Духовни последици од пиењето чај во кревет (пред миење на забите)

1-MKD-Bed-tea-landing

Препорака за нашите читатели: За подобро разбирање на овој напис, ве молиме подобро да се запознаете со темите: Што е суптилен цртеж и Сатва раѓа и тама  – три основни суптилни компоненти во Универзумот.

1. Вовед

Веднаш после будењето многумина имаат навика да пијат чај, или кафе во креветот, и не можат без тоа задоволство. Донесување појадок на партнерот во креветот се смета за многу романтично. Треба да се сетиме дека секоја наша акција има потенцијал да привлече духовна позитивност, или негативност во нашите животи. Спроведувањето на духовното истражување на оваа навидум неважна, но вкоренета навика фрли сосема поинаква светлина на оваа навика.

2. Како спиењето влијае на усната шуплина

Кога човек спие, поради опуштеноста на телото, доаѓа до пораст на суптилната тама компонента. Во тој период, бидејќи наша духовна пракса е намалена во сонот, за време на сонот духовно сме најранливи. Во ноќта доминира тама, и негативните енергии се повеќе активни отколку во другите делови од денот. Како резултат на тоа, додека спиеме повеќе сме подложни од влијанието на духовите и негативните енергии .

Усната шуплина е посебно заситена со тама вибрациите затоа што таа е нај сродна со Апсолутниот космички елемент на Водата. Апсолутниот космички елемент на Водата има способност да впие максимум негативни тама вибрации. Затоа после спиењето за време на ноќта, се создава висока концентрација вознемирувачки тама вибрации во усната шуплина што доведува и до непријатен здив.

3. Какви се духовните последици кога пиеме чај во креветот (пред миењето на забите)

Бидејќи во усната шуплина после станувањето наутро преовладува негативната енергија, се што се внесува во тоа време исто така се впива суптилната тама компонента. На цртежот заснован на духовното знаење се прикажани разни суптилни негативни вибрации кои што се присутни кога се пие чајот. Покрај другото, во чајот преовладува раѓа-тама компонентата што дополнително ги зголемува негативните вибрации. Секогаш кога се зголемуваат вознемирувачките тама вибрации доаѓа до зголемена изложеност на влијанието од духовите.

2-MKD-Bed-tea-subtle-picture

Овој цртеж заснован на духовното знаење го нацрта Пријанка Лотликар, користејќи го развиеното шесто сетило. Автентичноста на цртежот ја потврди Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле. Со духовното истражување со високо развиеното шесто сетило е утврдено дека цртежот е точен 80%.

Ве молиме да ја видите табелата која што следува со описите на разните елементи на сликата.

1. Привлекување проток од негативни енергии кон чајот затоа што раѓа-тама е преовладувачка
1 A. Создавање прстен од негативна енергија која се врти во активна состојба
1 Б. Ширење бранови од негативна енергија во околината
2. Создавање прстен од илузорна (Мајави) енергија и нејзино понатамошно движење во активна состојба​
3. Привлекување проток од негативна енергија кон лицето
3 A. Создавање прстен од негативна енергија во интелектот која тогаш продолжува да се врти во активна состојба
4. Создавање прстен од негативна енергија во усната шуплина
4 A. Негативната енергија влегува во телото
4 Б. Создаден е прстен од вознемирувачка енергија. Тој се врти во активна состојба и емитува концентрични кругови од негативна енергија во телото
4 Ц. Ширење активни честички од негативна енергија преку телото во околината
4 Д. Ширење бранови од негативна енергија преку телото
5. Дебела обвивка од негативна енергија е создадена околу телото

Медицинските форуми и стоматолошките авторитети кои што ги изнесуваат своите ставови на интернет, се поделени по прашањето за миењето на забите пред, или после појадокот. Меѓутоа од духовна перспектива, миењето на забите и плакнење на устата ги намалува негативните тама вибрации насобрани во текот на ноќта во усната шуплина. Од таа причина препораката е да јадеме, или пиеме било што дури после утринското миење на забите.