1. Вовед
Многу луѓе се одушевени од концептот на мантрата и често ја користат како синоним за пеењето на Божјото Име. Како и двата концепта се засновани на повторување букви, зборови или реченици, лесно можеме да ги замениме. Сепак од гледна точка на духовната наука, тие во многу нешта се разликуваат и во овој напис ќе ги споредиме пеењето на Божјото Име и повторувањето на мантра.
2. Дефиниција за мантрата
Постојат многу дефиниции за зборот мантра кои ги објаснуваат нејзините различни нијанси. Генерално зборувајќи, мантрата е слог, звук, збор или збир на зборови кои ја претставуваат духовната стварност или еден аспект на Бога. Со повторувањето на мантра можеме да се заштитиме или да постигнеме некоја сакана цел. Во текот на повторувањето на мантрата мораат да се почитуваат одредени правила, ограничувања и прописи. Тоа е важен аспект за мантрата и Духовниот Пат на повторување на мантрата (Мантрајога)
3. Дефиниција за пеењето на Божјото Име
Пеењето е едноставно повторување на Божјото Име. Кога се спореди со повторувањето на мантра, пеењето не тражи следење на било какви правила, ограничувања или прописи и може да се врши било каде и било кога. Целта на пеењето на Божјото Име е духовен раст со впивање на Божествената енергија, која е содржана во Божјото Име. Воедно е и моќно оружје да се заштитиме од негативните енергии кои ни прават препреки на духовниот пат.
Во табелата која следува ги споредивме пеењето на Божјото Име и повторувањето на мантра.
Споредување на пеењето на Божјото Име и повторување на мантра
Аспект | Пеење на Божјото Име | Повторување на мантра |
---|---|---|
1. Дали е потребно повторување? |
Да |
Да |
2. Треба да постои одлука (Санкалп1) |
Не е потребна |
Потребна2 |
3. Ритуали како жртвени огнови, и слично |
Не се изведуваат |
Се изведуваат |
4. Броење колку пати се повторува |
Не е потрбно да се брои |
Потребно е да се брои, затоа што повторувањето е засновано на квантитетот. Нема придобивки ако не се брои3 |
5. Мотив |
Со или без очекувања (Сакам/Нишкам) на одреден исход |
Со очекувања (Сакам) да добиеме заштита, да го победиме непријателот или да стекнеме над природни моќи (Сдии); или без очекувања (Нишкам). |
6. Духовен учител (Гуру) иницира (Дикша) |
Во случајот на пеењето на Божјото Име, силата е во Божјото име, не е потребно Гуруто да го иницира |
Мантрата бара Гуруто да ја иницира затоа што нејзината сила е во Санкалпот или одлуката на Гуруто. Начинот на изговарање на мантрата е посебен и го дава Гуруто. |
7. Ритуални правила и ограничувања |
Не постојат |
Постојат. Примери за ритуални правила се “бањање пред пеењето на мантрата, јадење овошје, пиење млеко, итн. после одреден број на повторени (Ануштан) мантри“. Воздржување од јадење на месо е исто така е едно ограничување. |
8. Значење на правилно изговарање |
Не е од голема важност |
Придобивка се стекнува единствено ако изговорот е точен |
9. Време на пеење |
Било кога; не постои временско ограничување |
Во одредено време, на пимер ефектот од Гајатри мантра е поголем кога се повторува во самнувањето и во самракот. |
10. Место на пеење |
Било каде, дури и во просториите кои не се сатвик, на пример бањата |
Само на духовно прочистени места, на пример: дома, покрај река, во стајата каде се држат кравите, на места каде се изведуваат ритуални огнови, на местата за аџилак, пред идолите на Божествата. |
11. Можност од штета |
Не постои |
Може да биде штетна4 ако се изговара неправилно. |
Фосноти:
- Погледнете го написот кој објаснува што е тоа Санкалп како една од моќите во Универзумот.
- На интернет или во разни книги наидуваме на мантри кои се препорачуваат за да се постигне некоја одредена цел. Така ќе избереме некоја мантра за да добиеме од неа некоја придобивка. Сепак, ако Светец или Гуру не ни ја препорачал таа мантра, придобивки од неа нема да има или таа е ограничена.
- Разни мантри е потребно повторување одреден број пати за да добиеме одредена придобивка (на пример: 108, или 1080 пати итн.). Ако не броиме колку пати ја повторуваме, нема придобивки.
- Ефектот од секоја мантра се чувствува поради еден или комбинација од основните Апсолутни космички елементи (Панчататва). Ако мантрата не се повторува како треба или ако се повторува како некому се допаѓа, може да дојбе до повреда по пат на тој космички елемент. На пример, ако мантрата е поврзана со Елементот на Апсолутниот Оган (Теѓ татва) се повторува според својата волја, може да дојде до зголемување на топлината во телото која може да оштети некои телесни функции или органи.
4. Пеењето е најпогодна духовна пракса за времето во кое живееме
За секоја ера Бог пропишува одредена духовна пракса која е погодна за таа ера. Животот што го живееме денеска многу се разликува од времето кога луѓето ги повторувале мантрите и се држале до сите правила, ограничувања и прописи кои биле неопходни за да се постигне благосостојба. Поради денешниот брз начин на живеење и другите фактори, а еден од нив е духовно нечистата средина околу нас, постои ограничување колку духовно може да се расте кога се врши духовна пракса по Патот на Медитација (Дјанјога), по Патот на обредно Богослужење (Кармаканда) итн. Поради тоа, Светците и духовно возвишените лица препорачуваат пеење како најпогоден пат за духовна пракса за ерата во која живееме (Калијуга), затоа што тоа е во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса и помага брзо да напредуваме духовно.
5. Заклучок
- Како и пеењето на Божјото Име и пеењето мантра се засновани на повторување букви, зборови, мантри или реченици, лесно можеме да ги замениме. Сепак, овие две патеки по многу нешта се разликуваат. Највоочлива е разликата во повисоките ограничувања во случајот на повторувањето на мантрата.
- И пеењето на Божјото Име и повторувањето на мантра ни го отвораат патот на духовниот раст. Сепак, пеењето на Божјото Име е најпогодна духовна пракса за ерата во која живееме.
- Доклоку Светец или Гуру не ни дал некоја одредена мантра, во тој случај SSRF препорачува пеење на Божјото Име како духовна пракса која ќе ни помогне брзо да напредуваме духовно.