SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.
На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.
1. Вовед во постапувањето со Светиот пепел (Вибути)
Светиот пепел (Вибути) добиен од палењето SSRF миризливи стапчиња е многу добра духовно исцелувачка алатка.
Ве молиме погледнете го написот -“Зошто пепелот од палење SSRF миризливи стапчиња е познат како Свет пепел”
Како што делува на духовно ниво, неговата ефикасност е директно пропорционална со неговиот сатвик, почитувањето и верата со која се третира и како се ракува.
Од оваа гледна точка, следниве се некои работи кои треба, и кои не треба да ги правиме при ракувањето со Светито пепел.
2. Што треба да правиме при ракувањето со Светиот пепел (Вибути)
На духовно ниво
-
Почитување: Третирајте го со најголема почит. SSRF миризливите стапчиња содржат специфичен мирис, селектиран преку духовно истражување. Оттука, кога ти ќе се запалат, тие привлекуваат специфичен аспект на Божјиот Принцип (Божество). Како резултат на тоа, Светиот пепел собран, исто така, содржи високо ниво на тој специфичен Божествен принцип.
-
Поставување: Чувајте го на олтарот колку што е можно подолго, со цел да го заштитите неговиот сатвик
-
За дополнителна заштита: За да обезбедите подобра заштита на сатвикот на Светитот пепел, можете да залепите трака (лента) со Божјото Име (Нампатти) или слика на Божество на капакот на садот.
-
Ракувајте со десната рака: Духовно е најдобро да се ракува со Светитот пепел со десната рака. Дури и за луѓето кои се леваци, најдобро е да се користи десната рака бидејќи е поврзана со Каналот на Сонцето (Сурја-нади) од духовниот енергетски систем на телото (уште познат како Кундалини) и така, повеќе енергија тече преку неа, правејќи ја по активна рака.
На физичко ниво
Светиот пепел како и секој друг физички објект може да стане нечист и загаден ако се меша со други супстанци или ако не се чува соодветно. Ако е загаден на физичко ниво, неможе да се користи во духовно исцелувачки средства, кои вклучуваат примена на Свет пепел на отворени рани и во правењето на Света Вода за пиење.
-
Чување: Сочувајте го во чист и сув сад штом миризливото стапче ќе изгори. Ова треба да се направи во рок од три часа или, инаку постои ризик пепелот да го загуби неговиот сатвик и да се загади на физичко ниво. Ако се остави на повеќе од три часа, не треба да се додава во главната залиха каде го чуваме Светиот пепел.
-
Контактот сведете го на минимум: Секој пат кога некој го отвора садот, постои можност Светиот пепел да се загади и на физичко и на духовно ниво. Доколку имате поголема залиха, тогаш раздвојте ја на помали делови за секој ден, за да се ограничи физички контакт на минимум.
-
Чистота: Измијте ги рацете пред да го допрете Светиот пепел.
3. Што не треба да правиме при ракувањето со Светиот пепел
На духовно ниво
-
Во текот на менструалните циклуси: Основната суптилна Раѓа компонента во жената се зголемува во текот на пет дена од менструалниот циклус, или се додека крвавењето не престане. Ако жената во текот на нејзиниот менструален циклус дојде во контакт со Светиот пепел, духовната чистота или основната суптилна Сатва компонента во него е намалена. Оттука, препорачливо е да не се допира залихата со Светитот пепел во текот на менструалните циклуси.
Меѓутоа, ако жената престојува сама, таа може да држи мала залиха на Свет пепел настрана, пред да започне нејзиниот менструален циклус да може да го употреби во текот на тој период, така што таа не мора да ја допира главната залиха, бидејќи тоа би резултирало во намалување на неговата духовна чистота до одреден степен.
-
Раѓање и смрт: Не ја допирајте главната залиха на Светиот пепел 12 дена, после раѓање или смрт во потесното семејство. Ова е затоа што доаѓа до зголемување на основната суптилна Раѓа-Тама во потесното семејство.
-
Ризик од црна енергија: Не го чувајте Светиот пепел премногу долго, бидејќи може да биде покриен со црна енергија. Свет пепел од SSRF миризливите стапчиња се препорачува да се чува најмногу три месеци. После тоа, треба да се фрли во проточна вода или во морето. Доколку немате пристап до проточна вода, може да се закопа во дворот, или во градината.
-
Лица под влијание: Доколку во домаќинството живее повеќе од едно лице, најдобро е оние лица кои се под сериозни влијаниа од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) да не ја допираат главната залиха на Светиот пепел, бидејќи тоа би ја намалило неговиот сатвик.
-
Не ја допирајте главната залиха на Светиот пепел доколку не сте ги измиле рацете и нозете после одењето во тоалет или доколку сте биле надвор од куќата. Ова е затоа што едно лице е изложено на зголемена Раѓа-Тама во тоалетот и надвор од куќата.