Видови на ангели и слики на ангели

Резиме: Ангелите го фасцинирале човечкиот род уште од древните времиња. Тие се појавуваат во религиозните, митолошките и останатите списи преку сите култури. Секогаш се прикажани со крилја. Многу луѓе се молат на ангелите. Направивме истражување засновано на духовната наука од разни аспекти на ангелите со помош на екстра-сензорно перципирање (ESP) те. шестото сетило или духовно восприемање. Со помош на откритијата до кои дојдовме користејќи ја методологијата за истражување засновано на духовната наука, овој напис ќе ја де-мистифицира темата за ангелите и ќе понуди нов поглед кон нив.

Copyright © 2007 Spiritual Science Research Foundation Inc, сите права се задржани.

Ниту еден дел од овој сајт не смее да биде репродуциран на било кој начин. Ниту една слика или текст не смеат да бидат реплицирани или копирани без писмено одобрување од уредникот на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука.

1. Вовед

Со методологијата за истражување засновано на духовната наука проучивме разни видови на ангели. Овој напис одговара на честите прашања за ангелите и дава увид во нивниот свет. Исто така ќе дадеме слики на некои видови ангели видени со суптилниот вид те. шестото сетило.

2. Што се ангелите?

Ангелите постојат од почетокот на Креирањето. Тоа се битиа од нижите суптилни региони на Рајот (Сваргалока – третиот регион од седумте позитивни региони каде се доживува среќа). Најнижи се во хиерархијата на позитивните суптилни битиа. Тие првенствено ја вршат улогата на гласници за Божествата од низок ред во нижите суптилни региони на Рајот. Божествата комуницираат со јазикот на светлината, додека ние луѓето го користиме јазикот на звукот. Ангелите ги пренесуваат пораките од Божествата од низок ред и ги преведуваат на достоинствените битиа на нивниот разбирлив јазик. Тоа се случува пред се со ставање мисли во нивниот ум. Под достојни битиа се мисли на луѓето на земјата и суптилните тела во нижиот регион на Чистилиштето (Бувалока), кои имаат некои заслуги или вршеле духовна пракса. Пораките повеќе се врзани за снаоѓање во некој световен проблем. Во околу 5% од случаите ангелите сами даваат световни совети. Бидејќи нивната должност првенствено е на Земјата, повеќето време го поминуваат во регионот на Земјата. Кога не пренесуваат пораки, нивниот живот се состои во уживање на плодовите во нижите суптилни региони на Рајот.

3. Слики на ангелите и кои се видови на ангели постојат?

Постојст околу триесетина видови на ангели. Во следната табела изложивме некои од познатите видови и нивните духовни нивоа.

 

Некои видови на ангели и нивното духовно ниво

Видови на ангели Духовно ниво

table-angel-1Херувими

29

table-angel-2Домињони

30

table-angel-3Сили

31

table-angel-4Серафими

31

table-angel-5Престоли

32

table-angel-6Архангели

32

Причината за постоење на толку видови ангели е тоа што секој од нив работи на различна фреквенција. Со тоа им е овозможен пренос на пораките на разните карактери на луѓето во зависност од тоа кој карактер им одговара на нивната фреквенција.

3.1 Духовно ниво на ангелите

3-MXD_samashti-vyashti-noteПовеќето ангели имаат духовно ниво помеѓу 29-34%. Минималното духовно ниво на луѓето треба да биде 60% за да дојдат до Рајот после смртта. И покрај споредбеното ниско духовно ниво, ангелите престојуваат во нижите суптилни подрачја на Рајот. Како што на Земјата заедно со луѓето живеат животинските и растителните видови на ниско духовно ниво, така и во Рајот заедно со суптилните тела на луѓето со високо и Божествата со ниско духовно ниво, престојуваат и ангелите.

3.2 Слики на ангелите и краток опис на некои видови

Следуваат слики на ангелите засновани на духовното знаење кои ги нацрта г-ѓа Јоја Вале, трагач во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Таа е способна да го види духовното царство како што ние го видиме физичкото. Сликите поради точноста се верификувани од страна на Неговата Светост Др. Атавле.

Видете го написот ’Што подразбираме под цртежите засновани на духовното знаење?

Забелешка: Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.) можат да имаат влијание на секој суптилен цртеж. Заштитната рамка е ставена околу сликите на ангелите поради заштита од негативните енергии при разгледувањето и копирањето на суптилните слики кои ги работат трагачите со развиено шесто сетило.

4-MXD_Cherubim

5-MXD_Dominion

6-MXD_Powers

7-MXD_Seraphim

8-MXD_Principalities

9-MXD_Archangel

3.3 Како тоа претходно прикажаните ангели да немаат крилја?

Ангелите традиционално се прикажани со крилја. Меѓутоа, духовното истражување спроведено од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) покажа дека само 30% од ангелите имаат крилја, додека 70% ангели немаат. Тие 30% со крилја припаѓаат на најнискиот ред на ангели. Тие комуницираат со луѓето на ниво на исполнување на многу прости световни желби. Вишите ангели немаат крилја.

Видео: Претходните слики ги нацрта трагачот што врши духовна пракса по советите на SSRF. Следува одломка од разговорот со г-ѓа Јоја Вале за време на цртањето на суптилните слики на ангелите засновано на духовното знаење.

Видеото има превод затоа што Јоја е лице со оштетен слух и ослабен говор. (За гледање на ова снимка потребна е нова верзија на Adobe Flash Plajer. Притиснете овде за симнување на последната верзија.)

3.4 Влијание од духовите на суптилните слики

Негативните енергии се претставуваат како ангели погрешно советувајќи ги луѓето и создавајќи лажни слики за ангелите со крилја. На тој начин духовите се обидуваат да ги измамат луѓето кои имаат духовни способности (медиуми). Како што многу медиуми ги советуваат луѓето, негативните енергии ги измамуваат, така што тие не знаејќи, ги доведуваат во заблуда луѓето што ги водат. Поради тоа во 90% од случаите кога медиумот види ангел се работи за дух. Затоа е многу важно лицето со развиено шесто сетило да ја провери добиената суптилна слика со духовниот учител со духовно ниво од најмалку 70%.

3.5 Ангели чувари – дали тие постојат?

Ангели чувари не постојат. Некои предци што имаат голема склоност кон семејството се јавуваат за да им помогнат на членовите на семејството во световните работи. Овие преминати предци можат да бидат погрешно сфатени како ангели. Предците со духовно ниво помеѓу 20 и 30% можат да помогнат само во поглед на световните задоволства. Само предците над 50% можат да помогнат во поглед на духовната пракса.

3.6 Дали ангелите се машки или женски пол?

Ангелите можат да бидат машки и женски пол. Само суптилните ентитети и суптилните тела во вишите суптилни региони над Рајот те. во Махалока и повисоко, поради нивното духовно ниво на 60% (самашти) или 70% (вјашти), не се идентификуваат со полот.

3.7 Каков е составот на ангелите од основните суптилни компоненти?

10-MXD_SRT-ChartПроцентот на односот на трите основни суптилни компоненти во ангелите е даден на графиконот десно.

Погледнете го написот Сатва, Раѓа и Тама, три основни суптилни компоненти во Универзумот

 

 

 

 

 

4. Останати чести прашања за ангелите

4.1 Можеме ли да ги видиме ангелите?

Бидејќи ангелите се суптилни битиа не е можно да се видат со голо око. Тие не се прикажуваат пред нас. Можат да се видат само со помош на развиено и активно екстра-сензорно перципирање (ESP) те. шестото сетило. Механизмот на нивната комуникација со нас луѓето е ставање мисли во нашиот ум.

4.2 Колку ангели постојат?

Ги има безброј.

4.3 Колку ангелите се блиску до Бога?

Со оглед на нивното релативно ниско духовно ниво (од 29 до 34%), тие се многу далеку од Бога. (Треба да се биде на духовно ниво блиску до 100% за да се биде блиску до Бога.)

4.4 Имаат ли ангелите моќ да одговорат на нашите молитви за исполнувањето на световните желби?

Не, ангелите немаат способност да одговорат на молитвите, те. тие сами на можат да помогнат ниту да сторат нешто за луѓето. Највеќе што можат е да ги упатат луѓето за световните прашања ставајќи им мисли во умот. Тоа се случува во 5% од случаите.

4.5 Кога се молиме на ангелите, кој одговара ако не тие?

На молитвите одговараат нашите преминати предци или духовите. Тие ја користат молитвата и така со остварувањето на тие мали желби им се додворат на луѓето да ја придобијат контролата врз нив за задоволување на своите желби. Меѓутоа, со процесот на исполнување на тие желби лицето ја проголтува нивната негативна енергија. Ова им дава контрола над лицето и негативно делува врз него.

Видете го написот: ’Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?’

4.6 Дали ангелите не штитат од негативните енергии?

Ангелите поради ниското духовно ниво не можат да се борат дури ниту со духовите од ниско ниво така да не можат да ни дадат заштита.

4.7 Дали ангелите се достојни за обожавање?

Бидејќи не можат да ни одговорат на нашите молитви во врска со духовниот раст, тие не се достојни за обожавање.

5. Резиме

  • Ангелите се најнижи во позитивната суптилна хиерархија на Универзумот. Нивната единствена улога е пренесување на пораките од Божествата од низок ред од суптилниот регион на Рајот, на заслужните луѓе или суптилните тела во подземниот свет.

  • Бидејќи не можат да не водат духовно, ниту пак да ни дадат заштита од негативните енергии, тие не се достојни за обожавање.

  • Негативните енергии постојано ја користат фасцинацијата на човечкиот род за ангелите. Претварајќи се во форма на ангели тие погрешно ги наведуваат медиумите, кои како последица на тоа го заведуваат човештвото.