Од својата дванаесетта година сум зависна од џвакање тутун. Сега имам седумдесет и три години. Џвакав цела кесичка тутун (околу десет грама) за еден или два дена. Ниту пет минути не можев да издржам без џвакање тутун. Колку и да се обидував да ја надминам оваа навика, не успевав. Многу доктори ме советуваа да се откажам од оваа навика, бидејќи постоеше опасност да добијам рак на усната шуплина, но јас ќе речев “Дури и по цена да добијам рак на усната шуплина, не можам да се откажам од џвакањето”.
Духовна пракса започнав со пеење на Името на моето семејно Божество, и посебната заштитна пеаница “Шри Гурудев Датта” од 1997-ма година, според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Меѓутоа, мојата зависност од џвакање тутун не престана. Во 1998-ма година, дојдов во истражувачкиот центарот (ашрам) на SSRF, каде имав прилика како дел од својата духовна пракса да обавувам Служење на Апсолутната Вистина (сатсева) т.е. да му служам на Бога. Служев во кујната. Таа година, на еден религиозен фестивал, бев толку обземана во подготовките и чувство на служење, што не забележав ниту кога пројде денот. Навечер, имав чувство дека нешто ми недостасува. Кога во главата ќе почнев да ги превртувам настаните од истиот ден, ќе сфатев дека во текот на целиот ден, јас воопшто не џвакав тутун, ниту ми текнало за тоа. Во истиот миг, одлучив дека повеќе нема да допрам тутун. Од тогаш, мојата четириесет и пет годишна зависност, престана. Благодарение на духовната пракса според советите на SSRF, зависноста исчезна без било каков посебен труд.
– Г-ѓа Анапурна Амборе