01-MKD-benefits-satseva

1. Вовед

Служењето на Бога е служење на Вистината. Тоа е третиот од осумте чекори во духовната пракса на Патот на благословот на Гуруто кон спознание на Бога (Гуирукрупајога).  Важно е служењето на Бога да го извршуваме како сатсева (служење на Вистината), а не како било која друга активност, за да имаме максимум духовни придобивки. Служењето на Бога механички, само да биде одработено или само затоа што сме рекле дека нешто ќе сработиме, нема да ги донесе посакуваните духовни придобивки. Треба постојано да бидеме свесни дека сатсевата служење на Бога и сите активности да ги извршуваме како своја духовна пракса. На Бога треба да му служиме со сето срце и тоа да го правиме што е можно посовршено. Накратко, продуховување на секоја активност во стекнување на Божјиот благослов е познато како сатсева.

2. Зошто служењето на Бога (сатсева) е поважно во споредба со пеењето и присуствување на сатсангот

Во духовната пракса, пеењето има 5% значење, престојот во друштво на Вистината (сатсангот) има 30% значење, додека сатсевата има 100% значење. Зошто служењето на Бога е толку важно? Тоа е поради тоа што за време на служењето на Бога, трагачот има можност да ги практикува сите осум чекори во духовната пракса. На пример, за време на сатсевата можеме да се молиме и да пееме. Додека му служиме на Бога се наоѓаме во друштво на Вистината (сатсанг), а со оглед дека извршуваме активности за Бога, го жртвуваме нашето време, пари, ум, интелект или телото, во зависност од тоа која сатсева ја работиме. Служењето на Бога исто така ни дава можност да ја зголемиме нашата духовна емоција (бав).

Кога правиме заедничка сатсева со други трагачи, тоа ни дава можност да станеме свесни за нашите недостатоци на карактерот и манифестирање на егото, па можеме да преземеме мерки да ги отстраниме. Сатсевата помага и во развивање на зближување со другите трагачи и така ни помага во развивање на експанзивноста.

Исто така, кога во световниот живот работиме некоја работа, очекуваме нешто за возврат. Кога обавуваме сатсева, ако ја обавуваме без очекувања, за возврат добиваме нешто многу убаво, а тоа е Блаженство.

3. Разлика помеѓу работата и служењето на Бога

Има голема разлика помеѓу вршењето на секојдневните световни должности и сатсевата. Ако работиме нешто, или извршуваме било која друга акција, очекуваме некоја загарантирана придобивка, кога работата ќе ја завршиме. На пример, повеќето луѓе нема да одат на работа ако на крајот на месецот не земат плата.

Обично постои его кога „јас ја работам работата, сакам да ми се признае мојот труд“, додека во сатсевата е спротивно. Сатесевата се обавува без никакво чувство дека „јас работам“, бидејќи се развива чувство дека единствено Бог ја работи сатсевата преку нас, додека ние служиме само како медиуми. Какошто напредуваме духовно, ова сфаќање станува се подлабоко и нашата духовна емоција или посветување на Бога се зголемува.

Кога лицето почне да придонесува за Божјата мисија, се воспоставува блиска врска со Бога и почнува да прима континуирано позитивна енергија така што, дури и кога врши сатсева после напорниот ден на работа, не чувствува никаков замор.

4. Придобивки од Сатсевата

  1. Добивање на Божествена свесност (Чаитанија): Служењето на Бога подразбира, дека сме во сат (Апсолутната Вистина) за време на сатсевата. Со оглед дека работиме Божја работа, Тој не наградува со Божествена свесност. Таа Божествена свесност ја намалува раѓатама  компонентата во нас и ја зголемува сатва компонентата, што е цел на секој којшто тежнее кон Духоноста.
  2. Развивање на Божествени квалитети: Помага во развивање на Божествените квалитети како што се точноста, планирањето, ставот на служење, итн.
  3. Желбата на другиот на прво место: Учиме како да ги надминеме реакциите на разликите во карактерите и да ја ставиме желбата на другиот пред својата. Сите трагачи вклучени во сатсевата даваат предлози коишто подеднакво се разгледуваат, што ни дава прилика да го разбереме и прифатиме туѓото мислење. Ова понатаму помага во намалување на егото.
  4. Решенија за пречките: Учиме од пречките со коишто се соочиле другите трагачи и од се што преземале тие пречки да се надминат.
  5. Намалување на егото: Кога трагачот ќе сфати дека служењето многу добро се одвива после молитвата, и одрекувајќи се од чувството дека „јас работам“, тоа помага во намалување на егото.
  6. Се развива единство: Добиваме прилика да им помогнеме на другите трагачи во духовната пракса. Кога им помагаме на другите, тоа помага да го пренасочиме вниманието од себе на другите. Ова помага во развивање на пријателство со другите трагачи, се прошируваме како личности и се намалува егото.
  7. Учење од туѓите грешки: Помага да ги намалиме грешките коишто ги правиме, така што учиме од грешките на другите.
  8. Дава инспирација: Кога набљудуваме колку другите трагачи се трудат во служењето на Бога, и покрај пречките што ги имаат, добиваме инспирација да ја зголемиме својата духовна пракса.
  9. Придонесува за брз духовен раст: Ни дава можност да развиеме чувство на единство со мисијата за ширење на Духовноста, што доведува до брз духовен раст.

5. Која сатсева е најдобра?

Постојат разни начини да се стигне до Бога. Најдобра сатсева е ширење на Духовноста.

Некои едноставни начини коишто можете да ги направите:

  • Испратете e-мејл на пријателите или членовите на семејството од SSRF написите или линковите поврзани со Духовноста.
  • Помогнете да се опреми просторот за работилниците, сатсанзите и после да се очисти.
  • Користете ги вештините на компјутерот за сатсева во врска со веб-сајтот.
  • Споделете со другите она што сте го дознале и искусиле, вршејќи духовна пракса според советите на SSRF.
  • Ако знаете уште некој јазик, можете да волонтирате и да преведувате написи од SSRF сајтот.
  • Ако користите друштвени мрежи, можете преку нив да ја ширите свеста за Божественото Знаење коешто се наоѓа во SSRF написите.
  • Споделете со луѓето како и тие би можеле да доживеат Блаженство, со редовно вршење на адекватна духовна пракса според шесте основни принципи.

6. Духовни искуства на трагачи за време на служењето на Бога

02-MKD-Sean1. Пред неколку месеци, јас и еден друг трагач, отидовме на посета кај еден колега. Тој изрази желба да ни помогне, технички да го реконструираме веб-сајтот на SSRF. Тогаш почувствував дека помошта ни ја испрати Божјиот Принцип на Учење  (Гуру Принципот), затоа што нашиот колега имаше искуства во врска со она што ние технички сакавме да го постигнеме со сајтот. За време на разговорот со него го чувствував Божјото присуство и духовна емоција. Исто така и трагачот со којшто дојдов, чувствуваше духовна емоција. Исто така одговоривме на неколку прашања коишто колегата ги постави во врска за Духовноста. Кога го прашавме колку време ќе може да посвети на оваа сатсева, тој одговори дека ќе го посвети целото свое слободно време. Наредниот ден ни го раскажа искуството коешто го имаше додека разговаравме претходниот ден.

Ни раскажа дека, додека разговараше со нас, штом ќе му се појавеше прашање за Духоноста во неговиот ум, јас давав одговор, иако тој на глас не го поставуваше. Се чини дека тој беше толку воодушевен од оваа искуство да, по нашето заминување, му требаше некое време да сфати што всушност се случило. – Г-дин Шон Кларк, Австралија

Akosh2. Минатата недела имавме SSRFсатсанг. На сатсангот добив совет да ја зголемам сатсевата на еден до два часа дневно. Почувствував дека Бог стави нешто во мене, па така имав повеќе борбен дух. Таа недела можев да вршам речиси еден час сатсева секојдневно.

После таа недела служење на Бога, сфатив колку внатрешна сила добив од тоа. Не чувствував никаква ментална или интелектуална збунетост, коишто порано, често ме исфрлаа од балансот. Денеска се чувствувам уште помирно, затоа што можев да ја зголемам сатсевата. Чувствувам дека дека сите сомнежи и скептицизам поврзани со духовната димензија, коишто ме прогонуваа со години, едноставно исчезнаа.

Благодарен сум му на Бога што имаше трпение за мене. Со године не вршев доволно сатсева, иако ми беше кажано многу пати. Сега ќе ја вршам колку што е можно.

3. Еден трагач којшто врши духовна пракса според советите на SSRF, имаше проблем со зборувањето. Овој проблем го имаше уште од детството и не успеваше да го реши. Со духовна пракса и прифаќајќи да зборува за Духовноста, како дел од неговата сатсева, истиот тој трагач можеше точно да зборува пред многу публика на еден духовен собир (сатсанг). Повеќето луѓе иако не пелтечат, чувствуваат несигурност кога би требало да зборуваат пред публика, поради чувството дека би можеле нешто да згрешат. Фактот дека некој го надминал пелтечењето кое што го следело цел живот само вршејќи сатсева, не е ништо другу, туку чудо.

Заклучок

Можеме да заклучиме дека служењето на Бога е средство за брз духовен напредок, те. тоа е можност да развиеме квалитет на трагач и да го разградиме умот, интелектот и егото.

На трагачот е да ги искористи сите расположливи можности да врши сатсева и да ги искористи на најдобар можен начин. Без оглед на кој начин и како, Божјата работа секогаш се завршува. Затоа трагачот не треба да го развива егото дека тој е незаменлив за извршување на некоја сатсева и треба да има постојано на ум дека, ако тој не сработи некоја сатсева, секогаш ќе се најде некој трагач кој ќе ја сработи.

Кога трагачот се обидува да биде медиум во мисијата на Гуруто, Божествениот Принцип на Учење се активира и доаѓа до него.

Почитувани читатели и трагачи, SSRF препорачува, кога веќе сте почнале со пеење и присуствување на сантсанзи, како следен природен чекор, обидете се да правите некоја сатсева, за да од прва рака го почувствувате она што го споделивме во овој напис.

Ако саката да вршите сатсева, ве молиме контактирајте не по пат на нашиот линк за регистрација.