1. Придобивки од пеењето според духовната наука
1.1 Пеењето делува како духовна терапија
Одредени пеаници се поврзани со одредени органи во нашето тело. Пеењето може да ги отстрани пречките во работата на органите ако тие по својата природа се духовни. Одредени фреквенции кои се јавуваат како резултат на пеењето помагаат да се отстранат ненормалните, неприродните и непропорционалните фреквенции кои се јавуваат во заболените органи. За повеќе детали видете го делот пеаници за здравје.
1.2 Со пеењето се надминува судбината
Јачината на судбината се намалува и таа станува поднослива кога редовно го повторуваме Божјото Име. Исто така со пеењето можеме да ја надминеме својата натрупана сметка на судбината.
Да се намали влијанието на судбината на нас и да постигнеме побрз духовен напредок препорачуваме пеење на Божјото Име според религијата на раѓање.
1.3 Со пеењето се надминуваат проблемите со суптилните тела на предците
Во денешно време, со оглед на тоа дека многу луѓе не вршат соодветни ритуали за своите преминати предци, доживуваат проблеми кои ги предизвикуваат незадоволните суптилни тела на нивните преминати предци. Неможноста за склопување на брак, несогласување меѓу брачните партнери, неможност за зачнување, абортуси, тешкотии во учењето, итн., се некои од проблемите предизвикани од незадоволните предци.
За да се заштитите од проблемите кои ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци, препорачуваме пеење на заштитната пеаница ‘Шри Гурудев Дата’. Подетални упатства можете да најдете во нашиот напис: Што можам да сторам да се заштитам од проблемите со суптилните тела на преминатите предци?
1.4 Пеењето врши прочистување на просторот
Поради енергиите креирани од пеењето, просторот во кој живееме (васту) се прочистува. Ако чувствуваме вознемирувачки енергии во просторот треба да се посоветуваме со некој кој има развиено шестото сетило или суптилно перципирање. Така можеме да добиеме совет кое Име треба да повторуваме за прочистување на просторот. Ако тоа не е можно, треба да го пееме Името според религијата во која сме родени, 20-60 минути, во зависност од јачината на вознемирувањето.
1.5 Пеењето ги отстранува проблемите предизвикани од негативните енергии
Поради влијанието на негативните енергии во животот постојано се среќаваме со физички или ментални проблеми или разни препреки. Иако однадвор ни се чини дека причините за овие проблеми се физички, психолошки или световни, вистинската причина се негативните енергии. Кога доживуваме такви проблеми, без оглед на тоа што се преземаме на грубо ниво, не можеме во потполност да ги надминеме проблемите. Тоа е исто како што маларијата не може да се излекува со лек против грозница, туку е потребен лек кој има способност да ги убива бацилите на маларијата. Негативните енергии прават препреки во духовната пракса на трагачите, па трагачите не ги добиваат посакуваните плодови од својата духовна пракса. Кога го пееме Божјото Име, тоа привлекува кон нас одреден Божествен Принцип и не заштитува од негативните енергии.
Во денешно време, се до 2025. година, најактивен Божји Принцип е Шри Кришна така да треба да пееме ‘Ом Намо Багавате Васудеваја’ два часа дневно.
1.6 Со пеењето може да се избегне тагата
А. Главната причина за тагата е нашата врзаност за разни работи. Со пеењето во нас се развива Богољубие и нашата врзаност за материјалните работи се намалува, тагата се губи и доживуваме се повеќе блаженство.
Б. Сигурно ќе доживееме среќа преку повторувањето на Божјото Име, затоа што Бог секогаш е блажен.
1.7 Стекнување на натприродни моќи (сидии) со пеењето
Сидиите се натприродни моќи кои се добиваат со духовната пракса. Одредено пеење ни овозможува да завладееме со одреден Божји Принцип и соодветно на тоа, со одредени натприродни моќи. На пример, со пеење на Името на Божеството на Сонцето ќе завладееме со Апсолутниот елемент на Огнот (Теѓ) и така топлината нема да влијае на нас. Сидиите се пропратен ефект и не се цел на духовната пракса.
1.8 Придобивки дури и после смртта
Со постојано пеење се креира центар на Богољубие во потсвесниот ум. Во моментот на смртта тој го следи суптилното тело. Со тоа пеењето може да продолжи дури и после смртта. Тоа нас не заштитува во текот на периодот после смртта и помага да добиеме засилувачка енергија во суптилните региони на постоењето.
2. Придобивки од пеењето во однос на духовната пракса
2.1 Во текот на пеењето се јавува сеќавање на Бога и медитација
Додека пееме со својот ум повикуваме во сеќавање на Бога и затоа пееме. Во текот на пеењето природно се јавува сеќавање на Бога (медитација).
2.2 Со пеењето развиваме интровертен став
Со развивањето на интровертниот став, ако сме биле екстровертни, значи дека духовно напредуваме. Нашето тежнеење кон материјалниот свет значително се намалува и се продлабочува во себе. Тоа ни помага да развиваме интровертен став кој ни користи во духовната пракса.
2.3 Пеењето е совршена духовна пракса
Комплетна духовна пракса е онаа која е во согласност со функционирањето на телото и умот. Пеењето е една таква совршена духовна пракса. Може да ја работи било кој, било каде и во било кое време. Затоа е одлично средство со кое се тргнува кон природна состојба на комуникација со Бога (сахајаваста). Таа состојба се јавува кај лицата чие пеење се одвива длабоко во потсвесниот ум, и преку кое тие достигнуваат трајна поврзаност со Божјиот Принцип.
2.4 Со пеењето се развива вера и духовна емоција
Постојаното повторување на Божјото Име потпомогнато со верата во Името, нам ни донесува духовни искуства. Доховните искуства кои ги добиваме по пат на пеење ја зголемуваат и зацврстуваат нашата вера и посветеност. Кога имаме вера дека Божјото Име ќе ни даде се, тогаш почнуваме да пееме со интензивен копнеж за Него и духовната емоција се развива побргу.
2.5 Пеењето без очекување ги разградува заслугите
Кога пееме без очекување дека ќе добиеме световни придобивки, во нас се развива духовна емоција и поради љубовта кон Божјото Име се повеќе го достигнуваме Бога. Поради неизмерното блаженство кога доживееме Богоспознание, сите наши заслуги се разградуваат, затоа што во таа фаза нас дури и заслугите не спречуваат да постигнеме Конечно Избавување. Видот на посветување кое го чувствуваме во оваа состојба донесува придобивки на нас и на сите околу нас.
2.6 Пеењето ги отстранува гревовите
Пеењето има неверојатна сила да поништи безброј гревови. Обично се вели дека човек не може да направи грев кој Божјото Име не може да го поништи.
Неговата Светост Кане Махараѓ од Нарајангаона, Махараштра, Индија, за елиминирањето на гревовите со пеењето го рекол следново: “Гревовите направени во периодот пред да почнеме со пеењето се поништуваат. Гревовите кои ги направиме кога веќе сме започнале со пеење остануваат додека не почнеме поново да пееме. Ако не почнеме поново да пееме, тогаш мораме да поминеме преку последиците од гревовите кои сме ги направиле“.
Пеењето ги неутрализира гревовите кои сме ги направиле несвесно. Сепак, тоа не може да ги неутрализира гревовите кои сме ги направиле свесно.
Пеењето е помоќно од покајанието за надминување на гревовите, затоа што кај покајанието за гревовите се поништуваат, но ставот да правиме гревови останува. Кага кај нас се развие интензивна мотивација за Конечно Избавување, тогаш желбата за правење гревови исчезнува и гревовите се поништуваат.
2.7 Пеењето ја трансформира акцијата во не-акција
Во секоја трансакција, и покрај педантниот труд да се намали сметката на давање и земање, речиси е невозможно да изведеме точна размена. Накратко, сметката на давање и земање продолжува да постои. Да го избегнеме тоа важно е да настане не-акција (акарма-карма). Секоја акција која ја вршиме додека го повторуваме Божјото Име станува не-акција (акарма-карма). Таа не создава ниту заслуги ниту гревови. Следствено на тоа, го завршуваме доживувањето на судбината и забрзано достигнуваме ослободување од циклусот на раѓање и умирање.
2.8 Пеењето го прочистува потсвесниот ум и така го прави погоден за прием на духовното знаење
Како што е невозможно да имаме добра жетва ако претходно не сме ја изорале нивата и ја направиле погодна за жетва, исто така и духовното знаење не може да навлезе во суптилното тело додека тоа не е прочистено.
2.9 Духовниот напредок се забрзува поради пеењето
Многу луѓе стагнираат во духовната пракса после добивањето на духовни искуства како што се визии на разни бои, визии на светлина или слушање на различни звуци. Негативните енергии исти така можат погрешно да ги водат луѓето, затоа што немаат доволно заштита од Бога. Пеењето на Божјото Име ги заобиколува сите тие искуства и не води директно до Бога.
2.10 Го разградува егото
Како што прочистениот путер се топи кога е близу до оган, егото исто така се разградува со “огнот“ на пеењето.
2.11 Благодетта на Гуруто се добива со пеење
Голема среќа е да добиеме совет од Гуруто за тоа кое Име треба да пееме, но дури и да не наидеме на Гуруто, треба да продолжиме со пеењето. Само пеењето ќе не однесе до Гуруто.
2.12 Со пеењето можеме да се соединиме и со Божеството чие Име го пееме
Со пеењето можеме да се соединиме со Божјото Име или Божеството чие што Име го повторуваме. Кога овие три станат едно, тогаш се достигнува состојба на не подвоеност.
3. Заклучок
Пеењето ги отстранува сите духовни бариери во нашиот живот и се грижи за нас после смртта.
Пеењето е единствена духовна пракса која можеме да ја вршиме постојано. На пример, не е можно да седиме во медитација, присуствуваме на часови по јога, пееме Богољубиви песни, да одиме на аџилак, итн., 24 часа дневно. Да пееме можеме дури и кога вршиме дневни активности додека се грижиме за домот, децата, работата, итн. Ако сакаме да се споиме со Бога треба да вршиме постојана духовна пракса која со ништо не е ограничена. Тоа можеме да го постигнеме само со пеење.
Пеењето исто така го прочистува нашиот потсвесен ум и ги уништува нашите заслуги и гревови од овој и минатите животи, тоа го прави возможно достигнувањето на ослободување од циклусот на раѓање и умирање. Тоа го разградува нашето его и ни ја развива верата и посветеноста од кои имаат корист и сите околу нас.