MKD_auritro-transformation

1. Вовед

Духовната пракса во целост го промени мојот живот. Поради многу и разни околности во мојот живот, тој се влошуваше се повеќе и повеќе, пред да започнам со духовна пракса. После тоа животот целосно ми се промени во позитивна насока. Ова е резиме за она низ што се поминав пред и после започнувањето со духовна пракса.

2. Свртување кон алкохолот и користење дрога

Мојот живот за време на училиште беше просечен. Бев пристоен, добар ученик. Пред крајот на средно училиште почнав повремено да пијам алкохол и имав желба да пробам и дрога. Го сакав тоа, затоа што и другите ученици што ги познавав го правеа тоа. За дрогата и алкохолот почнав да се интересирам поради незнаење и од љубопитност.

Необично, но отприлика во исто време ја прочитав првата книга којашто ја има напишано Светец, “Биографија на Неговата Светост Рамакришна Парамахансе“. Текстот на некој начин ја пробуди во мене желбата за спознание и искуството на Бога, но немав идеја како тоа да го остварам.

На Интернет читав за користење на разни дроги и прочитав како некои луѓе тврдат дека е можно да се пронајде Бога со користење на дрога. Ми се зголеми интересот за таа тема и почнав да размислувам за психоделични дроги како ЛСД, за да го добијам искуството на Бога. Се обидов да медитирам, да вршам духовна пракса на разни начини, но тоа беше тешко поради моите лоши навики. Поради тоа помислив дека дрогите се добар начин за задоволување на љубопитноста.

3. Дроги за пронаоѓање Бога

Во почетокот на 2007. година, најдов начин како да набавам ЛСД (Лесна синтетичка дрога) и тогаш започна најмрачниот период во мојот живот. Со дрогата не го добив искуството на Бога, наместо тоа дрогата постепено емоционално ме осакатуваше, а како што научив подоцна, ме осакатила и духовно. Се обидував да медитирам под дејство на марихуана и ЛСД. Ме облеваа силни чувства, после кои со денови чувствував слабост и исцрпеност. Се појави несоница,  а за време на спиењето имав чудни сонови. Ми беше тешко да се дружам со другите, дури немав со кого да се дружам и целосно се затворив во себе. Се сеќавам еднаш како помислив дека повеќе ниту знам да разговарам со луѓето. Понекогаш бев многу емотивен за мали работи, што беше потполно спротивно на мојата природа.

Интуитивно почнав да сфаќам дека нешто ме попречува, но без знаење на суптилната димензија не знаев што да направам за да излезам од таа ситуација. Некое време престанав да земам дрога. Се насочив кон други форми на духовна пракса за кои читав на Интернет или во духовните книги, за да ми биде подобро. Понекогаш чувствував олеснување неколку дена, но симптомите секогаш се враќаа. Понекогаш ми се случуваше да не можам да се воздржам од земањето алкохол или марихуана и така ќе се вратев на старите навики.

4. Забави за уживање во животот

После дипломирање на факултетот немав повеќе пријатели, иако бев популарен во средно училиште. Сфатив што ми направија психоделичните дроги, но заклучив дека дека решението е во консумирање алкохол и уживање во забавите, за да го надополнам она што го изгубив на факултетот. Се поврзав со луѓе коишто претходно ги познавав преку Фејсбук и одлучив да одам на секоја забава за која што ќе слушнев. Во умот сакав да се оддалечам од она што станав на факултетот. Чувствував дека ова е најдобриот пат.

Неизбежно, почнав да користам тешки дроги како што е кокаинот, разни таблети и тогаш работите тргнаа надолу.

Иако на почетокот ми беше забавно, затоа што се беше ново, забавите набрзо престанаа и почнав одвнатре да се чувствувам празно. Не можев да сфатам дека нивото на среќа и задоволство веќе беше ниско, а опаѓаше уште повеќе.

5. Апсење

Во меѓувреме почнав да посетувам постдипломски студии. Всушност не се фокусирав на тоа. Бев повеќе насочен кон забавите. Многупати после консумирање на алкохол го возев автомобилот не размислувајќи за последиците. Еднаш ме уапсија поради возење во алкохолизирана состојба. Бев уплашен и збунет. Кога се враќав од затвор помислив дека тоа е само случајност и дека такво нешто повеќе нема да се случи. Во тоа време прв пат се сретнав со веб-сајтот на SSRF. Помислив дека содржината на Интернет страницата е интересна, но од некоја причина уште не беше вистинското време да започнам со духовна пракса.

Се обидов да се приберам после затворот и работите некое време навистина тргнаа на подобро. Се сеќавам дека во тој период бев посреќен, но не бев целосно уверен дека треба засекогаш да го оставам алкохолот. Неколку месеци подоцна, го посетив мојот роден град и се најдов со стариот пријател. Веднаш почнавме да пиеме, земавме дрога и почнав да лумпувам по забавите уште поинтензивно од било кога. Една ноќ додека возев пијан дома, повторно ме уапсија поради возење во пијана состојба. Во затворот во којшто бев приведен, се наоѓаа најголемите криминалци. Се сеќавам дека му ветив на Бога, дека повеќе никогаш нема да пијам алкохол ако ме избави од затворот. Меѓутоа, кога излегов надвор, повторно се вратив на старите навики

По наредба на судот, во мојот автомобил беше инсталиран апарат којшто го тестира алкохолот преку здивот пред возењето. Користев дроги за да го заобиколам апаратот или кога ќе пиев немаше да возам. Еднаш пиев со пријателите и помислив како можам да дувнам во апаратот, бидејќи поминаа неколку часа после пиењето. Отчитувањето на апаратот беше позитивно и тогаш сфатив дека судот којшто го следи мојот случај, ќе го види позитивното отчитување на апаратот кога ќе го рекалибрираат (апаратот се рекалибрира еднаш месечно и тогаш се гледа секое позитивно отчитување). Тогаш конечно сфатив дека морам да престанам да пијам и земам дроги.

6. Преобразба низ духовната пракса

Бев уплашен и во тој момент знаев дека морам да се променам. Одлучив, да престанам да пијам алкохол и да земам дрога. Тогаш повторно се сетив на веб-сајтот на SSRF. Помислив дека ќе биде добро да пробам да поработам на она што го пишува на сајтот, затоа што досега ништо друго не помагаше. Започнав со пеење на Божјото Име според религијата во којашто сум роден  и ја пеев пеаницата Шри Гурудев Дата неколку часа дневно. Тогаш имав работа која изискуваше да го возам автомобилот по градот, па така ја користев можноста да пеам додека возам. Увидов дека пеењето оди лесно и се повеќе успевав да ја контролирам желбата за алкохолот, што пред тоа не беше случај. За време на пеењето понекогаш чувствував како се случува духовно исцелување и сакав да го доживувам што повеќе.

Неколку месеци подоцна, судот ми одреди казна од пет дена затвор, поради позитивното отчитување на алкохолот. Помислив дека тоа е неправедно, бидејќи конечно одлучив да се променам. Продолжив со пеењето уште посериозно поради стравот од затворот и се она што може да ми случи во него. Една недела пред да заминам во затвор, се придружив на првиот SSRF сатсанг преку скајп. Се сеќавам како помислив дека трагачите на сатсангот делуваа многу охрабрувачки и беа пријателски расположени.

Кога отидов во затвор, почувствував дека некоја сила ме штити. Во затворот видов како затворениците се тепаат и расправаат. Мене никој не ме вознемируваше. Ми беше одредена затворска ќелија со стари затвореници иако имав 23 години. Повеќето од нив не сакаа да прават проблеми. Во затворот продолжив со пеењето и почувствував дека Бог ме заштитува. Дури од затвор ме пуштија два дена порано.

Кога излегов од затвор, чувствував дека благодарејќи му на Бога, имам нова можност во животот. Контактирав еден трагач од SSRF по пат на е-мејл и му поставив неколку прашања за духовната пракса. Продолжив со пеењето и еднаш неделно присуствував на северноамериканските сатсанзи. Трагачите коишто го водеа сатсангот многу ми помогнаа. Ми објаснија низ се што поминав и дека тоа беше попречување од негативните енергии и ми дадоа духовно решение за моите проблеми.

Со постојаното присуствување на сатсанзите, започнав и со други чекори на духовната пракса, како Служење на Вистината (сатсева),  отстранување на недостатоците на личноста, отстранување на егото, будење на духовната емоција, итн. Забележав дека проблемите полека почнаа да исчезнуваат. Немав повеќе желба за алкохолот и забавите. Несоницата исчезна и со луѓето разговарав лесно и едноставно без да земам алкохол и дрога.

Ми се чинеше дека што повеќе вршев духовна пракса, повеќе можев да доживеам среќа и Блаженство.

7. Посета на SSRF духовниот центар

Во јули 2011. година, прв пат добив можност да го посетам SSRF истражувачкиот центар во Индија. Тоа искуство во мене остави голем впечаток. Искуството не може да се искаже со зборови. Сериозно се трудев во процесот за отстранување на личните недостатоци и егото, што е неопходен дел од нашата духовна пракса. Почнав да се трудам и во ширењето на Духовноста како што ни е речено и секој пат после тоа имав длабоко чувство на Блаженство, коешто не можам да го опишам со зборови.

Следната можност за патување во SSRF истражувачкиот центар ја имав во јануари 2012. година. Можев да останам повеќе време. Тогаш во потполност запливав во духовната пракса според осумте аспекти на патот на милоста на Гуруто (Гурукрупајога) и почувствував дека се менувам полека одвнатре.

Во една прилика, еден трагач ме запраша што ме доведе овде во SSRF, па му раскажав низ се што поминав. Додека зборував почувствував леснотија и некоја позитивна енергија како зборува преку мене. На крајот, трагачот рече дека тоа се случило само благодарејќи на Бога. Му бев благодарен на Бога за се што направи за мене. Во тој момент се расплакав и почувствував како одвнатре ме исполнува златна светлост. Тоа беше моето прво искуство со манифестирана духовна емоција.

После неколку месеци во SSRF истражувачкиот центар, започнав со молитви за предавање на Бога. Прв пат кога ја направив молитвата за предавање, го предадов на Бога своето тело, умот и интелектот на суптилно ниво. Буквално го почувствував предавањето. Почувствував како ме исполнува сноп од златна светлина. Се сеќавам дека тоа чувство во мене беше подолго време, а молитвите цела недела се одвиваа со сличен интензитет. Му кажував на Бога дека не знам ништо, не можам ништо и дека немам ништо. Го молев да ме научи како да вршам духовна пракса. За време на молитвите ќе ја загубев свеста за телото. После ќе почувствував како солзи од духовна емоција ми течат низ лицето.

Молитвите оставија трајна импресија во мојот ум и развија желба повеќе да се трудам во духовната пракса. Дури и изгледав поинаку. Мојата потреба за духовно исцелување се намали. Кога се вратив во САД, се осеќав како да сум друг човек. Имав поголем фокус и желба за духовната пракса. Чувствував поврзаност со Бога, каква што ја немав пред заминувањето во SSRF центарот за духовни истражувања. Одвнатре знаев дека Бог навистина ги слуша моите молитви.

Добив и трета можност да го посетам SSRF центарот за духовни истражувања во декември 2013. година. Тогаш останав три месеци. Оваа посета се разликуваше од претходните. Додека претходната посета, како што ми се чинише, беше поврзана за развој на духовната емоција, овој пат беше за отстранување на егото. Бог ме ставаше во разни ситуации, коишто ми беше тешко да ги прифатам. Непрестано се молев и одржував комуникација со Бога за да останам стабилен. Навистина, Бог тогаш ми даде способност да ги прифатам ситуациите и вршеше духовна пракса преку мене.

8. Време на промени

Една од позитивните работи коишто ми се случија на ова духовно патување е тоа што се оженив со трагачка. Таа е понапредна трагачка и има попречувања од негативна енергија, така да отстранување на егото кај мене се одвиваше во голем дел низ прилагодување на ситуациите во коишто таа имаше зголемени попречувања. Многу научив за себе, како треба да се менувам низ таквите ситуации. Се уште учам.

По враќањето во САД се уште минувам низ процесот на отстранување на егото. Тој процес сега веќе има позитивно влијание врз мене. Личниот дефект на лутина кој што го имав откако знам за себе, почна да ослабнува. Сега веќе можам да се прилагодам на другите и севкупно сум повеќе позитивен и тогаш кога работите не се одвиваат по мојата волја.

Кога ќе погледнам наназад кој бев на почетокот на духовната пракса, можам да кажам дека поминав долг пат од несреќен човек фатен во тамасик активности до позитивно лице кое што обавува духовна пракса. Таквата трансформација е можна само со Божјиот благослов. Ако некој може да направи толку погрешни одлуки како мене и после тоа да добие Божји благослов, чувствувам дека тоа го може секој. Се молам, за сите оние, коишто го читаат овој напис, па дури и оние коишто се наоѓаат во тешки ситуации од коишто мислат дека нема излез, да започнат духовна пракса за да го спознаат Бога. Со духовна пракса ќе можат да ја надминат судбината, недостатоците на карактерот и егото, да доживеат Блаженство, што јас го доживувам секојдневно. Искрено му се заблагодарувам на Бога што ме промени.

– Г-дин Ауритрио Малик, САД