Постои суптилен, недопирлив свет кој е бескрајно голем во споредба со целиот допирлив свет за кој знаеме. Овој суптилен свет многу влијае на нашиот живот. Затоа е неопходно да го запознаеме. Со оглед дека овој свет е во суптилната димензија, не можеме да го согледаме со своите физички сетилни органи, умот и интелектот. Можеме да го перципираме само по пат на шестото сетило. Овој дел од веб-сајтот треба да им помогне на читателите да го тестираат и тренираат своето шесто сетило и го следат развојот на шестото сетило.
Содржина
- 1. Што е тоа суптилен експеримент за тестирање на шестото сетило (ESP)?
- 2. Што е целта на овој дел од веб-сајтот?
- 3. Што е целта на суптолниот експеримент?
- 4. Зошто е важно да се познава духовната димензија?
- 5. Како учествувањето во суптилниот експеримент со помош на шестото сетило ни помага?
- 6. Како да изведеме суптилен експеримент со помош на шестото сетило?
- 7. Фактори кои влијаат на читањето во суптилниот експеримент
- 8. Нијанси на одговорите или перцепцијата
- 9. Како треба да го користиме нашето шесто сетило (ESP)?
- 10. Што се случува кога лицето кое е видовито го злоупотребува шестото сетило?
- 11. Листа на суптилни експерименти
1. Што е тоа суптилен експеримент за тестирање на шестото сетило (ESP)?
Нашето шесто сетило (ESP) претставува способност да ја согледаме (перципираме, те. восприемаме) суптилната димензија, или суптилниот свет. Суптилниот експеримент е средство да го тестираме и вежбаме да го користиме своето шесто сетило (ESP)
Суптилната димензија или суптилниот свет го дефинираме како свет кој е надвор од разбирањето на петте сетила, умот и интелектот. Суптилниот свет се однесува на невидливиот свет на ангелите, духовите, рајот, пеколот, итн. кои можеме да ги перципираме само со помош на шестото сетило (ESP).
2. Што е целта на овој дел од веб-сајтот?
Сите сме навикнати да ги користиме своите пет сетила, умот и интелектот за да ги анализираме и согледаме стимулите. Тоа е затоа што целиот наш образовен систем е насочен кон тоа да не научи да ги користиме своите пет сетила, умот и интелектот во анализирањето на ситуациите и решавањето на проблемите. Модерната наука воглавно ја игнорира суптилната димензија и шестото сетиоло, затоа што не може да го докаже нејзиното постоење со користење на традиционалните мерења и алати за анализа.
Резултатот од тоа е да одраснеме:
- Несвесни за постоењето на суптилната димензија или суптилниот свет.
- Неспремни да го користиме шестото сетило за да го доживееме светот кој е надвор од видливиот свет.Во овој дел пробаме да ја охрабриме употребата на шестото сетило во општеството. Преку повторно учење како да го користат своето шесто сетило (ESP) луѓето можат да ја доживеат суптилната димензија, или суптилниот свет.
3. Што е целта на суптолниот експеримент?
Експериментите (во модерната наука) се спроведуваат за да се добие разбирање за физичкиот или психолошкиот аспект на субјектот што го разгледуваме.
Суптилниот експеримент се спроведува за да се стекне подлабоко разбирање на деталите за суптилниот аспект на некој субјект. Тие суптилни експерименти ги вклучуваат:
- Преовладувачката суптилна основна компонента (сатва, раѓа и тама) во субјектот
- Влјанието на позитивните, или негативните енергии од суптилната димензија, или суптилниот свет
- Способноста на субјектот да привлече, или емитува Божествена, или негативна енергија, итн.
Овие аспекти се надвор од било кое културолошко влијание, или културолошки предрасуди. Ве молиме прочитајте го написот за трите основни суптилни компоненти.
Ајде да го земеме примерот со свеќата и видиме како се менува нашата перспектива зависно од медиумот што го го користиме за да доживееме нешто.
4. Зошто е важно да се познава духовната димензија?
За повеќето од човештвото огромниот и недопирлив свет кој не можеме да го спознаеме со помош на нашите пет сетила, умот и интелектот, е воглавно непознат. Тој свет е познат и како суптилен свет, суптилна димензија, свет на духовите, духовен регион, или духовна димензија. Тој го вклучува светот на ангелите, духовите, рајот, пеколот, итн. Допирливиот, или познатиот свет, којшто мнозинството од нас го знае, многу е мал во споредба со суптилниот недопирлив свет. Всушност, големината на познатиот свет во однос на суптилниот свет е еден спрема бесконечно.
Тој суптилен свет во голема мерка влијае на нашиот живот и тоа и позитивно и негативно. Многу проблеми и тешкотии во нашиот живот се случуваат поради штетното влијание од суптилниот свет. Нашето незнаење и неспособноста да го согледаме и влијаеме на суптилниот свет не прави беспомошни жртви на овие штетни ефекти. Тоа не заробува и можноста да го унапредиме духовно својот живот. Поради тоа што суптилниот свет влијае на сите аспекти и фази во нашиот живот, знаењето за него ни помага да донесеме исправни одлуки кои ни помагаат да бидеме посреќни, позадоволни, поуспешни, итн. и не заштитува од негативното и штетно влијание
5. Како учествувањето во суптилниот експеримент со помош на шестото сетило ни помага?
Со учествување во суптилниот експеримент со помош на шестото сетило:
- Добиваме искуство од прва рака за постоењето на суптилната димензија. Почнуваме да сфаќаме дека постои нешто што е надвор од забележувањето на нашите пет стила, умот и интелектот.
- Откриваме каква е нашата способност да ја согледаме суптилната димензија со помош на шестото сетило.
- Вежбаме да го користиме своето шесто сетило.
- Учиме се повеќе и повеќе за духовната димензија по пат на своето шесто сетило.
- Ако сме ја започнале духовната пракса, можеме да ги користиме овие тестови за да го провериме својот напредок. Еден од ефектите на духовната пракса е активирање на шестото сетило. Што е повисок духовниот раст или духовното ниво до толку е поголема способноста за перципирање на духовната димензија по пат на шестото сетило.
6. Како да изведеме суптилен експеримент со помош на шестото сетило?
Обучени сме да го согледуваме светот со помош на своите пет сетила за вид, слух, вкус, допир и мирис; умот и интелектот. Филтрите преку кои ги забележуваме луѓето, ситуациите и работите се засновани на разни фактори. Тие вклучуваат:
- Културолошката тенденција
- Предходните искуства
- Периодот во животот, на пример, начинот на кој лицето ќе гледа на ситуацијата како мајка, ќе се разликува од начинот на кој на неа ќе гледа како девојка.
Овие филтри влијаат на нашето размислување и расудување, но тие се менуваат во однос на времето, местото, итн. Во претходниот пример со свеќата, некој културолошки ќе има тенденција кон тоа свеќата да ја смета како добар избор кој ја користи со молитва. Да имаме високо развиено шесто сетило, нашето расудување ќе ги земе во предвид повеќето параметри кои се апсолутни (непроменливи), како што се гледа од суптилниот поглед на свеќата. Кога во проценката на работите го користиме своето шесто сетило, помала е можноста да направиме грешка. Да погледнеме во неколку примери како тоа се случува.
Пример 1:
Стојан и Миле дискутираат за тоа да започнат заедничка работа. Стојан не го познава Миле долго. Гледајќи го Миле, Стојан чувствува дека Миле е многу професионален, навистина ја познава својата работа и дека ќе биде драгоцен во заедничката фирма. Меѓутоа, Стојан да има развиено шесто сетило, ќе согледа дали Миле е лице со преовладувачка суптилна сатва, раѓа или тама компонента. Кога би согледал дека Миле е тамасик лице, Стојан би знае дека Миле и покрај својот професионализам во добрите времиња, ќе потоне многу ниско во лошите времиња. Како резултат на тоа, Стојан нема да го залажат површните аспекти на Миле, како неговата елоквентност, или нивото на знаење итн. и ќе одлучи да не влезе во бизнис со него.
Пример 2:
Петре и дава на својата вереница Светлана златно ланче, коешто е семејно наследство од неговата прабаба, којашто неодамна починала. Светлана е поласкана од оваа постапка и се заколнува дека ќе ја носи како знак на нивната љубов.
Она што Светлана не го знаела е дека прабабата на Петре била многу врзана за ланчето и ја опседнува. Исто така, таа не ја одобрува Светлана како за Петре. Како последица на тоа, вибрациите од ланчето се вознемирувачки. Светлана не знае, дека всушност ланчето е причината за неколкуте проблеми кои започнуваат да се раѓаат во нејзиниот живот. Светлана да има развиено шесто сетило (ESP), веднаш ќе биде во можност да ги забележи вознемирувачките фреквенции од ланчето и нема да го носи.
На истиот начин, кога правиме суптилен експеримент да го тестираме своето шесто сетило, важно е да ги занемариме физичките, психолошките и интелектуалните влијаниа. Наместо тоа треба да пробаме да ги перципираме суптилните недопирливи вибрации кои се шират од објектот. Ова се чекорите кои треба да се следат за време на изведувањето на суптилниот експеримент:
- Исчистете го умот со пеење на Божјото Име според религијата на вашето раѓање, или само се концентрирајте на своето дишење. Работете го тоа 2-3 минути да достигнете некое ниво на концентрација.
- Насочете го вниманието на сликата и потрудете се да забележите како сликата, или објектот влијае на вас на суптилно недопирливо ниво.
- Забележете го своето читање на субјектот и сите нијанси во своето искуство за време на експериментот. На пример, на почетокот можете да почуствувате немир, кој може да доведе до главоболки со непријатно пулсирачко чувство во задниот дел на главата.
- Вашето читање за време на експериментот може да биде позитивно, негативно или неутрално.
- Пријатно чувство или вибрација за време на експериментот може да биде: забавен ритам на дишење, пријатна свежина, убаво топло чувство, пријатно чувство на лесен притисок, намален број на мисли, подобар квалитет на пеење, чувство на мир, задоволство или среќа, визија или ментална слика на бела светлина, итн. Независно од тоа што е специфично искуство, основно чувство треба да биде на пријатност и позитивност. Тоа е чувство кога сакаме искуството да продолжи.
- Непријатно чувство за време на експериментот може да биде: тешко дишење, главоболка, болка, мачнина, непријатно студенило, чувство на стегнатост или непријатен притисок, негативни мисли, визии на објектот во темни, црни тонови, визии на чудни или монструозни фигури итн. Овде основното чувство е непријатност или негативност. Чувствуваме дека не сакаме тоа искуство да продолжи.
- Неутрално искуство за време на експериментот би било во случај да не доживееме никаква промена во чувствата додека гледаме во сликата или предметот.
7. Фактори кои влијаат на читањето во суптилниот експеримент
Кога почнеме да го тестираме своето шесто сетило во експериментите многу често можеме да добиеме погрешни отчитувања, се додека не ја изградиме способноста за препознавање на шестото сетило. Во продолжение се факторите кои влијаат на читањето во текот на експериментот што го добиваме додека го правиме суптилниот експеримент:
- Во која мерка е развиена способноста на лицето да ја перципира суптилната димензија.
- Духовното ниво на лицето.
- Духовната состојба на лицето во моментот кога го изведува експериментот.
- Влијанието на негативните енергии врз лицето кое го изведува експериментот. На пример, лицето може да доживее непријатено чувство додека го набљудува објектот поради духот што го запоседнал. На духот негативните вибрации ќе му бидат пријатни, а позитивните непријатни. Опседнатото лице не може да дознае за време на експериментот дали мислите и чувствата што ги има се негови или на духот што го запоседнал. Забележано е дека со редовна духовна пракса, запоседнатите луѓе ја развиваат способноста да ги разликуваат своите мисли од мислите на духот кој ги запоседнал. Што поголема е моќта на духот потребно е повеќе време свеста на опседатото лице да се одвои од свеста на духот.
- Психолошката врзаност за субјектот која ја замаглува јасноста и можноста за точно суптилно читање за време на експериментот влијае на читањето независно од тоа дали тоа е точно или неточно. Забележано е дека луѓето добиваат точен резултат во експериментот кога очите им се затворени. Меѓутоа, кога ќе го повторат експериментот со отворени очи, добиваат погрешно читање. Тоа ја покажува моќта која на читањето по пат на шестото сетило ја имаат психолошкото и интелектуалното влијание.
Немојте да се обесхрабрите ако не успеете да добиете точен резултат прв пат. Со време и редовна духовна пракса, вашето шесто сетило ќе почне да се развива.
Прочитајте го написот: ’Започнете го своето духовно патување’.
8. Нијанси на одговорите или перцепцијата
- Лице со слабо развиено шесто сетило – е во состојба само да спознае дали суптилната енергија врзана за објектот е позитивна или негативна.
- Лице со средно развиено шесто сетило – е во состојба да согледа малку повеќе суптилни аспекти на објектот, како на пример да ги забележува фреквенциите, боите, видот на енергиите кои се врзани за објектот, но перципирањето и понатаму е замаглено.
- Лице со високо развиено шесто сетило – е во состојба да даде прецизна информација за разни суптилни аспекти на објектот, како што се видот на енергијата, моќта на енергијата, временскиот фактор врзан за таа енергија, итн.
Кога лицето има многу развиено шесто сетило (ESP), тоа може да одреди се повеќе и повеќе детали за суптилниот аспект на субјектот. Во следните написи наведуваме повеќе информации:
- Нивоа на способности за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило
- Способност да се види и нацрта суптилната димензија
9. Како треба да го користиме нашето шесто сетило (ESP)?
Развиеното шесто сетило е дарба со која некои се родени благодарејќи на духовната пракса во претходните животи. Кога некој ја има таа способност, таа најдобро се користи кога е само средство за духовна пракса. Тоа за возврат го потпомага духовниот развој кон Спознавањето на Бога, како крајна цел на духовниот раст. Понатаму, пожелно е шестото сетило да се користи по упатствата на возвишениот духовен учител (Гуруто).
На пример, шестото сетило можеме да го користиме кога купуваме кревет. Намерата би била да купиме кревет кој ќе емитува позитивни сатва вибрации кои ќе придонесат за подобра атмосфера во домот кој е погоден за Духовност. Тоа за возврат ќе ја подржи духовната пракса дома. Креветот кој е со темна боја воглавно емитува непријатни вибрации, кога ќе се спореди со креветот со светла боја кој емитува пријатни вибрации.
Затоа е духовно исправно да го користиме шестото сетило за да одредиме :
- Дали енергијата на објектот е погодна за духовната пракса некому или,
- Да се заштитиме од лошите ефекти од негативната енергија која ја емитува објектот.
Имаме сретнато многу видовити луѓе кои го користат своето шесто сетило да ги советуваат луѓето околу разни овоземски прашања. Тие се движат од оние кои одговараат на прашањата како што е, ’’Кога ќе најдам момче / девојка?’’ до ’’Дали да влезам во оваа работа?’’ Од чисто духовна перспектива, употребата на шестото сетило за чисто световни работи се смета за злоупотреба.
10. Што се случува кога лицето кое е видовито го злоупотребува шестото сетило?
- Доаѓа до постепено опаѓање на способноста за видовитост и лицето може во потполност да ја изгуби таа способност. Тоа обично се случува за време во период од 30 години.
- Видовито лице станува мета за Мантриците (негативните енергии со голема духовна моќ). Мантриците на почетокот даваат некои точни информации за иднината, колку да ја придобијат довербата на лицето. Меѓутоа, тие подоцна постепено почнуваат да даваат погрешни информации и го заведуват видовитото лице и луѓето кои ги води. Во такви случаи, нивната способност за видовитост трае подолго време дури и може да изгледа дека напредуваат. Но таа видовитост не произлегува од квалитетите на тоа лице, туку од фактот дека Мантрикот го контролира те. води тоа видовито лице. Во тие случаи, реткиот дар за способноста на шестото сетило кој лицето го има и кој можел да биде искористен за Спознавање на Бога, се потроши на неважни работи. Заедно со тоа, со време видовитото лице често потпаѓа под потполно влијание на Мантрикот. Повеќето видовити лица се во врска со суптилните тела за кои постои голема веројатност дека ќе ги заведат и им дадат погрешни информации додека даваат одговори.
11. Листа на суптилни експерименти
Кликнете овде за листата на суптилни експерименти