Саураб Јоши – прикриен благослов

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

1. Детска возраст на Саураб

Саураб е роден два месеци предвреме на 11 Април 1996 година. Тој бил задржан во инкубатор за 21 ден, и во почетокот докторите препорачуваа на неговите родители да не го објавуваат неговото раѓање, поради малата веројатност дека воопшто ќе преживее. Сепак Саураб преживеа, но го следеше тежок инвалидитет и беше постојано болен во текот на неговото детство.

Во текот на тој период родителите на Саураб ја започнаа нивната духовна пракса по водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

Саураб е роден слеп и имаше проблеми со циркулацијата, кои што го ограничуваа протокот на крв до неговиот мозок. Како резултат на тоа, докторите не можеа да утврдат дали или кога ќе почне да оди, зборува, па дури и да се развива ментално. Тој имаше проблем со цревата и откако помина операција за да го поправи ова, тој почна да има, односно се јавија епилептични напади. По околу 4-5 месеци, неговите напади запреа, но потоа следуваа напади на несвестица. Како резултат на тоа, имаше продолжени периоди на време кога Саураб ќе беше во несвест. Раните години на Саураб беа потрошени по болници, подложен на разни докторски прегледи и различни медицински тестови. За секој родител, минување низ таков вид на проблеми со нивното дете, е како нивниот најлош кошмар никогаш да не поминува. Ѓ-ѓа Јоши ни кажа дека во тој период таа би помислила дека ‘дури и најлошата мајка на светот не треба да има дете со толку многу проблеми.’

2. Дали пасивна еутаназија беше најдобриот начин за излез?

Годините на грижа околу синот, без надеж за иднината го зедоа својот данок. Родителите на Саураб беа избезумени и на крај со нивните живци за тоа, што да направат во врска со нивниот син. Вреди ли тоа што го одржуваме во живот? Толку тешки беа неговите пречки во развојот, што некои добронамерници дури сугерираа пасивна еутаназија.

Гурупирнима: Тоа е денот кога трагачите на Бога го прославуваат и почитуваат Божјиот Принцип на Учењето, уште познат како Гуру.

Во една прилика, околу Гурупурнима 1998 година (годишен фестивал кога Универзалниот Гуру принцип е највеќе активен), Саураб падна во несвест уште еднаш. Кога неговите родители го однеле во болница, докторите рекле дека ништо не можело да се направи и не покажале никаква намера да се погрижат за него. Само заради тоа што неговата мајка интензивно се молела, нејзините молитви биле одговорени и докторите попуштиле и го примиле Саураб во болница. Потоа следните две недели г-ѓа Јоши поминала многу непроспени ноќи, грижејќи се за Саураб кој беше во несвест и не покажуваше никакви знаци на закрепнување. Како резултат на тоа, таа не беше во можност да учествува во подготовките за Гурупурнима заедно со други трагачи по Бога. Сето тоа го зеде својот данок и влијаеше врз депресијата на мајката на Саураб, и имаше силна мисла да го предозира Саураб со лекови за епилепсија. Веднаш откако ја имала таа мисла, имала визија на Неговата Светост Др. Атавле и Тој и рекол, “О, како можеш да ја имаш оваа мисла? Ова дете е посебно дете родено на повисоко духовно ниво и такви суптилни тела се раѓаат само да ја завршат својата судбина.” Најчудното нешто се случи откако визијата заврши. Наместо да се влошува, Саураб закрепна од неговата несвест и јадеше слатко. Докторите кои беа одговорни за Саураб и кои не ја знаеа причината за неговата состојба на бессознание, беа уште повеќе збунети од неговото ненадејно закрепнување.


3. Запознавање со духовната позадина на Саураб

Набргу после тоа, откако родителите на Саураб се запознаа со Неговата Светост Др. Атавле, и Тој кажа дека Бог се грижеше за нив и затоа Тој го спречил глупавиот чин на предозирање со лекови.

Дури и пред овој настан, тие имале позитивен одговор за Саураб од друг Светец. Тие го имаа однесено Саураб до Гагангири Махараѓ. Во тоа време Тој не зборуваше со никој и ги држеше Неговите очи затворени. Кога Му се приближиле да го постават Саураб пред Неговите нозе, Тој ги отворил очите и им кажал да не го прават тоа. Наместо тоа, Тој ја поставил Неговата рака на главата на Саураб и рекол, “Ом Чаитанија” Потоа Тој погледнал кон Јошиеви и им рекол да не се грижат за својот син. После тоа, Тој се вратил назад во Неговата претходна состојба држејќи ги затворени Неговите очи и не зборувајќи со никого.

Со оваа нова духовна перспектива, животот се промени за Јошиеви. Тие почнаа да ги забележуваат добрите квалитети кои Саураб ги покажуваше во текот на неговото детство. И покрај тешкиот хендикеп, Саураб секогаш ќе се смееше па дури и кога ќе беше болен, воглавном беше среќно дете. Неговото лице секогаш зрачеше и други трагачи осеќаа дека беше полно со Божествена свесност (Чаитанија). Многу забораваа на нивните тагувања (грижи), откако ќе беа во негово присуство. Околу него се осеќа атмосфера на невиност и неговото однесување издава длабочина на тивко размислување. Во текот на неговото детство, тој ретко плачеше или ќе побараше бил што. Г-ѓа Јоши раскажува дека, дури ако го нахрани со нешто што му се допаѓа на нему, а не се засити, тој никогаш не плачеше за повеќе. За дете со толку многу пречки во развојот, Саураб зрачи со трпение и тоа се чувствува како тој секогаш живее во сегашноста.

Горенаведените физички и психолошки аспекти од неговиот живот само го одразуваат Саурабовиот духовен темперамент. Тој е најсреќен кога е во сатвик средина и тој може да ги почувствува духовно чистите вибрации на сатвик околината како на пример во храмот Девалај, во друштво на Светци или кога слуша благочестиви песни испеани од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ.

4. Продолжија здравствените проблеми

Како што одминуваше времето физичките пречки во развојот продолжија да го обземаат Саураб. Секогаш кога тој ќе се разболеше, ќе му требаше еден месец да закрепне. Неговиот грб и препони добија рани поради постојаното лежење и неговата неспособност да ги движи нозете. Една стара бутна фрактура не му дозволуваше да спие во права позиција. Уште од 2005 година, тој спие на една страна, па неговиот рбет и половината се свиткани. Бутната коска почна да се движи кон регионот на неговата карлица, така да постои неусогласеност во должините на неговите две нозе. Неговиот врат е долг и тој неможе да го контролира и неговите органи и понатаму се слаби и подложни на инфекции.

5. Повеќе насоки од Светци за Саураб

Сепак, поради Саураб, неговите родители биле благословени со многу духовни искуства. За неговиот 8-ми родеден ден, тие го однеле да оддадат почит на тројца Светци. Во текот на тој ден тие одделно се сретнаа со Неговата Светост Јогираѓ Др. Раѓ Ахмад Шах Пателбаба, Неговата Светост Тулсидас Махараѓ и Неговата Светост Парулекарбаба. Иако овие тројца Светци се сретнаа со Саураб одделно и не знаеа дека другите Светци веќе се имаа сретнато со Саураб, сите тројца од нив беа многу среќни да го видат Саураб. Сите тројца од нив ги изговорија истите зборови во Марати, “Sadhu Sant yeti ghara, tochi diwali dasara.” Што во превод значи, “Кога пророците се враќаат дома, тоа е фестивал”. Сите тројца од нив не сакаа Саураб да биде поставен пред Нивните нозе, наместо тоа тие го благословија со Нивните раце. Тие, исто така, рекле на неговите родители да не се грижат за Саураб. Од ова Јошиеви веднаш видоа дека, иако Светците можеби изгледаат различно и доаѓаат од различни места, сите тие се инспирирани од иста Божја промисла.

 

Следниот ден Неговата Светост Рагувир Махараѓ дојде во нивниот дом, додека се раскажување сторијата за претходниот ден, Тој, исто така, рече дека го чувствуал истото Блаженство кога го видел Саураб.

Неговата Светост Пателбаба рече дека, “Ова дете е во каивалјавашти”. Тој е во духовна состојба за која требаат 75 години за да се достигне, сепак тој тоа го постиганл за многу кратко време. Тој нема никакви лични дефекти (недостатоци на карактерот), свест за телото или умот, врзаности или его. Тој не пренесува никакво духовно знаење, но тој е вистински духовен научинк. Духовното разбирање кој тој го има, ќе го однесе кон одрекување. Им рекол на родителите “Вие всушност служите Светец. Никогаш да не го карате, и да се грижите за него како ваша духовна пракса.”

6. Истражување засновано на духовната наука во врска со Саураб

Подоцна преку SSRF многу повеќе детали за духовниот живот на Саураб беа откриени преку духовно истражување. Понекогаш суптилни тела со високи духовни нивоа се родени како дрвја (ванаспати јони), родени со пречки во развојот или се однесуваат како луди луѓе. Ова е така затоа што не се вознемирени и продолжуваат со нивната духовна пракса. Во една прилика, Неговата Светост Др. Атавле откри дека Саураб го практикувал патот на медитација во претходниот живот. Како резултат на тоа, тој е роден во овој живот на духовно ниво од 50%. Поради некои грешки во претходниот живот, Саураб беше принуден повторно да се роди. Бидејќи тој беше на високо духовно ниво при самото раѓање, темелот за духовна пракса (садна) беше цврст. Од моментот кога тој беше роден, оваа отелотворена душа (ѓива,) го пееше Божјото Име на ниво на потсвесниот-ум. На 12-годишна возраст, Саураб достигна духовно ниво од 60%, благодарение на својата внатрешна духовна пракса.

Ве молиме погледнете ја презентацијата – Како делува пеењето на Божјото Име?

7. Уште некои духовни искуства

Еден ден, откако се врати од работа, г-дин Јоши почна да си игра со Саураб. Тој почна да забележува многу прекрасен мирис и ја праша неговата жена дали таа запалила мирисливо стапче или напрскала парфем. Кога таа одговорила дека не го направила тоа, погледот на г-дин Јоши се сврте према Саураб. Мирисот всушност произлегуваше од ппеделот на срцето на момчето. Г-дин Јоши објаснува “Доживеав многу Божествена свесност (Чаитанија) и Блаженство и осеќав дека треба само да останам тивок и мирен, да бидам присутен и да го прифатам мирисот.”

Тој дури има смирен ефект на кавги во домот. Секогаш кога постојат стресни вибрации тој почнува да се смее, да зборува и прави разни мудри или различни положби на рацете. Ова автоматски ја прекинува напнатата ситуација во домот.

8. Светост

Саураб беше прогласен за Светец на 2-ри Септември 2013 година. Саураб нема свест за телото и целосно е зависен од другите за Неговите потреби. Тој дури и неможе да се сврти од една на друга страна. Бидејќи од Неговото раѓање тој спие во една позиција, Тој пати од неподнослива болка и не може да ја изрази. Сепак и покрај тоа, тој е секогаш во состојба на Блаженство.