Зошто жените се повеќе опседнувани од мажите?

Забелешка: Пред да го прочитате овој напис, за подобро да го разберете ве молиме прочитајте го нашиот напис Дефиниција на демонска опседнатост и што значи да се биде под влијание на духови?

1. Зошто духовите ги опседнуваат жените повеќе од мажите – вовед

Демонска опседнатост е состојба кога дух или некој вид на негативна енергија има контрола над умот (емоции или мисли) и интелектот (способноста за донесување одлуки) на некое лице, така што е споена со свеста на лицето. Како резултат на тоа, негативните енергии имаат контрола и врз активностите на тоа лице.

Во претходните написи објаснивме дека во денешните времиња, 30% од светската популациија е опседната од страна на духовите и негативните енергии. Меѓутоа, споредено со мажите, бројот на опседнати жени е поголем. Преку духовно истражување засновано на духовната наука ги проучивме причините за ова.

2. Суптилно знаење за тоа зошто духовите ги опседнуваат жените повеќе од мажите

Следната табела дава преглед на соодносот на жени и мажи опседнати од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.).

Жени Мажи
 Негативни енергии привлечени кон поединци според полот (%) 70% 30%

Подолу даваме објаснување на главните причини

2.1 Физички причини

Во женското тело доаѓа до чести хормонални промени и тоа создава поголема чувстителност која привлекува вознемирувачки (негативни) енергии.

Релативно, со текот на времето во машкото тело се случуваат помалку хормонални промени. Како резултат на тоа, тие се помалку чувстителни и веројатноста да бидат привлечени вознемирувачки енергии кон нивното тело е помала.

2.2 Психолошки причини

Психолошки причини за опседнувањето

Жени Мажи
Недостатоци на карактерот 1. Бидејќи жените се по емотивни, лесно привлекуваат негативни енергии. Да се биде сентиментален / емотивен е знак на слаб ум и аспект на его.
2. Во жените доминираат недостатоци на карактерот како што се загриженост, чувство на жалост (каење), себе-окривување, очекувања, итн.
1. Бидејќи мажите се помалку емотивни, тие помалку привелкуваат негативни енергии.
2. Споредено со жените, мажите имаат помалку недастатоци на карактерот.
 Его 1. Кога една жена има став на служење кон нејзиниот маж и деца, тогаш нејзиното его се намалува.
2. Атрактивните жени премногу се грижат за нивното тело и тоа донесува поголема свест за телото. Таквите жени во себе имаат голема количина негативна енергија која ги мами другите (Мохини-шакти) и заради тоа тие привлекуваат негативни енергии.
1. Еден маж кој мисли дека тој го штити неговото семејство и себе е егоистичен. Понекогаш умовите на таквите мажи стануваат слаби. Меѓутоа оваа слабост е помалку застапена отколку кај жените.
2. Свеста за телото кај мажите е помала и заради тоа нема никаков ефект од негативни енергии врз нив.

2.3 Духовни причини

Генерално, жените имаат повеќе судбина низ која мора да поминат. Кога акумулираната сметка на земање и давање, која е создадена како резултат на нечија лична карма или (акции од претходните раѓања и сметката на земање и давање) е поголема, тогаш личноста се раѓа како жена.

Споредено со мажите, тие генерално имаат помалку судбина да поминат. Ова е затоа што акумулираната сметка на земање и давање, која е создадена како резултат на нечија карма или кармите (акции) од претходните раѓања и сметката на земање и давање во овој живот, е помала во однос на жените.

3. Знаци на манифестирање на негативните енергии според полот

Знаци на манифестирање на негативните енергии според полот

Жени Мажи
1. Прикажување одредени физички движења при танцување (играње), уметност, итн. 1. Мисли да се борат меѓусебе
2. Преку негативната енергија која ги мами другите (Мохини-шакти) добива сексуални мисли и таквите мисли ги ставаат во умовите на другите. 2. Добиваат сексуални мисли
3. Добиваат мисли дека изгледаат привлечно и тоа доведува до зголемување на свеста за телото 3. Добиваат мисли да станат најмоќни и свеста за телото се зголемува
4. Ги зголемуваат емоциите и го напаѓаат интелектот* 4. Го зголемуваат егото со тоа што мислат дека се интелегентени

* Негативните енергии прво ја зголемуваат емотивноста за да го ослабат умот. Со цел интелектот да не ја надвладее емотивноста на жената, негативните енергии ја преземаат контролата и над интелектот.

4. Делување на демонска опседнатост врз духовниот напредок

Поради тоа што жените се по емотивни и имаат повеќе судбина за поминување споредено со мажите, помал број од нив достигнуваат Светост. За да достигнат Светост тие треба да вложат интензивен труд во нивната духовна пракса. Покрај овие духовни, постојат и физички прични зошто помалку жени достигнуваат Светост. За време на менструалниот циклус, Раѓа компонентата (во телото) кај жените се зголемува, а Сатва компонентата се намалува. И покрај сето ова, достигнувањето Светост варира во зависност од личноста. Фактори како што се духовно ниво, мината духовна пракса, попречувања, судбина, итн. сите играат улога во одредување на брзината на напредокот. Ако вложат интензивен труд, жените можат духовно да растат побрзо од мажите.

5. Резиме – духовна пракса како средство за заштита од демонска опседнатост

Со цел да се заштитиме или да се ослободиме самите себе од демонската опседнатост, можеме да ги практикуваме следниве чекори:

  1. Обавување духовна пракса
  2. Да применмие мерки за духовно исцелување
  3. Да побараме совет или упатсво од оние кои се на повисоко духовно ниво
  4. Да правиме постојани напори во отстранувањето на недостатоците на каракатерот и остранување на егото.