1. Вовед во проучувањето на случајот надминување на анксиозноста
Во текстот што следува ќе биде прикажан случајот како Алисон (името е променето поради заштита на приватноста) ја мачеле анксиозност, негативни мисли и депресија од кога знае за себе. Од како почнала да врши духовна пракса успеала да ги надмине овие проблеми. Алисон ја подели со нас трансформацијата што и се случила од нападите на анксиозност до ментална среќа и задоволство.
2. Детството проткаено со грижи
Веќе шест години вршам духовна пракса под водство на SSRF. Родена сум во католичко семејство и бев на христијанскиот пат до своите зрели години. Сега имам 39 години и во текот на повеќето од својот живот страдав од средно силни до силни напади на анксиозност и умерена депресија, како и нивните последици. Се сеќавам, кога бев дете на возраст од пет-шест години, дека ме мачеа грижи и анксиозност, поради било какви промени кои можеа да направат проблеми на моето семејство или на мене. Постојано ја чекав мајка ми на прозорецот ако не си дојдеше дома на време. Тогаш умот ми беше растргнат со негативни мисли кои во мене предизвикуваа големи стравови. Кога мајка ми беше далеку од мене, мојата анксиозност се повеќе растеше. Во некоја друга ситуација размислував како зли луѓе влегуваат во зградата каде што таа престојуваше и како ја напаѓаа и дури ја убиваа. Замислував дека мајка ми во сообраќајна несреќа е тешко ранета или мртва.
Кога родителите не оставаа браќата и мене со дадилката, тогаш истрчував надвор на тревникот по нив, плачев и ги молев да не заминуваат. Тоа се случуваше и кога заминуваа само неколку блокови од згради подалеку од дома. Понекогаш слушав разговори помеѓу родителите за финансиски и други проблеми. Во мене тоа предизвикуваше многу мачнина и немир. Се прашував како ќе ни се промени животот ако останеме без пари.
Секоја несреќа што се прикажуваше на телевизија, како на пример природни катастрофи или документарец за атомска војна, веднаш ме влечеше во депресија. Со недели бев опседната со визии, замислувајќи се самата себе си среде таквите несреќи и како животот каков што го познавам засекогаш се менува и станува се потежок. Кога се воведуваше дежурство поради торнадата или се даваше предупредување за нив, се криев во подрумот. Тресејќи се, замислував како сум одделена од семејството или дури како умирам заедно со нив. Кога во училиштето некој ми ќе речеше нешто непријатно, со недели мислев на тоа и бев загрижена, иако тој проблем беше веднаш решен.
3. Младешки години полни со анксиозност
На возраст од 13 години, кога бев во седмо одделение, родителите ме преместиа во подготвително средно училиште. Во тоа време почнаа да се случуваат многу промени. Поминував преку промените на пубертетот. Тогаш се вклучив во спортските активности. Школските програми беа на повисоко ниво па и моите обврски кон учењето се зголемиа. Промената на училиштето, заедно со спортските активности, прилично ги продолжиа моите дневни обврски, а така продолжи и во текот на сите години на школување. Се впуштив во интимни врски, почнав да истражувам за световните цели и размислував за колеџ. Во тој период се зголеми интензитетот од нападите на анксиозност, посебно пред испитите, на некои состаноци или кога имав спортски настапи. Тогаш бев уверена дека, тоа како се чувствувам е нормално, со оглед на тоа се што работев. Тоа е и причината што ништо од тоа никогаш не го препишував на нападите од анксиозноста.
4. Младост – губење контрола
Кога имав 18 години го напуштив семејството за да студирам. И понатаму страдав од нападите на анксиозност. Тоа се манифестираше преку гадење, губење на апетитот, силна вознемиреност и умот постојано ми беше преокупиран со грижи. Ги анализирав причините за нападите на анксиозноста и сфатив дека имам ниско самопочитување и чувство дека не сум доволно добра, посебно во друштво на другите луѓе. Тоа можеше да произлезе и од неодлучноста кога беше во прашање мојата кариера, дури и кога мислев на неа, те. за тоа што сакав да работам во животот, негативните мисли дека ништо не можам да постигнам едноставно ме гушеа. Некаде во тој период бев во сериозна врска со Сем. И после година и половина познанство, моите напади на анксиозност се зголемиа, а мене не ми беше јасно од што. Дали затоа што односот во кој што сум, беше погрешен за мене? Или беше преголем товарот што се обидував да го носам? Дали чезнеев за дом?
Побарав помош од советник и психолог затоа што чувствував дека губам контрола над својот живот. Се чувствував малку подобро кога ги раскажував грижите на советникот, но тој мир траеше само неколку дена. За ситуацијата да биде полоша, Сем ја прекина врската со мене велејќи дека мисли, дека му е потребно некое време да биде сам. Прекинот на врската предизвика уште поголеми проблеми. Моето самопочитување беше многу слабо. Не можев да јадам поради тешките гадења, изгубив пет килограми и секој ден се борев да станам од кревет и да одам на училиште. Имав тешки негативни мисли за себе и животот, често се прашував зошто воопшто живеам.
Црквата ја посетував често, понекогаш само седев, се молев и очекував одговори, како и на олеснување или ослободување од ваквите чувства. Го молев Бога да ги отстрани нападите на анксиозност и депресија и повторно да се чувствувам нормално. Изгледаше како да ништо не помага. Бидејќи самата себе си се убедив, како јас и мојот свет мораат да бидат совршени, ги затворив своите чувства и ја влечев со себе вознемиреноста која ме раздразнуваше.
На крајот на студиите, кога не успеав да дипломирам, помислив дека пронајдов решение за својата страшна вознемиреност. Имав чувство дека тоа беше знак дека треба да ја напуштам бесмислената трка за завршување на студиите за да остварам подобра кариера и работа. Одлучив да се преселам во планините каде нема да бидам оптоварена со: одговорност, материјалните работи, општествениот притисок, да бидам некој во овој свет. Ќе живеам слободна опкружена само со природа. Во периодот на раната зрелост на 24 години, ги спакував своите работи и отидов во планините. Добив работа без стрес и сето слободно време го поминував во скијање, планинарење, уживајќи во природата што ме опкружуваше. Немав потреба од многу пари, донесов само неколку работи со себе и наредните осум месеци животот ми изгледаше доста добро.
Се појавиа нови можности. Промоцијата во работата ми донесе нова одговорност, со Џејсон се разви сериозна врска. Резултатот на тоа, беше зголемени световни барања. Повторно бев анксиозна поради новата работа и врска. Се прашував, дали тоа за мене е вистинската работа, зошто се кријам во планините и не сторам нешто повеќе за себе. Пак почнав да чувствувам вознемиреност и депресија. За да се спротивставам на тоа, заминував на долги скијачки излети, воглавно сама, да пронајдам одговори во дрвјата, небото и снегот. Се прашував, како можам да бидам на така оддалечено, прекрасно место и да чувствувам вознемиреност и депресија? Кога и каде можам да се чувствувам навистина среќно и задоволно? На крајот дојдов до заклучок дека морам да ја решам својата моментална ситуација и да се вратам во светот за да променам нешто смислено во животот. Се пријавив за докторат и се вратив во „цивилизацијата“ за да ги завршам студиите и да продолжам со кариерата.
5. Проблеми со стапувањето во брак и смирување
Се вклучив во програмата за добивање докторат во својата 25 година. Се верив со Џејсон, човекот со кој се забавував во планините. Наскоро се венчавме, купивме куќа и земја и заедно започнавме мало земјоделско производство. Тие години чувствата на анксиозност и нејзините физички последици беа изразени. Мислите исполнети со грижи не стивнуваа, изгубив доста на тежина, секојдневно се борев со проливи и морав да се присилувам да јадам. Кога не учев, се грижев зошто не учам, се прашував дали ќе добијам најдобри оценки и се натпреварував со колегите. Бев загрижена затоа дали се омажив за вистинскиот човек, и како ќе ја градам кариерата и имам семејство. Ваквите мисли ми се вртеа во главата по цел ден, и како не наоѓав одговори, ниту решениа, запаѓав во состојба на депресија. Истовремено размислував дека сум болна, дека имам рак или некоја друга неизлечлива болест. Всушност, се убедував себе си дека ќе ми биде полесно да имам некоја неизлечлива болест, отколку да ги завршам студиите и својот брак, и работата и семејството да ги направам успешни. Ваквите мисли ми создаваа уште повеќе негативни визии и на крајот ја продлабочуваа состојбата на депресија.
Престанав да се потпирам на религијата и не ја посетував повеќе црквата, а себе ретко се наоѓав во молитви и разговори со Бога. Тогаш верував дека држам се под контрола. Но годините што следуваа беа исполнети со борба, не само поради тешката образовна програма во која што бев, туку и поради бракот. Сопругот и јас постојано се препиравме околу се во животот иако расправиите не беа карактеристика која мислев дека ја поседувам. Како дете секогаш бев мирољубива и тивка, израснав во семејство исполнето со љубов каде расправиите и препирките не беа модел на однесување. За повеќето кавги во нашиот брак сметав дека е виновен сопругот. Него и неговите лични проблеми ги обвинував за своите изливи на лутина. Се сметав себеси за жртва во бракот. Живеевме секој за себе. Не знаевме што сакаме како личности, но бевме доволно сигурни дека не е она што го сака оној другиот од нас. После четири години и докторската титула ја започнав бараната кариера и мојот брак почна полека да се распаѓа. Сопругот и јас се разделивме и по прв пат побарав помош од психијатар. Седев на нејзиниот кауч секоја втора недела, зборувајќи за сите работи кои што мојот сопруг ги работеше погрешно и за тоа како сум несреќна. Почнав да зборувам за анксиозноста и депресијата. Терапевтот влезе во историјата на моето семејство. Со дедо ми, баба ми и вујко ми, кои сите по ред страдаа од анксиозност и депресија, изгледаше дека одговорот лежи во генетиката. Кога дополнително го анализираме моето минато, заклучокот беше дека можеби имам физички проблем со мозокот. Психијатрот дојде до заклучок дека мојот мозок не функционира нормално поради недостаток на некои хемикалии. Ми препорача анти-депресивни лекови, коишто веднаш ги одбив затоа што не сакав да се потпирам на лекови.
Во периодот на нашата разделеност сопругот прифати да одиме кај брачниот советник. После состанокот, кога своите разлики ги споделивме со трето лице, ни беше малку подобро. Тогаш и на сопругот му беа препишани анти-депресивни лекови, коишто ги користеше наредната година. Понекогаш се случуваше случајно да не ги земе, но пак се враќаше на терапијата. Тоа создаде уште по стрмоглав пад во нашиот брак и не турна до самиот раб.
Во триесеттата година, поништувањето на мојот петгодишен брак ме доведе до состојба на хронична депресија. Во тој период се борев да се пронајдам во нова кариера. Продолжив со своите сеанси кај психијатрот секоја втора недела, што конечно ме доведе до терапија со анти-депресивни лекови. Бидејќи во терапијата се повеќе откривав дека не сум способна да се носам со животните предизвици, ми се препорачани се поголеми дози на лекови. На крајот на третата година на лекување, користев трипати поголема доза на лекови од оние одредени на почетокот на лекувањето.
Иако сите лекови кои што ги земав до некаде ги ослабнаа немирот и депресијата, се уште чувствував дека нешто недостасува. Размислував како мојата вера е потисната во позадина и искрено сакав да ја повратам својата врска со Бога. Почнав да ги прелистувам жолтите страници на телефонскиот именик, и се задржував на црквите. Случајно ќе го задржев прстот на некоја црква, и се присилував да одам на миса наредната недела. Жолтите страници наскоро беа покриени со црвени линии и крстачки, прецртувајќи ја секоја црква за која сметав дека не е за мене. Имав многу прашања за тоа како да го пронајдам Бога, но пораките од тие цркви не одекнуваа до мене. Моите рафтови станаа претешки од книгите за самопомош, кои ме мотивираа и ми даваа чувство на живот. Но, тоа траеше највеќе една недела, и ако бев во состојба да ја прочитам книгата до крај.
Конечно, почнав редовно да одам во евангелистичката црква и се вклучив во групата за проучување на Библијата. Кога имав 33 години стапив во нов интимен однос. Мојот нов партнер доаѓаше во истата црква. Со оглед дека системот на верување на новата црква беше поинаков од мојот, постојано го преиспитував и како резултат на тоа тешко го делев со групата. Мојата нова врска исто така поминуваше преку успони и падови затоа што постојано се обидував да сфатам што сакам. Кога врската стана по сериозна, забележав дека во неа носам многу исти проблеми коишто ги носов и во претходниот брак. Тоа беше моментот кога донесов одлука дека навистина сакам да се променам, за да историјата не се повтори.
6. Пресвртница – надминување на анксиозноста и депресијата
Алатката која што постојано ја користев како заштита уште од раните дваесети години, беше практикување на јога. Јага практикував воглавно поради физичките придобивки. Меѓутоа, забележав дека таа можеше барем привремено да ја намали мојата непријатност. Бидејќи јогата не ја практикував секојдневно, донесов цврста одлука дека од сега па понатаму ќе ја практикувам редовно. Преку учителот на новите часови по јога се запознав со SSRF. Еден ден на предавањето каде што бев единствениот ученик, се поверив на новиот учител, трагачот кој практикуваше Духовност под водство на SSRF. Му раскажав дека веќе со години се чувствувам оддалечена од Бога. Учителот едноставно ме запраша: „Зарем не мислиш дека Бог сака да ја обнови врската со тебе?“ Истиот ден ја започнав својата духовна пракса со SSRF. Учителот ми препорача да се запознаам со неговата жена затоа што сметаше дека таа може подобро да ми ја објасни Духовноста. Почнавме да се состануваме и преку дискусии да ја објаснуваме конфузијата која што ја имав за религијата и Духовноста, како и зошто така долго време ме мачеше анксиозноста и депресијата. Почнавме да одржуваме неделни сатсанзи и тргнав со проучување на информациите кои што SSRF ги даваше на веб сајтот.
7. Редовна духовна пракса и позитивни промени
По прв пат во животот, започнав секојдневно да практикувам Духовност под водство на SSRF. Вршев духовна пракса пеење на Божјото Име. Се молев и вложував труд во зголемување на духовната емоција. Исто така почнав да правам „Отстрануање на егото и недостатоците на личноста“ како дел од мојата духовна пракса. Ги пишував грешките што ги правев во текот на денот, понатаму ги разгледував исправните акции и тогаш формулирав автосугестии кои требаше да ги спречат новите грешки што ги правам. Истовремено ги вклучив мерките за духовно исцелување според препораките од SSRF, како на пример третманот со солена вода.
Добив јасен увид и сфатив дека причината за мојата анксиозност и депресија, е од духовна природа, а не дека постои некој проблем со мојот мозок.
После една година, од како почнав духовна пракса под водство на SSRF, мојот живот почна да се менува на подобро. Се премажив, започнав хонорарна работа, добив бебе, а мојата духовна пракса стана моја главна поддршка во животот. Нападите на анксиозност полека исчезнуваа, иако имав многу борба на својот пат. Нападите на депресија, исто така станаа ретки. Наместо со денови да се напрегам и грижам околу нешто, таквите чувства исчезнуваа во рок од неколку дена, а подоцна и за неколку часа.
На пример, порано, кога ќе направев поголема грешка на работата, веднаш се обесхрабрував. Во главата постојано ја повторував грешката и се напрегав со нејзините последици, ми доаѓаа негативни мисли за самата себе и запаѓав во депресија. Но кога почнав редовно да вршам духовна пракса, и ги практикувам мерките што ги советува SSRF, се подобри начинот на кој пристапував во животот: кога ќе погрешам на работата, полесно ја прифаќам својата грешка и вложувам повеќе труд, наредниот пат тоа да го направам подобро. Со грешките уште се оптоварувам до некоја граница, но не со денови и недели како што го правев тоа порано. Сега знам како да се спротивставам на грешките, на психолошко и духовно ниво за да ги спречам нивното повторување, што за возврат ми дава надеж и заштита, а не тешкотии како порано. Наместо негативни мисли и напрегања, сега можам да го набљудувам и го пронајдам Божественото учење во неа. Тоа е слободата која што ја барав од мојот поранешен начин на живеење.
Духовните мерки станаа моите нови лекови против депресијата. Духовната пракса и Божјиот благослов ми овозможија да ги намалам лековите и после неколку месеци во потполност да ги исфрлам. Дури и мојот однос со сопругот се подобри. Можам да ги прифатам разликите помеѓу нас, а на нашите недоразбирања гледам како на лекции и сфаќам дека нашиот однос не е совршен од некоја причина. Мојот сопруг исто така забележа промени затоа што имам помалку реакции, помалку осудувања, а повеќе прифаќања, како на луѓето така и на промените. Мојата кариера, колку и да ја сакам, веќе не ми претставува се во животот.
На почетокот бев нервозна кога помислував дека ќе престанам да ги земем анти-депресивните лекови, затоа што тие беа моја поддршка во спречувањето на анксиозноста и депресијата со кои се борев многу години. Со духовната пракса го спознав повисокото ниво на среќа, мир во умот и ментална благосостојба што пред тоа никогаш не успав со лековите. Затоа знам дека и понатаму ќе вложувам во духовната пракса. Дали уште добивам негативни мисли, напади на анксиозност, депресивни мисли и илузии кои што ми се мотаат во главата? Секако. Но, најголемата разлика е во тоа што сега веднаш ги применувам духовните мерки кои што ги научив од SSRF и тие таа состојба ја решаваат моментално.
8. Коментар од SSRF
Случајот од нападите на анксиозност на Алисон не е невообичаен. Голем број на луѓе имаат искуство до одредена мерка иако не во толкава голема мерка како Алисон.
Во SSRF спроведовме истражување засновано на духовната наука на разни случаи кои се однесуваат на психолошките болести. Дојдовме до откритие дека во многу случаи проблемот што се однесува на умот има свои корени во духовната димензија, а не во психолошката. Со истражувањето засновано на духовната наука откриено е дека кај многу луѓе духовната причина за проблемите ја предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци. За да се надминат таквите проблеми SSRF го препорачува следното:
-
Редовна духовна пракса која е прикажана во нашиот напис – Започнете го своето духовно патување
-
Мерки за духовно исцелување, како на пример третман со солена вода и палење на SSRF миризливи стапчиња кои служат за духовно исцелување и духовно прочистување на околината.
Секојдневен свесен, дневен труд во духовната пракса и сатвик живеење ни помагаат да го зајакнеме својот ум и не штитат од штетните елементи од духовната димензија на сличен начин како што и Алисон ја пронашла својата утеха и олеснување.