Анализа на случајот – Сонови за преминатите предци кои се повторуваат

SSRF ги објавува овие студии од случајот со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

1-MKD_ShouryaСоновите за преминатите членови на семејството воглавном имаат духовни причини. Во повеќето случаи, преминатиот член на семејството (кој се појавува во сонот) бара помош во животот после смртта. Г-ѓа Шорија Мехта по професија е архитект, која десет години често ја сонуваше својата премината сестра. Следува објаснување на Шорија за нејзиното искуство заедно со неколку опсервации од духовно истражувачкиот тим на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

“Мојата сестра настрада во тешка сообраќајна несреќа, каде беше смачкана помеѓу два автобуси и почина на дваесет и две годишна возраст. По нејзиниот погреб, како што лежев во полу сонлива и полу будна состојба, видов како нејзиното суптилно тело влезе во куќата. Во текот на следните десет години многу често ја сонував. Сонот секогаш беше ист, и осеќав дека таа не може да се движи во животот после смртта и дека многу пати. Соништата беа прилично реални и после нив се будев вознемирено”.

2-MKD_Shourya's-sisterДесет години по смртта на нејзината сестра, почина и таткото на Шорија. Бидејќи беше познато дека семејството на Шорија има проблеми со преминати предци, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) предложи да се направат одредени обреди кои ќе осигурат непречено патување на нејзиниот татко во животот после смртта.

“За време на изведувањето на последниот од дванаесетте месечни шрада обреди за татко ми, г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка од одделот на SSRF за знаење за суптилната димензија, со помош на нејзиното високо развиено шесто сетило го проучуваше суптилниот ефект на обредот врз патувањето на татко ми во животот после смртта. За време на изведувањето на обредот, г-ѓа Анѓели Гадгил видела дека дел од позитивната енергија створена од обредот, била привлечена од одредени полици во плакарот кој се наоѓал во близина. Таа, исто така, видела и млада девојка која стои во близина. Г-ѓа Гадгил не знаеше за трагичната смрт на сестра ми. Всушност, на полицата во орманот имаше доста фото-албуми на сестра ми и некои нејзини книги. Кога и покажав слика од сестра ми на г-ѓа Анѓели Гадгил, таа потврди дека тоа е истата девојка која ја видела со помош на нејзиното шесто сетило (психичка способност)”.

Истражувањето засновано на духовната наука покажа дека обредот кој е изведуван за таткото на Шорија, имал позитивен ефект и на другите членови од семејството и дека и нејзината сестра, исто така, имала придобивка.

“Откатко беа изведени дванаесет обреди, ја видов само еднаш, но овој сон беше многу различен во споредба со претходните. За прв пат, тоа беше пријатен сон, каде можев да видам дека сестра ми започнала со духовна пракса”.

3-MKD_Shraddha-ritual-Mr-Anand

Случајот на Шорија беше малку необиечн, каде беа потребни специфични обреди за да се ублажи проблемот. Меѓутоа, во повеќето случаи, едноставно пеење на пеаница помога да се ублажат проблемите кои се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Пеењето на Името “Шри Гурудев Дата” е многу моќна мерка која обезбедува ослободување од таквите проблеми. Некои специфични обреди, како оние кои беа изведувани за семејството на Шорија, помагаат да се убрза духовната помош за преминатите предци.