Што е духовна емоција (Бав)?

 

Во секојдневниот живот, се што работиме, го работиме со свест за личната егзистенција, затоа што таа е длабоко вкоренета во нас. Оваа свесност ја одредуваат нашите пет сетила, умот и интелектот по пат со кои и ги доживуваме случувањата околу нас. Постоењето на свеста за личната егзистенција, со духовен термин го нарекуваме мало ’јас’, додека од друга страна, свеста за Душата или Бога во нас, го дефинираме со големо ’Јас’.

Кога започнеме со духовна пракса тогаш почнуваме да чувствуваме како вишата сила, те. Бог делува во нашиот живот. Како што духовно напредуваме, оваа свест за Бога во нашите животи и околу нас расте. Исто така се намалува фокусот на личната егзистенција, или малото ’јас’.

Духовната емоција во животот на човекот е замена за неговото ’јас’ – со свеста за Бога, или Гуруто (Божјиот принцип на учење) со еднаков интензитет. Интензивната свест за постоењето на Бога, или Гурурто во било која форма, за време на вршењето на секојдневните активности, се вика духовна емоција (Бав) кон Бога, или Гуруто.

Кога некој е во состојба на духовна емоција, неговиот потсвесен ум е стопен со Бога постојано. Умот и интелектот го заземаа второто место и лицето е способно да го доживее чувството на единственоста со Бога. Тогаш лицето нема излишени мисли, или сомневања за Духовноста, или Бога.

Духовната емоција е состојба доживеана на Патот на Богољубие (Бактијога) и Патот на милоста на Гуруто (Гурукрупајога).

Следува слика на лице со духовна емоција (Бав), заснована на духовното знаење. Оваа слика е нацртана од трагач во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) со високо развиено шесто сетило за перципирање, те. воспримање на духовната димензија.