Придобивки од духовната пракса

Кога еднаш почнеме да вршиме духовна пракса и кога сме постојано во неа, добиваме повеќекратни придобивки. Всушност, некои придобивки ќе забележиме веднаш. Затоа што, секоја придобивка директно или индиректно делува на зголемување на нашата среќа и намалување на несреќата.

Рамнотежна состојба на умот

Денес, сите ние живееме со забрзано темпо на живеење. Ретко кога имаме време да застанеме и да го погледнеме сопствениот живот од малку подалечна перспектива.

Како што можеме да видиме од дијаграмот, сините бранови означуваат намалување на осцилациите кога некој е исфрлен од рамнотежа заради одредени околности. Во суштина, нашата емотивна состојба лесно се враќа во нормала и сме во состојба да ги поднесуваме смирено поволните и неповолните ситуации. Тоа се случува благодарејќи на нашето познавање на духовната наука, што ни дава можност да заземеме позитивен став кон животот.

Примери:

1. Кога некој стане популарен во својата професија (уметник, манекен, актер), тогаш цел свет му аплаудира и го подржува. После неколку години неговото име се поврзува со скандал. Луѓето кои до тогаш му аплаудирале сега го оговараат и го изразуваат своето разочарување. Тој набрзо паѓа во заборав, а се аплаудира на новата личност која се става на пиедесталот.

Каков би требало да биде ставот на славната личност во врска со променетото мислење за него. Кога таквата личност би имала рамнотежен ум, дури и кога го фалат тој би мислел: “Луѓето ме сметаат голем и важен, но јас ги знам своите слабости и затоа ќе продолжам да работам на себе.“ Подоцна, кога луѓето ќе почнат да го обвинуваат, а тој има рамнотежен ум, би размислувал: “Луѓето се против мене, но во тишината на своето срце каде што сум сам со Бога знам дека сум невин, и нивните обвинувања не ме вознемируваат.

2. Во денешно време постои голема можност од загуба на работата поради состојбата во која се наоѓа светската економија. Луѓето кои поради духовната пракса се ментално стабилни, остануваат смирени и во таквите ситуации, оти имаат вера во Бога, а не во својата банкарска сметка. Поради тоа можат да заземат позитивен став и ја набљудуваат таквата ситуација како шанса за нов почеток и со самото тоа постануваат иновативни и креативни во поддршката на своето семејство. Смирениот ум штеди енергија и помага во препознавање и решавањето на проблемите.