавување Сатсева (служење на Вистината – служење на Бога)

3) Секојдневно утрешно вежбање Хата-јога

4) Жртвување на имот (богатство) водење едноставен начин на живот и купување Свети текстови од веб-страната на SSRF.

Мојата духовна пракса стана мојот начин на живот. Работам полно работно време, и имам син на возраст од 18 години, кој што сама го израснав.

За ова кратко време додека обавувам духовна пракса под водство на SSRF, забележав многу промени кај себе.

Физички промени

Мојата кожа омекна, се осеќа свиленкаста во споредба со порано кога мојата кожа беше сува и лушпеста. Моето лице се чувствува румено и топло, како штотоку да сум завршила со напорниот тренинг, а моите образи се розови и сјајни. Не ставам толку шминка како порано. Забележав дека косата ми е свиленкаста, мека и сјајна а пред тоа беше сува, кршлива и здодевна. Не морам толку време да се фенирам, бидејќи поголемиот дел од времето сакам да носам пунџа. Забележав и друга промена на моето тело, моето тело полека го враќаше во мојот младешки облик. (Забелешка на SSRF уредникот: Овие телесни промени се случиле поради Божествената енергија која се добива преку пеењето.)

Сега уживам во вегетеријанската исхрана. Она што е интересно е дека уживам да пијам кравјо млеко. Порано не сакав да пијам млеко. Тоа е речиси како Бог да ми кажува што да јадам. Кога јадам сатвик храна чувствувам многу позитивна енергија (Забелешка на SSRF уредникот: Овие промени се случиле поради зголемувањето на Сатва  компонентата во Мариса.)

Ментални промени

Моите погледи на животот драматично се променија. Повеќе не сум заинтересирана за световни работи кои ги интересираат повеќето луѓе, како што се кариера, патување и луксуз. Уживам во малиот стан кој го делам со мојот син и моето куче. Дури и не сакам повеќе да возам. Уживам сегде да пешачам или да се возам со автобусот. Задоволна сум со мојата работа и малата плата. Се повеќе и повеќе забележувам дека не ми се потребни материјалните работи за да бидам среќна во животот.

Се променив во мирна и благодарна личност. Не живеам повеќе во страв, паника и загриженост. Мојата емоционална состојба е избалансирана, бидејќи љубовта и благодарноста се во сржта на моето битие.

Духовни промени

Почнав да осеќам внатрешна љубов кон другите, без оглед на тоа како тие ме треираат. Чувствувам љубов дури и за оние кои ме злоупотребуваа во минатото. На работа, кога ќе имав недоразбирања со колегите или муштериите, наместо да регирам од лутина, мирно седев, ја прифаќав ситуацијата и ќе почнев да пеам. Знам дека не сум совршена, бидејќи понекогаш станувам нестрплива со луѓето кои живеат прекумерно во материјалниот свет; кога ова се случува, веднаш почнувам да се молам на Бога за помош и да Му ги предадам таквите мисли. Понекогаш доживував Блаженство и со леснотија можам да пеам.

Изненадена сум за тоа како мојот живот се промени за толку кратко време. Минатото ми излгеда толку далеку. Сега, како што живеам во мир, љубов и благодарност, развив силна желба да се оддолжам со тоа што ќе обавувам служење на Апсолутната Вистина (сатсева),(служење на Бога).

– Г-ѓа Мариса Ди Томасо, Вашингтон, САД