Содржина
- 1. Вовед во истражувањето во случајот на прејадување
- 2. Навиката на Пратик за прејадување
- 3. Дијагноза на суптилното одделение во SSRF за прејадувањето на Пратик
- 4. Предлог од SSRF за лекување на прејадувањето на Пратик
- 5. Која е духовната причина за прејадувањето? Како некој по пат на интелектот може да утврди дека причината за прејадувањето е од духовна природа?
- 6. Што може да се направи за да се намали прејадувањето, ако причината е од духовна природа?
1. Вовед во истражувањето во случајот на прејадување
Ова истражување на случајот е за тинејџерот којшто се прејадуваше. Лицата коишто се прејадуваат, јадат неконтролирано дури и тогаш кога физички не се гладни. Многу време размислуваат на храната и јадењето. Прејадувањето обично доведува до зголемување на тежината и дебелината, но не се прејадуваат сите луѓе што се дебели, како што не сe прејадуваат и сите оние кои се дебели.
2. Навиката на Пратик за прејадување
Во јули 2003. година, на тринаесетгодишна возраст, навиките на Пратик во врска со исхраната, видливо почнаа да се менуваат за време од еден месец. Количината на храна што ја земаше, енормно се зголеми и почна да јаде преку цел ден. После обилниот појадок тражеше уште храна. Во почетокот јадеше нормално за своите години, но почна да јаде речиси повеќе од двојно од нормалното. Понекогаш стануваше и среде ноќ да јаде. Во почетокот, додека мајка му и баба му беа загрижени поради оваа ненадејна промена, остатокот од семејството тоа го игнорираше, бидејќи тоа го препишуваа на фактот дека тој е тинејџер којшто расте и тоа е нормално.
Баба му на Пратик љубезно се обидуваше, а по некогаш и строго да му укаже на неговата навика за прејадување. Многу пати се обидуваше да го дисциплинира, да јаде онолку колку што му е потребно за неговата возраст. Тој се обидуваше искрено да послуша, но на крај пак се предаваше на својата желба да јаде. Еднаш рече, “Не можам да го сопрам прејадувањето, иако знам дека тоа не е во ред. Само штом ќе видам храна или помислам на неа, не можам да се контролирам”. Мајка му даваше се од себе да ја намали неговата навика за прејадување. Бидејќи сите обиди да го вразуми пропаднаа, конечно таа одлучи да ја крие храната од него.
Како што минуваше времето, на целото семејство му беше јасно дека неговото јадење навистина не е нормално. Пратик се вознемируваше кога ќе слушнеше како другите зборуваа за неговото прејадување, но и понатаму не можеше да се контролира. Тогаш почна да јаде кришум. Ова уште повеќе ги вознемири мајка му и баба му и чувствуваа дека се беспомошни во совладување на проблемите на Пратик. Пратик се здебели околу 12 кг. за една година.
Уште една работа која се промени е тоа што Патрик седеше и го пееше Божјото Име, но откако почна да се прејадува, престана да врши било каква духовна пракса.
3. Дијагноза на суптилното одделение во SSRF за прејадувањето на Пратик
Околу една година од неговата навика за прејадување, тетка му на Пратик г-ѓа Маја Патил, дојде на гости. Таа е во одделението за восприемање на духовната димензија во Фондацијата за Истражување засновано на духовната наука (SSRF). Кога ја виде постојаната потреба на Пратик за храна, сфати дека нешто не е во ред. Кога направи суптилно читање, те. духовно восприемање, и кажа на мајка му, дека проблемот е од духовна природа. Преминат предок од нивното семејство го предизвикуваше прејадувањето.
Точката 5 во овој напис, ја објаснува оваа духовна причина во детали. Исто така видете го нашиот напис за тоа – ’Што е духовно истражување’.
4. Предлог од SSRF за лекување на прејадувањето на Пратик
Кога беше направено суптилното читање, се виде дека храната којашто тој ја јадеше, всушност тој не ја искористуваше. Му беше даден совет да ја користи следнава молитва.
“Те молам да земам храна само според потребата и желбата на Пратик. Ниту еден дух да не ме користи како медиум за задоволување на своите желби за храна.”
Заедно со ова, исто така му беше советувано да продолжи со својата духовна пракса Пеење на Божјото Име. Пратик ова искрено го примени со моментални ефекти. Веќе тоа попладне навиката за прејадување се намали за 50%. Во наредните два дена, дојде до намалува за уште 30%. По прв пат после многу месеци, Пратик се чувствуваше заситен после јадењето и неговата потреба за храна се намали. За 4 дена неговото ненормално земање на храна во целост исчезна.
5. Која е духовната причина за прејадувањето? Како некој по пат на интелектот може да утврди дека причината за прејадувањето е од духовна природа?
Духовното истражување за причината за прејадувањето и зависноста од храна повремено го покажува следното:
Ако немаме пристап до суптилното знаење, а ако претходно ги имамеме елиминирано физичките и психолошките причини за прејадувањето, можеме со сигурност да заклучиме дека причината за прејадувањето најверојатно е од духовна природа. Кога духот, или преминатиот предок почне да јаде преку лицето коешто го опседнал, лицето може да стане лакомо.
Следново, исто така, треба да се има на ум:
- Навиката која може да започне од физички, или психолошки причини, предците или духовите можат да ја искористат за себе. Така да на крај тоа станува проблем со духовна причина.
- Дури и ако навиката за прејадување настане после духовната причина, физичките и психолошките фактори, исто така, можат да бидат присутни. На пример, лицето може да биде опседнато од преминат предок којшто ја користи својата сметка на земање и давање со потомокот за да ја задоволи својата желба за храна. Опседнатото лице може да има тумор на мозокот, или може да биде депресивно, така што тие фактори го предизвикуваат прејадувањето. Депресијата може да постои и пред прејадувањето, или може да се појави поради фрустрациите поради неможноста да се надмине прејадувањето, или поради стресот предизвикан со тоа што луѓето зборуваат за прејадувањето на лицето, или да резултира во последична угоеност.
- Понекогаш духовната причина, како што е опседнатоста од преминат предок, може да се случи преку физичката или психолошката причина. На пример, преминатиот предок којшто сака да ја достигне конечната цел за јадење преку својот потомок на Земјата, може да почне така што лицето ќе го направи депресивно. Подоцна, преминатиот предок ја користи депресивноста да предизвика прејадување. Ова се работи со цел да тоа лице и членовите на семејството не сфатат дека се случува нешто необично.
Доколку лицето не е свесно за овие детали, нема знаење за духовната димензија и активно шесто сетило, може лесно да постави погрешна дијагноза дека проблемот е од физичка или психолошка природа.
Повеќето промени во навиките на исхраната се постепени, затоа што духот не сака да привлече внимание. Исто така, може да се случи ненадејна промена во навиката на исхраната. Ако лицето кое сака незачинета храна ненадејно ја промени навиката на исхраната и почувствува желба за зачинета храна, тоа може да биде добар доказ дека причината за оваа промена е од духовна природа. Многу често, дури и лицето коешто не е голем љубител на храна, може повремено да биде искористено од страна на некој дух, или преминат предок.
5.1 Зошто некои опседнати луѓе не се дебелат и покрај прејадувањето?
Во некои случаи опседнатите луѓе не се дебелат и покрај прејадувањето. Пратик се здебели. Ако духот ги користи Апсолутниот Космички Елемент Земја (Прутви-татва) и Апсолутниот Космички Елемент Вода (Апа) да јаде храна преку лицето, генерално тоа ја зголемува тежината на лицето. Ако ентитетот којшто го опседнува лицето е по моќен, може да го користи Апсолутниот Космички Елемент Оган (Теѓ-татва) за да јаде храна преку лицето, тогаш лицето и покрај прејадувањето не се здебелува. По моќните ентитети можат да ги користат Апсолутниот Космички Елемент Земја или Апсолутниот Космички Елемент Вода ако сакаат да го опседнат лицето. Ентитетот којшто опседнува избира кој Апсолутен Космички Елемент да користи според тоа, како сака да го мачи лицето коешто го опседнува.
6. Што може да се направи за да се намали прејадувањето, ако причината е од духовна природа?
Мерките за духовно исцелување се единствен начин да се намали прејадувањето, каде што причината е од духовна природа. Ако се претпостави дека причината е духовна, тогаш можат да се применат следниве мерки за духовно исцелување:
- Примена на Свет пепел. (Вибути)
- Прскање на Света вода (Тирта) врз сета храна што ја јадеме, како и врз себе, како и пење Света вода.
- Изговарање на специфични молитви за да се намали прејадувањето, како што правел Пратик.
- Треба да се започне со пеење на Божјото Име. Заедно со ова, се препорачува пеење на заштитната пеаница за заштита од преминатите предци.
Дури и ако прејадувањето на изглед има физичка или психолошка причина, тоа сепак всушност може да исчезне покрај духовната причина. Најдобро е да се применат сите третмани на физичко и психолошко ниво, заедно со претходно споменатите духовни третмани.
Наведеното истражување укажува на значењето на суптилното знаење за добивање на точни и брзи дијагнози на проблемите. Во случајот на Пратик, кога не би го посетила тетка му со активно шесто сетило и не кажала дека проблемот е од духовна природа, би поминал со години борејќи се со проблемот на прејадување и би добивал медицински и психијатриски совети, со ограничени придобивки за него. Ова би довело до губење на многу време, труд и пари, да би дошло до ограничено, или никакво решение на проблемот. Случајот, исто така, покажува на значењето на редовната духовна пракса од перспектива на:
- Спречување и ограничување на влијанието на негативните духовни причини.
- Пристап до суптилното знаење, или барем пристап на оние коишто имаат суптилно знаење.
- Обезбедување навремено и целосно лечење на проблемот, ако всушност истиот е излечив.