Прогресивни промени кај предметите како резултат на позитивната духовна енергија

1. Вовед

Уште од 2000-та година, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, истражува бројни случаи во коишто предметите се промениле или во кои спонтано се материјализирала духовната енергија. Причините за ваквите промени не можат да се објаснат со конвенционални методи. Нашето духовно истражување покажа дека промените кај овие предмети настанале како резултат на манифестирањето на негативна или позитивна духовна енергија.

Три предмети коишто се промениле како резултат на позитивната енергија се користени од страна на Н.С. Др. Атавле.  Посматрајќи ги овие предмети после некое време, забележавме дека промените продолжуваат да се одвиваат.

Во овој напис, даваме објаснување за овој феномен на прогресивни спонтани промени како резултат на делувањето на позитивната духовна енергија. Исто така, објавивме и фото-галерија на овие предмети.

2. Значењето на ова истражување

Во еден наш претходен напис, ја објаснивме важноста на истражувањето за спонтаната промена или Божествена материјализација.

Кога процесот на промена ќе продолжи во текот на еден подолг период, на пример, повеќе од една година, тој станува се поинтересен. Проучувајќи  ги ваквите феномени, не само што ја сфаќаме Божествената природа на предметите и причината за промените, туку, исто така, го разбираме и процесот кој ги предизвикува тие прогресивни промени.

Покрај тоа што докажуваат дека постои позитивна енергија, овие предмети, исто така, ни говорат дека позитивната промена предизвикана од сатвикот на Светец  од највисок ред, продолжува да се одвива значително подолг период. Ова, од духовна перспектива, ни објаснува колку се важни предметите користени од страна на Светците.

3. Зошто манифестирањето на позитивната енергија продолжува да се одвива?

Светец е свето лице кое е духовно чисто. Затоа, нивното физичико тело (Штуладеха)  станува идеален медиум позитивната енергија да се материјализира. Предметите користени од Светци се повеќе сатва  предоминантни затоа што позитивната духовна енергија која ја има еден Светец, се пренесува на предметите. Во зависност од тоа колку долго Светицте користеле одредени предмети, толку повеќе во нив има Божествена свесност (Чаитанија), Божествен Принцип, позитивност, итн.

Продолжувањето на материјализацијата на позитивноста, исто така, зависи од причината за промената. Светците од највисок ред како Н.С. Др. Атавле, делуваат на не-материјализирачко (ниргун) ниво, и кога користат одреден предмет. Покрај ова, ваквите Светци продолжуваат да напредуваат кон не-материјализирачко ниво. Интересно е и дека материјализирањето на позитивната енергија која се јавува кај еден предмет поради контактот со таков Светец, со текот на времето, исто така, го следи патот на напредување кон не-материјализирачко ниво.

4. Придобивките од предметите кои прогресивно се менуваат како резултат на позитивната духовна енергија

Овие предмети (па дури и нивните фотографии) кои продолжуваат да покажуваат промени во текот на еден подолг период, делуваат како еден голем извор на позитивна енергија. За просечниот човек е тешко да придобие од позитивната енергија на суптилно ниво, додека лесно може да придобие, односно впие суптилна енергија од физичките, материјализирани форми.

Таквите предмети непрестано емитуваат позитивна енергија во просториите или во животната средина, и на тој начин имаат влијание врз нас. Поради раѓа  и тамата  во животната средина, околу нас постојано се создава обвивка од вознемирувачка енергија. Кога ќе се зголеми раѓа и тамата, расте инерцијата која доведува до создавање на попречувања и препреки во духовната пракса. Кога доаѓаме во контакт со таквите позитивни предмети, поради сатва вибрациите кои се  емитуваат од нив, раѓа и тамата се распаѓаат и тоа води кон намалување на обвивката од вознемирувачка енергија, и тоа помага во нашата духовна пракса.  Научивме дека преку овие предмети се случува духовно исцелување.

Иако, со помош на развиено шесто сетило   можеме да утврдиме дали некое искуство  е позитивно или негативно, некои знаци кои укажуваат на тоа дека искуството е позитивно се: чувство на ентузијазам после гледањето во предметот, доживување состојба без мисли, чувство на Блаженство,  доживување мирис без било каков надворешен извор,  чувство на мир, итн. Кога едно лице кое има духовни попречувања од негативни енергии ќе дојде во контакт со таквите предмети, забележани се следниве знаци – континуирано подигрување, зевање, ниска витална енергија (Прана-шакти)  и материјализирање на ентитетот кој го опседнал тоа лице,  бидејќи ентитетот не може да ја поднесе духовната чистота на предметот.

Ефектот од овие позитивни предмети е највидлив кај лицата кои имаат сериозни попречувања од негативни енергии. Кога ќе дојдат во контакт со таквите предмети, силно се материјализира негативниот ентитет кој ги опседнал тие лица. Тоа се случува затоа што негативната енергија не може да ја поднесе духовната чистота на тие предмети. Суптилна анализа заснована на знаењето за духовната димензија, покажа дека доаѓа до суптилна битка  помеѓу позитивните вибрации кои ги емитува предметот и негативните вибрации кои ги емитува ентитетот кој го опседнал тоа лице. Поради огромната позитивност, негативната енергија на ентитетот кој го опседнал тоа лице се намалува, и лицето станува повеќе позитивно.

Во Фондацијата за истражување засновано на духовна наука, чуваме вакви предмети. Во духовниот центар ги користиме за духовно исцелување на трагачите (садаци) кои имаат сериозни попречувања од негативни енергии и за проучување на позитивните промени кои се одвиваат врз нив. Како што се зголемува позитивноста во овие предмети, тие ќе им бидат од корист на човештвото во годините кои доаѓаат. Тие се како седишта на позитивна енергија и тие ја одржуваат сатва компонентата во животната средина.

Понекогаш Светиците ги даруваат ваквите предмети на трагачи или поединци. Со тоа тие му даваат духовна енергија на трагачот за спроведување на Божјата мисија. Таквите предмети се исполнети со Енергијата на Нивната решителност (санкалпа-шакти) која е потребна за мисијата. Светците делуваат во согласност со Божјата желба (Ишвареќа)  и затоа овие предмети се користат за давање на позитивност која е потребна за оваа мисија и за заштита од негативни енергии кои го попречуваат остварувањето на мисијата.

Накратко, овие позитивни предмети се од голема важност, односно се многу значајни за трагачите и за сите останати кои се сериозни во врска со духовната пракса. Кон овие предмети треба да осеќаме огромна благодарност  и добро да ги чуваме. Некои луѓе можеби нема да можат да го разберат нивното значење или можеби имаат сомнежи во врска со тоа дали промените се всушност позитивни или негативни. Во таква ситуација, најдобро е да се консултира духовно развиено лице (односно лице кое е на високо духовно ниво).

5.   Самите доживејте ја позитивната енергија

Заради подобро разбирање можете да ја погледнете нашата галерија и сами да ги доживеете овие предмети. Исто така, можете и да ни ги испратите вашите искуства преку опцијата “Пратете коментар“.

MKD-Gallery