Обичнни духови (Бут)

1. Вовед

Обичниот дух (Бут) е најнизок на скалата по хиерархија кај духовите и има релативна сила 1. (За подобро разбирање ве молиме прочитајте го написот ‘Видови на духови‘.) Во денешните времиња и до 2025 година, околу 30% од луѓето во општеството се под влијание или опседнати од овој вид на дух.

2. Суптилен цртеж на обичен дух

MKD_M_Common-Ghost

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само еден груб водич бидејќи духовите можат да заземат или примаат било која форма во зависност од тоа што се обидуваат да постигнат. Исто така ви препорачуваме да го погледнете написот – Зошто постои заштитна рамка околу цртежот заснован на суптилното знаење на обичниот дух?

3. Основни карактеристики на обичниот дух

3.1 Место на живеење во регионот на Земјата

Духовите обично живеат во простории кои имаат иста фреквенција како суптилниот регион од каде потекнуваат или Раѓа-Тама  вибрации кои одговараат на нивните. Поради овие прични обичните духовите се населуваат (живеат) во трошни куќи, пабови (кафичи), забавни центри во кои преовладува Раѓа-Тама (за да ги исполнат нивните желби), ровови, канали и куќи во кои живеат луѓе со исти навики и желби слични на духовите. Можат секој ден да се селат од место до место.

3.2 Физички карактеристики на обичниот дух

  • Обичните духови можат да попримаат било каков обилк и боја во зависност од она што се обидуваат да постигнат и колку планираат да се прикажат.
  • Доста често, нивниот облик одговара на нивната правобитна форма кога се наоѓале во регионот на Земјата (Булока). Кога сакаат да ги заплашат луѓето тие заземаат амфорна форма како онаа прикажана на горниот цртеж заснован на суптилното знаење.
  • Поради нивната ограничена духовна сила (во споредба со духовите од повисок ред) тие немаат моќ својот обилк да го менуваат драстично.
  • Тие обично се врзани за Земјата и повеќето од нив се наоѓаат во близина на површината на Земјата

3.3 Ментални карактеристики на обичниот дух

  • Остануваат во истата средина: Мислата за семејството и пријателите им останува и после животот. Оние со слични вибрации, карактеристики и ист регион се држат заедно. На кратко, тие имаат тенденција кон живот во групи.
  • Немирна природа:
  1. Не се задржуваат долго на едно место. Тие се постојано во движење.
  2. Нивните очи се немирни.
  • Желби: Склони се кон световни уживања (задоволства)
  • Однесувањето во врска со тековните активности: Кога се манифестираат во опседнатото лице, викаат испуштајќи силни звуци, бараат внимание и одобрување со ракоплескање, се забавуваат, прават шеги (бељи), прават бркотници (буки), постојано ги повлекуваат нозете на другите и одеднаш извикуваат.
  • Оденусувањето во однос на мислите: Постојано им прават проблеми на луѓето и потоа гледајќи ги се забавуваат. Тие се вмешуваат само кога треба да предизвикаат страв кај луѓето или преку нив да ги задоволат нивните желби.

3.4 Духовни карактеристики на обичниот дух

  • Обичните духови не вршат духвона пракса за да се здобијат самите со повеќе црна енергија, наместо тоа тие добиваат веќе готова енергија од супериорните духови.
  • Тие не преземаат ништо на своја рака, бидејќи немаат капацитет. Работат под водство на сите видови на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) и извршуваат задачи како пренесување на пораки до супериорните духови и обезбедуваат информации за различни места.

4. Како обичните духови влијаат врз луѓето

Обичен дух и преминат предок (кој не станал дух) не се на исто ниво во однос на нивната духовна сила. Главната разлика помеѓу нив е дека преминатите предци ги вознемируваат своите потомци во согласност со сметката на земање и давање која ја имаат со нив, додека обичниот дух влијае или го вознемирува било кое лице користејќи ја својата црна енергија без оглед дали се работи за нивни потомци или не.

4.1 Медиум преку кој предизвикуваат проблеми:

Обичните духови влијаат на човештвото на разни начини, некои од нив се:

  • Опседнуваат едно лице за да ги исполнат нивните желби како што се: конзумирање на алкохол, храна , секс, итн.
  • Се манифестираат или материјализираат пред некое лице или
  • привремено влегуваат во животни за да ги нападнат или исплашат луѓето.

4.2 Преку животната средина

  • Го зголемуваат суптилниот притисок во животната средина и тоа резултира да атмосферата се исполни со суптилни облаци или како црна магла. Ова предизвикува нарушувања, односно проблеми во семејството во вид на кавги, препирки или намулување на способноста.

4.3 Материјално/Световно

  • Обочните духови ги расипуваат прехрамбените производи.
  • Бидејќи можат да движат предмети обично ги сокриваат за да луѓето тешко ги пронајдат. Често превртуваат објекти или предмети.
  • Крадат пари или други предмети од просториите според упатствата на супериорните духови.
  • Произведуваат чудни звуци во просториите со скокање по ѕидовите или по таванот. Всушност, можат да произведат заглушувачки звуци преку медиумот на негативни фреквенции.

4.4 На Физичко ниво

  • Ненадајно буткање при одење.
  • Зборување во сон.
  • Ноќно мокрење.
  • Вртоглавица проследена со чувтсто на допир од дух.
  • Кога едно лице е опседнато од дух и ако тоа биде изложено на духовно исцелување, плеска со рацете и нозете.

4.5 На ментално ниво

  • Доживување ненадајно преминување на бела магла во темна просторија, проследено со заборавање на работата која се обавувала во тој момент и збунетост (расеаност).
  • Постојано чувство на присутност на некој енетите.
  • Доживуање ненадајно подигнување на сопственото тело додека лежи долу или подигнување од земјата.
  • Гнев, користење навредлив јазик, викање.
  • Зависности
  • Лице опседнато од обичниот дух може да чувствува страв од посета на Свети места. Тогаш обичните духови чувствуваат зголемен страв.
  • Кога опседнати лица посетуваат Свети места, бучно расврлаат работи, фрлаат работи или супстанци кои се користат за време на Богослужењето и со нивното однесување го попречуваат самиот обред.

5. Мерки

Забелешка: духовното ниво на духовниот исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го опседнало лицето кое што тој се обидува да го исцели. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтствува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, го следи од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се обавува духовна пракса и да се генерира постојана и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовното исцелување, тогаш влијанието (вознемирувањето, нарушувањето) се надминува за пократко време.