1. Вовед
Ракување е краток ритуал во кои две лица ќе се фатат со своите десни раце, често придружено со нагорно и надолно движење на фатените раце. Со векови на состанок, ракувањето се користи како симбол на поздрав, разделба, нудејќи честитки, изразувајќи благодарност или комплетирање на договор. Во спортски или други конкурентни активности, исто така служи како за добро спортско однесување. Целта на поздравот генерално пренесува доверба, добра волја, и еднаквост.
Сепак, духовното истражување на овој ритуал, ја откри неговата другата страна и ги расветли духовните последици од ракувањето.
2. Сродни написи на тема духовна перспектива на ракувањето
За да го разбереме овој напис ве молиме погледнете – Поздравување од духовна перспектива.
Тој објаснува како може да се случи суптилна енергетска размена, за време на поздравот кој што го вклучува допирот. Исто така објаснува како духовната состојба не некое лице, односно, без разлика дали тоа е опседнато или засегнато од негативните енергии може да влијае на друго лице кога го поздравува.
Исто така ви го препорачуваме написот – Водич за живот на сатвик начин или Сатва, Раѓа и Тама – трите основни суптилни компоненти на универзумот
3. Ракување од духовен агол
3.1 Ракување и пренос на негативна енергија
Со самиот чин на ракување ние сме повеќе изложени на влијание од страна на негативните енергии кои постојат во другото лице, и претставува средство за негативните енергии кои постојат во другото лице да влезат во нас. Всушност, овој тип на поздрав со контакт, не прави двапати повеќе поранливи за влијание од страна на негативните енергии во другото лице, што е спротивно на поздрав без контакт. Цртежот заснован на суптилното знаење подолу е насликан од страна на еден суптилен уметник ја покажува играта на суптилните енергии кога две просечни лица се под влијание на негативните енергии.
Ве молиме видете го написот – Колкав процент од светската популација е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?
Кога рацете на двете лица се стиснати една во друга, Раѓа-Тама вибрациите кои се емитуваат од нивните раце, се акумулираат во просторот/шуплината создадена помеѓу нивните дланки. Постои зголемено суптилно триење во регионот и Раѓа-Тама енергија генерирана влегува во секој човек преку неговите дланки. Размената на енергијата исто така се шири во непосредната близина, што придонесува за зголемување на суптилната Тама компонента во околината. Со ракувањата кои вклучуваат допир, се создава прстен од суптилна примамлива (Мохини) енергија. Примамливата енергија е еден вид негативна енергија, која доаѓа во форма на многу пријатни вибрации, но факт е дека е штетна за луѓето кои се поврзани со неа.
Просечниот човек, поради неразвиеното шесто сетило, во повеќето случаи, не може да ја почувствува оваа размена на суптилна црна енергија. Меѓутоа, зголемувањето во Тама компонентата може да предизвика различни штетни ефекти, како на пример – замаглување на интелектот, иритирачки мисли, тежина во главата, гадење итн.
Некој може да помисли, “Може ли навистина толку лошо да биде ракувањето со друго лице.” Нашето истражување покажа дека без редовна духовна пракса на повисоко ниво, ефектот да се биде во постојан контакт со лице кое е опседнато е многу штетен. Тоа е исто како да се биде во контакт со лице кое има заразна болест, само ефектот поради опседнатоста може да биде дури и повеќе подмолен и широко распространет во животот на една личност. Со текот на времето, како што луѓето продолжуваат да бидат покривани со повисоки размери на црна енергија, тие стануваат помалку чувствителни за восприемање на оваа размена на црна енергија.
SSRF спроведе голем број на експерименти со био-фидбек направи, каде што го имаме документирано ефектот од допир од лице опседнато од негативните енергии, наспроти трагач или Светец. Овие експерименти наскоро ќе бидат објавени во написот под наслов – Комуникации – Духовна перспектива.
3.2 Ракување и порастот на егото
Постојат многу статии објавени на психологијата за ракувањето, од тоа колку цврсто треба да ја стиснеме раката, до колку пати треба да ја стиснеме раката на лицето со кое се ракуваме.
Од духовен аспект, ракувањето генерално го зголемува егото на една личност. Тоа е затоа што, во повеќето случаи, ракување ја зголемува идентификацијата на една личност преку 5 сетила, умот и интелектот, наместо постепено губење на свеста за себе.
На кратко, немаме никаква полза доколку поздравиме некое лице со ракување.
4. Што можеме да направиме да ги избегнеме негативните ефекти од ракувањето
- Идеално најдобро е да се воздржиме од користење на ракувањето, како форма на поздрав. Индискиот “Namskar” како средство за поздрав е најдобрата алтернатива од духовна перспектива.
- Практично сепак, бидејќи ракувањето толку широко се користи, може да биде тешко да не се ракувате со некое лице, со оглед колку е распространето ракувањето. Просечниот човек неможе да разбере дали лицето кое е поздравено со ракување, е опседнато и дали тие самите се опседнати или се под влијание. Во овој случај постојат неколку работи кои можат да се направат на духовно ниво да се минимизира духовно лошиот ефект од ракувањето.
- Редовно пеење на Божјото име помага да се создаде заштитна духовна обвивка околу нас, и на тој начин стануваме помалку подложни на нападите од негативните енергии.
- Молитва пред ракување. Можеме да се помолиме со молитва слична на ова, “Боже те молам заштити не нас двајцата, и мене и лицето со кое се поздравувам, од било какво влијание на негативните енергии за време на ракувањето, те молам не дозволувај да влијае на мојот духовен раст”.
Сите обичаи и традиции (од едноставно ракување, до фестивали како што е ноќта на вештерките и обичај при погребување на мртвите) кои помагаат за зголемување на суптилната Тама компонента во општеството кои се на нај ниско ниво, се настанати под влијанието на негативните енергии од повисоко ниво. Со ставање на мисла во умот на некое лице, се раѓа обичај а потоа одобрен и усвоен од општеството. Колку повеќе имаме обичаи и традиции кои ја зголемуваат Тама компонентата, светот станува полесно место за негативните енергии да вршат контрола над човештвото. Со текот на времето овие традиции станаа дел од нашите животи и прифатена норма. Иронично, толку повеќе Сатвик обичаите генерално се игнорирани а повремено се гледа ниско на нив. Со зголемување на нашата духовна пракса и нашата суптилна способност, подобро можеме да ја согледаме Тама компонентата во разни обичаи и традиции и затоа, подобро е да направиме напори да се воздржиме од нив.