Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ беше ученик на Неговата Светост Анантанад Саиш. Тој е Гуру (напреднат духовен водач) на Неговата Светост Др. Атавле, под чиј благослов е основана Фондацијата за истражување засновано на духовната наука. Безброј трагачи и приврзаници на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ имаа различни видови на духовни искуства само со тоа што ќе беа во Негово присуство или дури мислејќи на Него. Во центарот за истражување на SSRF, трагачите многу често ја користат Неговата фотографија како духовно исцелувачка алатка. Исто така, снимивме со употреба на биофидбек направа, како Неговата слика предизвикува драматични позитивни промени во чакрите на едно лице.
Подолу покажавме цртеж заснован на суптилното знаење на разни духовни вибрации кои се емитуваат од Него. Цртежот заснован на суптилното знаење го нацрта Г-ѓа Јоја Вале, трагач од SSRF со развиено шесто сетило на визија. Цртежот заснован на суптилното знаење беше проверен за точност од страна на Н. С. Др. Атавле.
Следува објаснување на разните духовни вибрации коишто се емитуваат од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ, како што се гледа во цртежот заснован на суптилното знаење. Цртежот заснован на суптилното знаење е доста детален и сложен и треба да се чита во редослед на нумерирањето за да се разбере како суптилниот уметник г-ѓа Јоја Вале го видела.
1 |
Привлекување проток од Божествениот принцип*на челната чакра (Ајна-чакра) |
---|---|
1A |
Привлекување проток од Божествениот принцип на срцевата чакра или (Анахата-чакра) |
1Б |
Прстен од Божестевниот принцип е создаден околу лицето |
1Ц |
Создавање прстен од Божествениот принцип на Анахата-чакра |
2 |
Создавање прстен од Гуру принципот |
2A |
Емисија на проток од Гуру принципот |
2Б |
Создавање прстен од Гуру принципот |
3 |
Создавање и емисија на Врховно Блаженство (Пармананд) |
3A |
Создавање прстен на Врховно Блаженство (Пармананд) околу лицето |
3Б |
Емисија на честички на Врховно Блаженство (Пармананд) |
4 |
Создавање и активирање на безусловна љубов (или прити) |
5 |
Создавање и емисија прстени на посветеност |
5A |
Создавање прстен на посветеност околу лицето |
5Б |
Ширење честички на посветеност во околината |
6 |
Создавање и емисија прстени на не-манифестирана Божествена свесност |
7 |
Прстен на Божествена заедница е создаден околу Ајна-чакра |
8 |
Создавање прстен на Божествено знаење |
8A |
Привлекување проток на Божествено знаење и неговите честички |
8Б |
Создавање Божествени зборови за водство кои се впиени од страна на Неговата Светост Бахтараѓ Махараѓ |
Фусноти: * Го употребивме поимот ‘Божествен принцип’ да ги претставува енергиите те. вибрациите коишто се однесуваат на Бога.