Видови на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии)

1. Вовед во видови на духови

Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), ги проучува различните видови на духови и нивните манифестации од 2000-та година. Во тоа време, благодарение на трагачите и нивната интензивната духовна пракса во SSRF центрите (ашрами) низ Индија и мисијата на организацијата да ја шири Духовноста со цел да ја наговести ерата на духовна обнова по 2025-та година, откривме дека трагачите на SSRF беа додатно напаѓани (вонземирувани, нарушувани, под влијание) од духовите. Првично духовите од пониските редови почнаа да ги напаѓаат трагачите и центрите на SSRF (ашрами). Тргачите на SSRF се бранеа од овие налети на суптилни-напади, со зголемување на нивното духовно ниво, духовно исцелувачки мерки  и најважно од се, милоста на нивниот духовен водач Неговата Светост Др. Атавле. Меѓутоа со годините, различни видови на посилни духови ги попречуваа трагачите обиддувајќи се да го спречат духовното истражување кое се одвиваше во центрите (ашрами) на SSRF.

Видови на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии)

Во периодот од 2000-та година до денес, SSRF имаше прилика да сведочи и истражи илјадници суптилни влијанија и опседнувања од различни видови на духови. Во овој напис ги објаснуваме различните видови на духови и нивните особини.

2. Видови на духови

На самиот почеток, важно е да се напомене дека, кога ја употребуваме фразата духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) како колективна именка, настојуваме да го покриеме целиот спектар на негативни енергии, бидејќи постои огромна разлика помеѓу духовите од пониските нивоа и духовите од повисоките нивоа како што се суптилните мантрици од шестиот и седмиот регион на Пеколот (Патал). Оваа разлика е во однос на нивната духовна сила. Ова е како да се споредува воената моќ на Сооединетите Американски Држави со воената моќ на некоја мала земја во Тихиот Океан. Иако тие и двете го имаат статусот на суеверени држави, тие едноставно не се во иста лига, во однос на нивната воена моќ.

Духовите првенствено ја користат нивната духовна сила стекната преку нивниот вид на духовна пракса да му нанесат штета на човештвото. Степенот на можната штета зависи од нивната духовна сила од видот на духот. Во табелата подолу ги прикажавме различните видови на духови и нивната релативна духовна сила.

Споредбена табела на релативната1 духовна сила на различните видови на духови

Вид Релативна сила на видот на духот % на луѓе под2 влијание Духовно ниво (%) на3 Светци со иста сила
Обичен дух (Бут)4  1  30%  –
Демони (Ракша и Асур)  1-10  50%  –
Црна Змија (Кала Наг)  100  10%  70%
Женски гоблин (Хадал)  1,000  2%  –
Џакин  1,000  2%  –
Вештерка (Четкин) 1,000  2%  80%
Дух (Пишач) 10,000  4%  85%
Суптилен волшебник (Мантрик)  100,000 – Infinity  0%5  90-95%

Фусноти:

  1. Овие бројки во табелата се однесуваат на тековниот временски период се до 2025 година. Покажува зголемување на активноста на духовите од повисоките нивоа. За подобро разбирање ве молиме погледенете ги написите за Армагедон и Вечната борба помеѓу Доброто и Злото. Врз просечното лице влијае обичниот дух или супитлното тело на преминатитот предок, додека тука во табелата се прикажани и оние силните духови кои го загрозуваат целото човештво.
  2. Под процентот на луѓе под влијание мислиме на процентот на светската попопулација која е под влијание од различните видови на негативни енергии.
  3. Оваа колона го покажува духовното ниво на Светците вклучени во ширење на Духовноста во споредба со силата на духовите. На пример духовната сила на Светец од 70% вклучен во ширење на Духовноста е помала од духовната сила од видот на духот како што е женскиот гоблин (хадал). Невозможно е за просечниот егзорцист/духовен исцелувач да да ги надвладее духовите над нивото на обичниот дух (Бот) или преминат предок (кои не станал дух). Просечните егзорцисти, духовни исцелувачи, волшебници и просечни свештеници во најдобар случај може да отстранат обични духови или преминати предци кои влијаат или опседнуваат лице. Тие генерално би биле несвесни за духовите од повисоките нивоа кои опседнуваат лице.
  4. Во повеќето случаи луѓето се под влијание на суптилните тела кои сакаат да ги вознемируваат нивните потомци. Меѓутоа, желбата на преминатите предци да ги вознемируваат нивните потомци е додатно засилена (поттикната) од енергијата на духовите од повисоките нивоа. Па дури и во случајот кога демон влијае на едно лице, тој може да го вознемирува преку преминат предок. Во некои случаи, преминатите предци и самите можат да бидат помеѓу некоја од категориите на духови.
  5. Суптилните мантрици ретко влијаат на луѓето директно и само тоа го прават во случај на:
    1. Бесчувствен терорист кој работи (тежи) за пад на човештвото во целост или
    2. Да ја запре мисијата на Светец кој работи за подигање на човештвото на духовно ниво.
  6. Како што можете да видите од табелата погоре, духовната сила на суптилните мантрици е најсилна помеѓу сите видови на духови. Тие имаат пристап до огромен износ на духовна црна енергија. Тие можат да пристапат до неа за да предизвикаат штета на големи површини и сериозно да го погодат човештвото во целина. Суптилните мантрици од 6-от и 7-от Регион на Пеколот имаат духовна способност да водат суптилна војна дури и против божествата од пониските нивоа од суптулниот регион на Рајот (Сваргалока) во манифестирана форма (позитивна енергија која има форма т.е. сагун).

2.1 Што е со вообичаените имиња на духовите?

За оние кои читале литература за духови, можеби се прашувате што се случило со вообичаените имиња кои сте ги прочитале како што се: Сатана, Ѓавол, Полтергеист, Фантом, итн. Овие се само различни имиња на духови кои се вклопуваат во рамката на основни видови на духови кои ги наведовме погоре.

3. Дали постои некаква хиерархија кај духовите?

Да, постои хиерархија помеѓу духовите која се базира на нивната духовна моќ или сила. На крајот на краиштата сите духови се контролирани од суптилните мантрици.

3.1 Дали има некој на чело на сите духови?

Да, постои главен дух, еден суптилен мантрик (негативен духовен учител, господар) на сите суптилни мантрици и кој ги води сите други суптилни мантрици.

4. Како дух постанува одреден вид на дух?

  • Главната причина зошто едни лице постанува одреден вид на дух е поради нивната доминантна лична особина и нивната доминантна мисла за времето на смртта. На пример, луѓето кои се вклучени во негативно влијание врз човештвото во целост, се со поголема веројатност да станат суптилни мантрици. Од друга страна, прекумерни световни желби постојаното лошо мислење за други, може да кулуминира во тоа да едно лице стане обичен дух после смртта. Ова, исто така, зависи колку особината е вкоренета во личноста и колку често се манифестира во дела.
  • Како резултат на тоа, судбината не едно лице во животот после смртта, исто така, може да биде одредена од видот на духот што го контролирало лицето за време на животот на Земјата. Во случаи каде едно лице на Земјата е под целосна контрола на дух како што е суптилен-волшебник, се со поголема веројатност да станат робови на суптилните-волшебници во животот после смртта.
  • Основното правило е дека негативните личности привлекуваат негативност и се поттикнати (поткрепени) од духовите ( демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) со или без нивно знаење.

5. Основен облик и форма на видовите духови

Во различни написи за духовите, обезбедивме детални инфорамции за различните видови на духови и цртежи засновани на суптилното знаење на нивната основна форма. Ве молиме имајте во превдид дека ова е само еден груб водич бидејќи духовите можат да заземат (примат) било која форма.

Духовниот принцип дека збор, допир, форма, вкус и мирис и нивните енергии, коегзестираат, истото важи и за духовите. Во зависност од нивниот вид на енергија, тие заземаат одредени форми. Овие форми сепак може да се променат, во зависност од тоа, што духот сака да постигне. На пример, ако духот се обидува да заплаши, тој ќе заземе некоја застрашувачка форма, доколку пак се обидува да измами духовен исцелувач може да заземе форма на ангел или позитивна енергија. Тие исто така, може да заземат форма на нашите преминати предци и така да ги измамат видовитите (медиумите) и луѓето кој доаѓаат кај видовитите за да се распрашаат за своите преминати роднини. Ова важи за/во речиси сите случаи.